Фудбал

Маестрална акција на Иниеста, Давид Виља и Подолски

Шпанскиот волшебник и Германецот веќе беа во јапонскиот клуб Висел Кобе, каде од 1. декември 2018 им се приклучи и Давид Виља. На мечот вчера против Вегалта Сендаи ова трио направи чудесна акција која со гол ја заврши Виља.

Како тоа во ВАР собата немаше никој?

Мечот меѓу Ваљадолид и Реал Мадрид го одбележа една несекојдневна сцена на која се зачудија сите што го гледаа преносот. Среќа стигна објаснување, инаку ќе беше големата.

И снегот знае да игра со иле

Додека кај нас пукаше пролетно сонце, во Бундеслигата бараа црвена топка за да се гледа добро на мартовскиот снег. А тој па во една чиста шанса за Хановер интервенираше како стопер.

Најлуд голман на колото

Голманот на Милионариос, Вуликер Фаринез на мечот против Атлетико Насионал (1-1) имаше три генијални одбрани на кои не им оддолеа ниту официјалниот твитер профил на ФИФА.

Учинокот на Мончи во Рома: 81 милион евра во плус, 0 пехари

Претседателот на Рома, Џејмс Палота држел пенкало во рака пред листот со отказ за тренерот Ди Франческо по дебаклот во Фиренца, но Мончи го разубедил. Синоќа ги отпуштил и двајцата.

Судбината на Чех да брани против клубот кој го лансираше и на кој му најде голман

Арсенал даде гол во 3’ минута на гостувањето кај Рен и потоа прими три од клубот со кој голманот на „топџиите“ е многу приврзан.

Асистенција која се случува еднаш на 100 години

Мака ти е тебе на душата гледаме, ама да знаеш што работа си завршил со лежење, нема да ти се верува. Лежи таму и реди асистенции.

Најјакиот гол од акција без да тапне

Некои акции едноставно не се повторуваат, па ако сакате соберете ги на куп сите најдобри екипи на планетава познати по тимски фудбал. Ваков цик цак не се вежба ни на тренинг, туку се случува еднаш во животот. Па ова е просто нестварно колку е добро. 

Хрватска од 2020 ќе има два претставника во квалификации за Лига на шампиони и три во Лига Европа

Динамо Загреб ја игра можеби најдобрата сезона во Европа во своето постоење, а нивните неверојатни победи во ЛЕ ѝ донесоа на Хрватска два клуба во квалификациите за Лига на шампиони од сезоната 2020/2021.

Ви текнува на фудбалерот во Турција што бодеше? Му ја изрекоа казната

Безумието кое го направи полу-терористот полу-фудбалер Мансур Чалар на мечот меѓу Амедспор и Сакарјаспор, доби очекуван епилог.

Дежа Ву голчиште на Вилијан

На 4 ноември Челси играше против Динамо Киев во ЛШ, а вчера се сретнаа во ЛЕ. Вилијан имаше можност да шутира слободен удар на двете средби од речиси идентична позиција. Пронајдете ги разликите. Ние забележавме дека пред 4 години голманот барем се фрлил, а вчера остана како кип.

Челси и Наполи се со една нога во четвртфинале

Во преостанатите три осминафинални средби од Лига Европа кои се одиграа во вториот термин од 21:00 часот, немаше никакви изненадувања. Челси и Наполи направија капитална предност на првите дуели, а Валенсија победи, но не убедливо.

Со кук си го даде

Веројатно еден од најпацерските автоголови сезонава во Лига Европа е овој на Начо Монреал од Арсенал кој му помогна на Рен во пресвртот и победата од 3:1. Многу несреќен автогол, многу.

Шлаканица за Арсенал, минимален триумф на Динамо Загреб

Аријан Адеми како единствен македонски репрезентативец кој се пласираше во осминафиналето од ЛЕ не настапи вечерва поради повреда, но неговиот тим оствари минимална предност. Рен го шокираше Арсенал со целосен пресврт, а на гости победи само Виљареал.

Проклетствата на Буфон во ЛШ

Ќе го памети Манчестер и градот и клубот, а посебно тие проклети пенали кои не го сакаат и не го сакаат. Судиското продолжение му стана ноќна мора последниве две години и токму во тие последни мигови остана и можеби и ќе остане без трофејот кој му фали во кариерата.

Детето што го победи ПСЖ и сега ќе се врати во школо на часови

Мејсон Гринвуд синоќа стана најмладиот дебитант во историјата на ЛШ: Со 17 години и 156 дена влезе во игра кај Манчестер Јунајтед и го сруши рекордот на Жерар Пике (17 година и 310 дена).

Поминаа 20 години а големите уште го гледаат противникот на земја

Во средата вечер сите се сетија на епското финале на ЛШ од 1999-та кога шансите за спас на Јунајтед беа непостоечки, исто како после 0-2 со ПСЖ на „Олд Трафорд“. И тогаш фениксот се крена од пепел и сега исто.

До кога со овие бедни глуми?

Десетици, па и стотици вакви сцени се изнагледавме низ годиниве и не ни е јасно следново: Што ќе постигнат, кога камери ги снимаат од секој агол? Џеко синоќа ја направии онаа класична срамна глума во конфронтација со Пепе, а му се смејат и коментаторите. На крај: Жолт за Пепе, жолт и за глупиот Џеко.

Икер е људина

Сигурно е многу болно да те елиминираат во нокаут фаза од ЛШ во 117-та минута само ради твоја вина бидејќи си направил пенал. Флоренци не можеше да си ја поднесе грешката, а еден од првите кој го тешеше беше Икер Касиљас. А и што друго може да се очекува од ваков господин кој има скоро 900 клупски настапи во кариерата.

Уникатно победничко фото на денот

Ерик Кантона, Сер Алекс Фергусон и Оле Гунар Соскјер со стисната победничка тупаница. Па има ли поубава фотка за гледање за секој фан на Манчестер Јунајтед на планетава, после оние блескави 1:3 во Париз и елиминација на амбициозниот ПСЖ кој имаше многу поголеми планови од само едно осминафинале. Многу моќно фото.

Додека другарите славеа, Лукаку го тешеше стоперот на ПСЖ кој направи пенал

Белгискиот репрезентативец е јунак на Манчестер Јунајтед, откако со два брзи гола ја надомести негативата од првиот меч. Во неверојатниот финиш во кој Манчестер победи со гол од пенал во 92’ минута, цел тим збудале од радост, а само Лукаку отиде да го теши најголемиот трагичар Преснел Кимпембе кој направи пенал со рака.

Чудо на Јунајтед во Париз!

Иако сите го отпишаа Манчестер кој после поразот од 0-2 дома, без пола екипа отпатува на реванш со ПСЖ, „Црвените ѓаволи“ славеа 1-3 со гол од пенал по преглеудвање ВАР во 92’ минута и одат понатаму!

Зидан прв го предвиди ова

Шест месеци. Ова е времето во кое Реал Мадрид ќе мора да го реконструира тимот кој постигна нешто незамисливо во современиот фудбал: 4 титули во ЛШ за 5 години.

Сеќавање на времето кога Реал шест години по ред испаѓаше во осминафинале

„Кралскиот клуб“ е убедлвио најтрофеен клуб во ЛШ со 13 пехари. До синоќа цели осум години не испадна пред полуфиналето. Затоа бламажата со Ајакс е суперсензација, иако такви чуда имаше и порано.