Фудбал

Ни Рамос не го познава доволно добро Роналдо

Девет години играат заедно во Реал Мадрид и што се вика знаат како дишат меѓу себе, ама тоа не е никаква гаранција дека може да си одмогнат кога ќе се сретнат во репрезентативен дрес. Тешко можеш да му најдеш слабост на Кристијано, особено не од пенал. Рамос му покажа на Де Хеа каде да се фрли, а овој го послуша и се заеба.

Премиерот на Австралија побара да се решат проблемите со преносот на Светско

Малком Трнбол, премиерот на Австралија во директно обраќање до шефот на тамошниот носител на тв права за Светското побарал што поскоро да ги средат проблемите од техничка природа за народот да може да гледа Мундијал како што треба.

Човекот кој сакаше да го убие Меси за пеналот

Аргентина тргна лошо на Мундијалот и ги разочара своите навивачи со оние 1:1 против Исланд. Ама овој што го снимиле скрена целосно и претпоставуваме дека ставил многу пари на Гаучосите.

Чичарито плачеше за време на химната

Мексико го направи најголемото изненадување во досегашниот тек на Светското откако го победи светскиот шампион. Во земјата тотално лудило а пред мечот Чичарито се расплака на интонирање на химната.

Фото на денот

Навивачи на Мексико и Колумбија држат навивач на Египет во количка за да може да го гледа дуелот на неговата репрезентација.

Исландскиот коментатор кога на Меси му одбранија пенал

Сигурно не сте го заборавиле по шоуто на Европското 2016. Гудмундур Бенедиктсон или скратено Гуми Бен. Кога Ханес Хандорсон му одбрани пенал на Меси збудале од среќа.

Студен туш за Германија и Бразил, Мексико во транс

Светскиот шампион Германија изгуби 0:1 од Мексико а Швајцарците го задржаа Бразил на 1:1 и освоија драгоцен бод.

Еврогол на Коларов за три бода за Србија

Со мајсторијата на фудбалерот на Рома во 56' минута, репрезентацијата на Србија победи со 1-0 на отворањето на групата Е во која се уште и Бразил и Швајцарија.

Наставничке баталете предавање, Уругвај игра

Финале ли е или групна фаза? Уругвај го победи Египет со 1:0 на минута до крај, а од тоа произлезе најубавото видео до сега на Мундијалот. Ни доаѓа од едно уругвајско школо каде не се знае кој каде трча. Срцки.

Срамен потег на новиот италијански прволигаш

Илија Несторовски и Александар Трајковски за жал не успеаа со Палермо да се изборат за кам бек во Серија А, откако вечерва го загубија реваншот од плејофот со Фрозиноне со 2:0 (на првиот дуел Сицилијанците славеа 2:1). Скарани се фудбалерите на Фрозиноне со фер плеј. Фрлаа топки на сред игра за да се губи време. Кутри.

Успешен старт на Хрватите

Без блескава игра, но со искуство и поквалитетен играчки кадар, селекцијата на Хрватска ја доби Нигерија со 2:0, но без ниту еден нивни гол од игра. Првиот беше автогол, а вториот пенал кој за разлика од претходните на Аргентина и Перу, Модриќ го претвори во погодок.

Имаше уште еден пенал за Перу

Селекцијата на Перу доби пенал на крајот од прво и не го искористи, а можеше многу порано уште на стартот на мечот да добие уште еден. Сè се случи пред очите на судијата, кој не почувствува потреба ниту да се повика на ВАР, а имаше прекршок.

Прецизност на денот

Лионел Меси и Кристијан Куева се двајцата несреќници во третиот мундијалски ден со промашен пенал. Треба да одат на часови кај Томас Дилејни од Данска кој има специфичен нишан.

И Перу утна пенал, триумф за Данска

Во вториот натпревар од Ц групата, Данска го совлада Перу со 1:0, а Кристијан Куева во финишот од првиот дел се посрамоти со удар кој заврши високо над голот на Шмајхел.

Исланд и скина бод на Аргентина, Меси промаши пенал

Дебитантот на Мундијалите го скроти двократниот Светски првак кој и покрај ултра силниот напад со Меси, Ди Марија и Агуеро, како и Дибала и Игуаин на клупа не успеа да ја совлада малата островска земја. Асот на Барселона на 1:1 пропушти златна шанса да го реши мечот.

Погба и Гризман ја решија Австралија

Селекцијата на Франција ги освои планираните 3 бода во групата ц, каде е фаворит за првата позиција. За головите на Франција помогнаа ВАР и гол технологијата со чип во топката која фунционира беспрекорно за разлика од судиите кои работат во кабина.

Спектакуларно дерби Португалија - Шпанија, Роналдо фуриозен

Во дербито на првото коло видовме шест убави голови а Кристијано Роналдо постигна три гола од кои третиот за бод беше право ремек дело од слободен удар. Португалија - Шпанија 3:3.

Имаше ли пенал над Роналдо или не?

Уште во првиот напад на Португалија во 3’ минута Кристијано Роналдо тргна кон противничкиот гол и после еден дриблинг врз соиграчот од Реал Начо, падна на земја а Џанлука Роки досуди пенал против Шпанците.

Иран славеше со автогол во 95-та минута

Вториот меч на денот, а прв во групата Б попладнево се одигра во Санкт Петербург на стадионот „Крестовски“  пред 62.548 гледачи. Трите бода ги освои Иран кој победи со автогол на Бухадуз.

Се одигра меч и на најчудниот стадион на Светското, Египет - Уругвај 0:1

По петардата на Русија над Саудиска Арабија на отворањето во Москва, денес во вториот меч од групата А во Екатеринбург Уругвај потешко од очекувањата го скрши отпорот на „Фараоните“.

Фудбалска поезија Т`га за Питу

Се вика Таки, од Крушево е, навива за Лацио и ни испрати едно фасцинантно ремек дело сработено заедно со свој другар, излезено во средношколскиот весник на училиштето „Наум Наумовски Борче“ во 2002/2003. Ц-А-Р-Е-В-И.

Марсело пак со Марсело трик

Ти му ја подаваш тој чуда прави со топката. Не бе не е тачен.

Дали веќе ја имаме фотографијата на Мундијалот?

Од лево на десно седат: Самуел Ето, Чави, Икер Касиљас, Карлес Пујол, (ќелавото не го знаеме), Диего Армандо Марадона и Роналдо. Тоа се тие ѕверови од три различни континенти на едно место, во ложата на Лужники во Москва.

Како се славеше победата на Русија во Москва

Русија - Саудиска Арабија 5:0, тоа видовме, ама не сте виделе кој сè славеше после по улици. Зема да свири бе, права навивачка.