Фудбал

Лига на шампиони ќе почнува од 21 часот, УЕФА воведува и четврта измена

Но само за продолженијата на финалните дуели во двете елитни натпреварувања. Притоа фудбал во вторник, среда и четврток веќе нема да гледаме од 20:45 туку 15 минути подоцна.

Пијам по 3 литри вода на ден, не можев да го додржам

Голман од четвртата италијанска лига беше искрен до даска околу повикот од природата кој бил неизбежен за игнорирање на сред натпревар, но тоа не му донесе помилување кај судијата.

Да видиме што знае Бускетс со топка

Барселона не се состои само од Меси и Иниеста. Има таму повеќе врвни фудбалски мозоци кои ја кријат топката. Еден од нив е Серхио Бускетс со “скромни“ 473 настапи и вкупно 10 сезони стаж во каталонскиот тим. Од што е многу јак Меси, не може човек да забележи што сè работел на терен Бускетс само оваа сезона.

Голот на кој се чуди цел Парагвај, а и ние

Топ листата на најдобри голови во Парагвај може да се составува ама почнувајќи од втората позиција, бидејќи првата е забетонирана за Хернан Новик. На асистенција со петица, дечкото на својот чувар му направи лудачки дриблинг со петица кроз нозе и ја стави ФИФА во искушение за Пушкаш наградата.

Има 40 години, се вика Кафу и постигна хет-трик за аналите

Не е тој Кафу што мислите, бидејќи тој беше бек и се пензионираше на 38. Овој е анонимен напаѓач кој настапувал во Германија и Португалија, а сега игра во Кипар. Ако постои награда за ветеран на сезоната, него треба да му ја дадат без разлика кој ќе му конкурира. Четири очи отворите да му ги видите головите. Втора младост доживува дечково.

Ветувањето на Дино кој се претвори во ултрас

Името Дино Фава Пасаро веројатно не ви значи ништо. Тој знае како е да се совлада Милан со Малдини на Сан Сиро, а исто така умее да усреќи петтолигаш заедно со навивачите кои ќе го носат цел живот во срце. Има 41 година и кога е со топка се чувствува како дете.

Полнолетен стана еден од најубавите голови во Премиер лига

На 26. март 2000 година, пред точно 18 години Вест Хем играше против Вимблдон. Марк-Вивиен Фое го пронајде Тревор Синклер, овој ја прими и упати убав центаршут до Паоло Ди Канио. А Италијанецот?

„Нема веќе фудбал како легендарниот Танго“ - голманите се жалат од топката за СП 2018

Пар светски врвни голмани се пожалија за квалитетот на официјалната фудбалска топка со која ќе се игра Светското во Русија. А не се први вакви поплаки за топка.

Кога гол на годината во Полска беше автогол

Дуел меѓу ривалите Арка Гдиња и Висла Краков. Полн стадион, тензија, голема борба на теренот. Во 45’ минута домашниот играч Адриан Мровиец си забива таков автогол што долги години се врти по шпиците.

Традицијата во Германија која не дозволува шеици и магнати да купуваат клубови

Правилото 50+1 според кое членовите имаат мнозинство гласови е вековна традиција која не може да се купи. Затоа Германците имаат најполни стадиони и пристапни цени за карти, пиво, колбасици.

Историски триумф на земјата која има помалку жители од што собира Филип Втори

Најмалата фудбалска нација призната од УЕФА е во транс откако успеа да слави победа по пауза од четири години. Коефициентот во кладилница беше боли глава. Со 100че лапаш 2.100.

Тренеру, па не си ти десен бек

За време на меч од втората шпанска лига, тренерот на Културал Леонеса, Рубен де ла Барера доби директен црвен картон поради тоа што прекина контра на Албасете. На крајот мечот заврши како што почна 0-0.

Еден од стадионите за Светско е недовршен поради силна зима

Светското првенство во Русија почнува на 14. јуни а еден од новите стадионите уште не е готов поради што ФИФА праќа мониторинг служби а Путин ги опоменува локалните градоначалници.

Најтажниот твит на Сантијано Кањизарес

Легендарниот шпански голман на Реал Мадрид и Валенсија се соочи со огромна трагедија откако неговиот син почина од рак на 5 годишна возраст.

50 секунди селски фудбал

Тука има едно 15 стартови не за црвен, туку за во затвор, освен оној кој ќе се истепа со калта. Па овде гледач да си ќе те здоболи.

Уметноста на играњето одбрана на Рамос

За шест дена ќе наполни 32 години, а ако го држи телото како мозокот тогаш ќе цепа како Малдини до 40. Сè што ќе одигра Серхио Рамос во одбрана му е промислено. Цврст е како карпа, има одлична антиципација и предвреме ги предвидува акциите на противникот. Компилација за почит само од дуелот против ПСЖ.

Сценариото со кое Италија може да има пет екипи во ЛШ

Од следната сезона стапуваат во сила новите правила во Лига на шампиони од кои бенефит ќе имаат четирите првопласираните екипи од најдобрите четири европски лиги. Има три опции од Серија А да учествуваат 5 клубови во следната сезона од ЛШ.

Деби гол на Усаин Болт за Борусија Дортмунд

Најбрзиот светски спринтер кој умре од желба да заигра фудбал го одржа првиот тренинг со Борусија Дортмунд. Не се знае што ќе излезе од неговата проба и дали е ова само некој маркетиншки трик на Пума кој му е спонзор и нему и на Борусија, но од првиот тренинг се гледа дека тој не е десно сметало. Како ја смести рутински, како стварно да е фудбалер.

Кавани се отвори со еврогол на пријателска

Ако ви е до гледање пријателски петочно имате да бирате еден тон, бидејќи денеска на програмата има дури 25 средби. Први почнаа Уругвајците кои водат на полувреме со Чешка 2:0. Кавани си е Кавани.

Сликички за Светско некогаш се собираа од џепарлак, сега се лускуз

Од првенство до првенство, легендарниот албум за сликички "Panini" ги изненадува своите верни следбеници со поскапувањето не само во регионов, туку и во целиот свет.

Трагичната судбина на фудбалерот на Заир по неправедниот црвен против Југославија

Заир беше првата африканска земја која се пласираше на Мундијалот 1974. Една од нивните ѕвезди по име Муламба доби црвен картон по грешка, а ФИФА го суспендираше на една година. Потоа му се случија многу пострашни работи и сега едвај преживува.

Дедо одамна се кладел дека внук му ќе дебитира за Англија, го чека добивка

Дедо е дедо. И да те носи на фудбал и да те зема од школо и да те чува, но и до крај да верува во тебе. Таков е случајот со најголемото изненадување во англиската репрезентација, Луис Кук.

Твит на денот

Последниот од низата фудбалери кој е обвинет дека не плаќа данок е Чаби Алонсо. На шпански новинар и колумнист му текнало да состави како би изгледал најдобриот и најмоќниот тим на 11 играчи ако навистина беа во затвор за ова кривично дело. Во самица да им играш ќе те здробат 10:0.

Пародија и комедија во полскиот фудбал

Полската Екстракласа влегува во самата завршница - плејофот во кој ќе се разигрува за титула, европкупови и опстанок во лигата. Најсериозни кандидати за титулата се Јагелонија, Легија и Лех. Сезонава имаше многу јаки голови таму, ама и комични ситуации.