Новиот турнир ќе стане трет по сила после Лигата на шампионите и Лига Европа.
На овој потег УЕФА се решила со цел да ги скрати учесниците во Лига Европа од 48 на 32 екипи и на тој начин да го зголеми уште повеќе квалитетот и привлечноста на Лига Европа за спонзорите и навивачите. Со појавувањето на овој нов европски Куп ќе им се овозможи на помалку конкурентните првенства да успеат да обезбедат пласман во некој европски турнир.
Овој Куп ќе се вика Куп на Европа и ќе има 32 екипи учесници.
УЕФА, пишува Билд, сака да им го олесни патот до еврокуп на земјите од Скандинавија и Источна Европа. Новиот турнир ќе се пренесува и на онлајн-платформа.
Од средината на ХХ век и до крајот на ’90-те години се играа три еврокупови - Лига на шампиони (до сезоната 1990/91 турнирот се нарекуваше Куп на европски шампиони познат како КЕШ), Куп на УЕФА (подоцна преименуван во Лига Европа) и Куп на освојувачи на Купови кој беше укинат во 1999 година.