Фудбал

Адил Рами за хрватската претседателка и Миконос

За време на доделувањето на медалите и златниот пехар за победникот на финалето на Светското првенство се случија толку многу работи кои уште се прераскажуваат.

И вака имало а?

Холандскиот тим РКЦ отиде на последната анти фер плеј карта за едно пусто реми на домашен терен. И после оди одлучи да те видам дали е правилно или не да ја прекинеш играта кога некој ќе легне. 

Мора да објасниш како ти се лепи вака

И на Зинедин Зидан му се лепеше топката на нога, ама не во буквална смисла на зборот.

Корнер на колото

Ридинг дома доживеа дебакл од Свонси 1-4, а еден корнер од домашен фудбалер ја опишува состојбата во клубот од Чемпионшип.

Постерите во собата на Мбапе, пред и потоа

Додека пола планета и јаче, на негови години се бруцоши кои се замараат со колоквиуми и семинарски, овој дечко може толку многу да зборува и да се фали за 2018-та, што ќе му падне и криво што му заврши од што му е успешна.

Диего Коста со петарди го разбудил брат му

Се испостави дека не е битанга само на теренот, туку и надвор од него. На шпанскиот фудбалски репрезентативец Диего Коста му било досадно па решил да си поигра со брат му додека овој спиел.

Сензационален податок за човекот кој влегува со агресија во секој дуел

Серхио Рамос е поим за тешка дефанзивна карпа која не се поместува, но истовремено и за лакташ кој бесрамно ги удира противниците. 2018-та ќе ја памети по еден неверојатен статистички податок во кој му помогнаа и судиите.

Во Премиер лига првпат заигра играч роден во 2001 година

На мечот Арсенал - Фулам (4-1), за домаќинот во Премиер лигата дебитираше 17-годишното крило Букајо Сака кој влезе во историјата како прв играч роден во 2001-ва.

Опасен денс на Клоп за нова година

Штета што видеово трае кратко и имаме можност да видиме само еден мал сегмент од новогодишната прослава на царот меѓу тренерите. Он уствари прави тоа што му сака душа и секогаш е јак, па и на ваков подиум.

Алиоски 2019-та ја почна со гол

Македонскиот репрезентативец убаво ја стартуваше годината и токму на 1 јануари даде гол, но Лидс капитулираше на гостувањето против Нотингем Форест како никогаш сезонава.. Алиоски постигна погодок во втор за 1:2 со што направи пресврт, но тимот на Биелса имаше блекаут и прими три комада за 7 минути.

Де бе Светско да не освоивте?

Валсал и Лутон имаа доста драматичен финиш во 94-та минута во која гостите стигнаа до 2:2. Тие се втори, а му израмнија на 15-то пласираниот во првенствен меч од третата англиска лига, така што не гледаме причина зошто до волку одлепија со се навивачи.

Анегдотата за Роналдо и децата кои имале потреба од дресови

Зад епската и насекаде омилена генерација на легендарниот Бразил кој имаше играчишта на секоја можна позиција, се кријат многу приказни. Ова е една од нив, а ја раскажува Роберто Карлос.

Маркус Рашфорд се претвори во Роналдињо

Манчестер Јунајтед по 3 кола со Солскјер е во екстаса. Има 3 од 3 и гол разлика 12:3. Норвежанецот го оживеа и Погба, кој синоќа ги збрца првите два гола. Погледнете само што им направи Рашфорд на двајца противници пред да му асистира. Денеска се на психијатар и двајцата.

Не му ја мисли ако ти опаѓа косата, и Гвардиола имаше бујна па оќелаве

Со многу шеги на своја сметка за ќелавоста, најдобриот тренер на денешницата покажува дека нема комплекс од тоа што косата нагло му опаднала и дека не пресадува коса како некои други негови колеги, со цел да го „покрие срамот“.

Свадбар на денот

На Енди Керол од Вест Хем Боксинг деј му беше г`з преку глава. Прво беше на гостување против Саутемптон, а потоа брз туш и два часа пат со такси до Лондон. Брзаше да стигне на свадба кај сестрата на неговата свршеница. Битно стасал и направил чест, не се фаќајте сега за облеката.

Го свитка голот заплеткан во мрежата

На мечот Централ Коуст Маринерс - Перт Глори гостинскиот фудбалер Томислав Мрчела ја искриви стативата од голот на домаќините откако претходно со глава ја заби топката во мрежа па се заплетка.

Начинот на кој Ренџерс и Селтик го разбираат фер-плејот

Првпат после цели 13 натпревари Ренџерс успеа да го победи најголемиот и најомразен ривал Селтик со 1-0 со голот на Рајан Џек. Последна победа во првенството им беше во март 2012, а последен пат надвор од регуларните 90 минути, на пенали победија лани во 2016 во полуфиналето од купот на Шкотска. Сега имаат исто бодови на врвот но Селтик има меч помалку.

Каков тандем беа Шевченко и Кака

Милан во ерата пред и после Марко Ван Бастен немал напаѓачко дуо како Украинецот и Бразилецот. Едниот му местеше, а другиот со лева, со десна, со глава, од прва, ги решеташе противничките голмани. Просто неверојатно колку беа добри. На денешните дрвца што играат за славниот Милан треба да им се пушта видеово.

Како да ја крстиме оваа чудесија од потег?

Роналдињо, Нејмар...Уствари не, шампионе за футсал Фалкао кажувај што е ова, како може вака и кој е ликов? Да не му ставиле нешто во пијачката?

Јунакот на годината кој преживеа семејна драма и продолжи да игра врвен фудбал

Еден од најдобрите фудбалери во англиското првенство и повремен капитен на шампионот Манчестер Сити вели дека ни самиот не може да сфати како успеал да се справи со тешкиот товар кој животот му го ставил на раменици.

17 причини поради кои Манџукиќ стана миленик во Јувентус

Четврта сезона е во Јуве, ама го засакаа како да е 10. На страна искуството и клучните голови против ривалите од горниот дел на табелата. Старата Дама има вистински борец кој гине за секоја топка и плус го има секаде на терен, без разлика што е робусен шпиц.

Децата кои ќе ти го испијат мозокот со топка

Јохан Кројф остави еден аманет во Барселона, а тоа оваа фудбалска институција никогаш да не откажува од пас играта која се разви во тики-така. Меси, Иниеста и Чави не се единствените кои ги добија овие лекции како мали. На тоа се работи и сега и затоа ќе вадат јаки играчи.

На фјорд во Норвешка најдено писмо во шише од Нејмар како мал

Апсолутно нереална приказна доаѓа од малиот норвешки град Фауске расположен на брегот на норвешкото море, градче колу кое има фјордови.

Си се заиграл со Меси, Зидан, Лампард, Кака, а те викаат одма дома да одиш

Што знаат дома кои се најголемите ѕвезди на фудбалот во последните 50 години? А малиот Хозе таман се заигра.