Се сеќавате ли на македонскиот бисер кој na 7 години стапна во Ла Масија? Истото дете успеа да ги освои срцата и на италијанските тренери кои одлучија да го испратат на уште еден камп на Старата дама овој пат во Белград. Гранде Рене.
130 деца веќе четврти ден по ред се калат во Ѓорче Петров со тренери на најтрофејниот италијански клуб. Разговаравме со нивниот главен тренер Рафаеле Армароли кој ни ги објаснуваше методите на работа на Јувентус, а истакна и едно 14 годишно девојче кое најмногу му оставило впечаток.
Со звуците на химните на Италија и Македонија, а потоа и на Јувентус, најтрофејниот италијански клуб го отвори првиот камп во Македонија. 100 деца ќе имаат привилегија да учат како се игра фудбал од светскиот гигант.
Од 2-ри до 7-ми април годинава, Македонија за прв пат во историјата ќе има привилегија да го нагости 35 кратниот шампион на Италија кој ќе одржи камп на стадионот „Македонски лавови“ во населба Хром. Отворен е за деца од 5 до 17 години. Бројот на учесници е ограничен.