Несторовски и Трајковски на терен, три фракции се тепаат меѓу себе

Едните се Инфериоре, другите Супериоре а третите познати под името Суд (во превод Југ). Причините за тоа што овие три фракции тифози на Палермо не се поднесуваат меѓу себе се нејасни, а нетрпеливоста кулминирала на гостувањето во Салерно минатиот викенд кога се степале меѓу себе.

Ова беше прво коло во Серија Б, Палермо ремизираше кај Салернитана (0-0), а во следната рунда во петок го пречекуваат Кремонезе.