Фудбал

Најсмешниот почетен удар со потпретседателот на Уганда

Се вика Мозес Али познат и како генерал Мозес. Потпретседател е на Уганда. Го викнале еднаш на националниот стадион „Намбуле“ да го отвори државното фудбалско првенство на Уганда со почетен удар.

Едно убаво голче

Не знаеме ни кој е, ни од каде е, ама дечково треба да конкурира за најубав гол на годината во изборот на ФИФА и да ја добие наградата „Ференц Пушкаш“.

Тимски дух пуштен на најјако

Не е битно кои се момциве, на какво игралиште играат од кое се гледаат згради и мост, туку битна е хемијата која ги краси. Обично ги пцујат ваквите кои изведуваат слободен удар во напад, а потоа топката ја враќаат назад, ама оди замери им нешто да те видам. Маестрално одиграно од почеток до крај.

Фото доказ од домашниот притвор на еден од најисмејуваните напаѓачи

На толку јадење бабури дека во затвор ќе одел Роналдо, па Меси, Роналдињо, Нејмар и уште не знам ти кој ради истата причина, а тоа е неплаќање данок, ете ја несреќата која го скрши мразот. Ама во домашен е сепак и тоа за глупост со таксист.

Детето кое прво не играше, а сега ја спаси шампионската трка

Го немаше во составот ниту во првото коло, ниту во второто, ниту во третото и четвртото. Заигра дури во петтото и даде убав гол против Фулам. Од тогаш до синоќа демонстрира страшна форма со многу голови и асистенции.

Како Пеп Гвардиола го преживеа лудиот меч со Ливерпул

По многумина мечот беше за титулата иако има да се играат повеќе од 15 кола до крајот од Премиер лигата. Исто мислел и Пеп Гвардиола кој на крајот призна дека ако изгубеле, најверојатно ќе се простеле од шампионскиот пехар.

Му викаа да биде среќен ако воопшто прооди, а тој му даде два гола на Реал Мадрид

Отсуствуваше 636 дена поради тешки повреди и докгорите му рекле дека треба да биде среќен ако може да оди после толку операции. Синоќа на два пати го матираше Реал Мадрид и му донесе огромен бод на својот Виљареал

11-те милиметри кои не ги признаваат навивачите на Ливерпул

По навивачите на Сасуоло и оние на Ливерпул се на слични маки, а тоа е да го побијат компјутерот, дека и тој знае да погреши. До толку се напнаа што фатија петиција да пишуваат против видео технологијата.

Мадр факр петица на Давид Луиз

Што ти значи да имаш брз, сигурен и целосно самоуверен штопер, па дури и во една ваква по малку коцкарска ситуација против двајца. Од игра ги избаци, особено едниот кој заврши зад аут линија. Стварно јако и фраерски.

Како грми Етихад од далечина

По рововска 90 минутна битна, фудбалерите на Манчестер Сити го добија Ливерпул со 2:1, ja стопија бодовната разлика на -4 и ја вратија неизвесноста за титулата во Премиер лигата. Колку само јако и моќно звучи ова што некој го овековечил од надвор со телефон и тоа од 200-300 метри.

Ова што го испушти Ливерпул е неверојатно

Не знаеме дали е најсоодветна формулацијата: што промаши Ливерпул или што спаси Сити? Како и да е, ова е лудо и незаборавно. Сити води 1:0 на полуреме и со овој резултат е на -4 од Ливерпул, а ако влезеше ова на Салах, табелата во живо ќе изнесуваше +10 за тимот на Клоп. Навивачите на овие две екипи со слабо срце нека го баталат видеово.

За Супер купот Милан - Јуве во С. Арабија, жените само со мажи под рака

Во Италија има голема полемика околу мечот од Суперкупот на оваа земја кој ќе се одигра на 13 јануари во Џеда, Саудиска Арабија. Жените нема да смеат сами да одат да го гледаат овој фудбалски спектакл.

15 лудачки фудбалски факти

Веројатно познато ви е дека Шефилд е најстар фудбалски клуб, ама не и дека Барса нема победа против Данди или дека во Јужна Африка судија може да ти извади пиштол. А ова со целерот и 18 месечниот фудбалер? WTF?

Ова е Премиер лига или рагби?

Шестката од Њукасл, Џамаал или како и да се вика го собори Маркус Рашфорд како да е ова некој боречки спорт, а не фудбал. Судијата мртов ладен. Не бе кај видовте фаул, не го допре.

Фудбалерот кој го излажа цело Мексико дека е играч на Јуве

Фарид има само 20 години и пуста неостварена желба да го облече дресот на 34 кратниот (36 според навивачите) шампион на Италија. Уствари он го облече, а сè друго потоа излезе дека е фарса.

Кога Гаскоњ му даде жолт картон на судијата, па доби жолт за тоа

Ден-денес на северната трибина од стадионот „Олимпико“ во Рим се вее барјак со неговиот лик. Навивачите од цел свет, без разлика за кого и каде играл, го почитуваат бескрајно.

Да го поздравиш и да ми го бациш

Туристите го прославија машкото достоинство на статуата на Роналдо. Секој втор-трет турист во градот Фуншал го допира делот кој неизбежно запаѓа во око кога се сликате.

Хорор фаулот над Погба за кој Шелви не доби црвен

Иако беше најдобар на теренот за својот тим кој изгуби 0-2 од Јунајтед, малку фалеше Џонџо Шелви да добие директен црвен картон и не е јасно како судијата не го виде ова?

На Гери Невил му чукаа на прозор среде емисија

Во редовната емисија на Скај Спорт каде работи како стручен коментатор, синоќа на „Сент Џејмс парк“ стадионот во Њукасл, Гери Невил го збуни еден навивач на домашните.

Во Премиер лига дете може да влезе со играчите за 185 фунти

Ако некогаш детето со своето однесување требаше да заслужи да излезе на терен со познатите фудбалери, сега е доволно само да има богати родители кои ќе му платат за тоа, без разлика дали било мирно или немирно во школо и на тренинг.

Одбранава на Хамарби да не ја бирале на конкурс?

Четворицата стандардни дефанзивци на шведскиот клуб Хамарби многу наликуваат еден на друг па се поставува прашањето како ги бираат пред да дојдат во клубот? Да не ги праќаат на ист бербер или нешто слично?

Адил Рами за хрватската претседателка и Миконос

За време на доделувањето на медалите и златниот пехар за победникот на финалето на Светското првенство се случија толку многу работи кои уште се прераскажуваат.

И вака имало а?

Холандскиот тим РКЦ отиде на последната анти фер плеј карта за едно пусто реми на домашен терен. И после оди одлучи да те видам дали е правилно или не да ја прекинеш играта кога некој ќе легне.