Икарди, Дибала, Мертенс, Игуаин, Џеко. Најквалитетните голгетери во Серија А не можат сезонава со гол машината на Лацио кој руши рекорди и го држи тронот со 24 гола. Во Европа е петти стрелец на сите натпреварувања со 34 комада и само три гола зад Кристијано Роналдо.
Фудбалската династија Алонсо го има и третиот претставник кој ќе го носи дресот на репрезентацијата - Маркос Алонсо, левиот бек на Челси којшто доби повик од селекторот на Фуријата, Лопетеги.
И новиот селектор на Италија Џиџи Ди Бјаџо, исто како и неговиот претходник Вентура не се решава на список да го стави напаѓачот кој држи добра форма и има поголемо меѓународно искуство од сите во тимот. Исправна ли му е одлуката?
Важеше за расен стрелец на Јунајтед каде остави голем белег и за 5 сезони постигна вкупно 150 гола. Го паметиме како гол машина која одлично се градеше и царуваше во шеснаесетникот. Но пред точно 15 години против Фулам направи исклучок со ова ремек дело.
Славниот Гарбиел Омар Батистута имаше тешки кризи после завршувањето на кариерата до толку сериозни што размислуваше за ампутирање на нозете. Но поранешниот напаѓач на Рома се врати на старо место после 15 години и повторно заигра фудбал.
Има само 20 години, умее да шутира и со лева и со десна како Хари Кејн, а Хернан Креспо веќе го споредува со Серхио Агуеро. Во таа пеколна конкуренција на напаѓачи кои ги предводи Меси, ќе има можност да се покаже на пријателските средби против Италија и Шпанија.
Просто нереално звучат информациите од англиските медиуми дека Алексис Санчез неколку пати ручал сам во базата на Јунајтед и дека уште не се привикнал на новиот клуб и соиграчи. Мурињо вика навивачите да го почекаат до следната сезона.
„Галските петли“ ретко кога во историјата имале вака страшен напад како денес, на 80-ина дена пред Мундијалот. Гризман, Мбапе, Дембеле, Лаказет, Марсијал, Бен Једер, Жиру....
Фудбалскиот клуб Перуџа соопшти дека претседателот на клубот го отпуштил Франческо Бирколоти којшто направил неколку големи гафови за време на мечот со Бреша.
Прволигашки фудбалски натпревар во БиХ на кој сите се прават на Тошо дека сè е тука нормално, со се судијата кој веројатно чекал нивото на езерото да се порасне за да го прекине мечот.
Ако мислевте дека Скудето, Ла Лига, Лига на шампиони, Копа Либертадорес, Златна Топка, Мундијал, Куп на Конфедерации и Копа Америка е врвно достигнување, тоа значи дека не ја знаете добро приказната за Роналдо де Асис Мореира, познат како Роналдињо.
Според некои мислења тој е најдобриот на сите времиња, но и да не е така, Роналдо со својата уникатна игра си го заработи епитетот „Ил Феномено“. Погледнете го овие цик цак потези со извонредна техника и еластичност со која исфрли од игра двајца играчи. Се работи за финалето меѓу Интер и Лацио (3:0) во Купот на УЕФА 1998-ма, на кое Роналдо има само 21 година. Ваков танц со топка не може секој.
Овој атрактивен потег потсеќа на Рене Игита кој се прослави со ваква лудачка одбрана, но и на Златан Ибрахимовиќ ској дава голови со тоа неговите кунг фу потези. Сега му успеа на напаѓачот на Сандхаузен кој го изведе тоа на мајсторски начин.
ФК Вардар е влезен во доста турбулентен период. Го бојкотира првенството поради револт кон ФФМ, елиминиран е од купот уште во четвртфинале, ќе ја загуби и титулата бидејќи Шкендија е на +16 бода и згора на се води чудна и несфатлива политика на трансфер пазарот.
Мислевме дека на Италијанците и Грците им нема рамни кога треба да седнат и на “цивилизиран“ начин да дебатираат во спортска емисија. Тоа е затоа што не сме ги виделе Португалците. Дика ун, дика ун, дика ун. Зајде човекот.
Моторот од средниот ред на Тотенхем почна со фудбал во Тулуз. Ова е снимка од 2009-та во која трча 70 метри, дрибла пола тим и на крај му прави на голманот: Где је лопта мајмуне. Едноставно неповторливо.
До почетокот на Мундијалот останаа уште 85 дена, а селекциите кои таму ќе настапат, веќе почнаа со сериозни подготовки. Многу од нив решија да играат против комшиите на нивните ривали од групата со цел подобро да го разберат нивниот менталитет.
Италијанскиот второлигаш Фоџа излезе со соопштение дека ќе казни еден од своите навивачи поради тоа што мамел и се шмугнал божемски е лице со посебни потреби. Навивачот се обидува да се извади.
Еден од најсилните италијански дефанзивци во историјата вчера наполни 42 години. Имаше среќа да ги фати најубавите години и во Лацио и во Милан, но замина од тимот за кој навива за да наплати туѓи долгови.
Спремен како војник да оди во најтешките ровови за својот тим и репрезентација. Ни самиот веќе не знае колку пати е шиен и на кои места. Главата ја раскрвавувал многу пати а соиграчите викаат дека бегаат од него.
Плејадата на балканци кои се нафатираа со милиони во Серија А, живот живеат во слободно време на свој начин. Един Џеко пред три дена наполни 32 години, а жена му му приреди изненадување со сентисајзер и певаљка во сред Рим. Меѓу гостите е и Коларов, а изборот на песните падна на тоа што им лежи на душа. Е не бе од Тото Кутињо ќе пејат.
Освен Ван Дајк од Ливерпул за кого дознавме по богатиот трансфер во Ливерпул, Јаспер Цилесен голманот на Барселона и Бас Дост центарфорот кој игра во Спортинг Лисабон, новата фудбалска репрезентација на Холандија е составена од анонимуси кои треба да ја заживеат „Орање“.
Мохамед Салах кој во последно време се однесува во напад како Меси, до толку е популарен во својата земја што веќе не знаат од среќа што да направат. Еве што има ново во Египет.