Боите на втората, гостинска варијанта дресови ќе биде своевиден почит кон неделникот The Football Pink којшто се печател во истото издаваштво како и Manchester Evening News.
Овој спортски весник се појавил во ’70-те години и излегувал во светло-розева боја во сабота.
The Football Pink долго бил важен дел од фудбалскиот викенд во градот Манчестер: навивачите на Сити и на Јунајтед можеле да ги дознаат последните резултати неколку часа по саботните натпревари.
Овој спортски магазин бил многу популарен, но со развојот на интернетот продажбата се намалила. Во 2007 година весникот The Football Pink престанал со работа и згаснал.
Меч програмата на Манчестер Јунајтед за дуелот со Тотенхем во понеделникот била стилизирана во боите на The Pink Football.
На тој начин клубот покажал дека не го заборавил култниот весник и најавил како ќе изгледа новиот дрес.
***
Официјалната розева гарнитура дресови во продажба ќе биде пуштена на 13 септември и ќе може да се набави во фан шоповите на Манчестер Јунајтед и во продавниците на adidas.
Оваа гостинска варијанта со розев дрес, шорцеви и штуцни ќе биде убедливо најскап од сите дресови во Премиер лигата. Ќе чини исто колку и домашната варијанта - 109,95 фунти. Цената за цел комплет (дрес, шорцеви и штуцни) е 192,85 фунти.
Германскиот бренд adidas е задолжен за опремата на Манчестер Јунајтед уште од сезоната 2015/2016 но тие претходно не биле многу креативни: втората варијанта на дрес беше бела во сезоната 2015/2016, сина во сезоната 2016/2017 и црна минатата сезона.
Затоа сега гостинскиот дрес на Јунајтед ќе дречи розево. Најверојатно првпат ќе ја видиме во недела кога Манчестер Јунајтед му гостува на Барнли.
***
Сезонава сите од трите комплети на Манчестер Јунајтед имаат некаква историска конотација. Црните траки на црвениот дрес за домашна варијанта симболизираат железничка пруга. во чест на тоа што Јунајтед во своите почетоци бил клуб на работниците од Ланкаширско-Јоркширската железница.
Третиот комплет темно-сина варијанта беше посветен на 50-годишнината од победата во Купот на шампиони. Манчестер Јунајтед станал првиот англиски клуб во историјата кој го освоил овој трофеј.
Во 1968 година тимот во кој играле Бест и Чарлтон ја победил Бенфика на „Вембли“ во исти такви дресови. Необично, третата варијанта дресови на Манчестер е произведена од преработена пластика собрана во океан.
****
Последен пат adidas произвел розеви дресови за Реал Мадрид во 2014 година. Јувентус во 2011-та играл во розеви дресови кои им ги спреми Nike. Тимот од Торино бил еден од првите клубови на светот кој почнал да игра во розеви дресови и тоа уште на крајот од XIX век.
Во 1907 година за розево-црна комбинација се одлучил и Палермо. Ваква боја им предложил основачот на клубот грофот Џузепе Ајролди. Сега ова се традиционални, препознатливи бои на клубот од Сицилија. Ден-денес играат во розево.