Фудбал

За талентот на Рома кој преку ноќ стана миленик на Јужната трибина

Франческо Тоти, легендата на римскиот клуб, речиси никогаш не сакал да зборува за негов евентуален наследник. Никогаш, освен неодамна кога „на сите ѕвона“ го испофалил малиот Николо Ѕаниоло од кого тифозите на „волчицата“ очекуваат баш многу.

А само што го зборевме

Ние за волкот, а волкот е најјак во Вест Хем. Собраа рекордни 15 бода во еден месец, нешто што не им се случило во историја, а главен играч им е Фелипе Андерсон кој синоќа со два убави гола му донесе гостински триумф на својот тим против Саутемптон од 1:2. Плус прв стрелец им е со 8 гола.

Што направи бе мајсторе?

Голема беше конкуренцијата на киксови и глупости во 2018-та, ама што го направи голманот на Асколи на гости против Палермо е врвот на сите автоголови. Овој сигурно сака што попрво да ја испрати и да ја заборави годината. Инаку Сицилијанците славеа 3:0. Трајковски беше стартер, Иле е повреден.

Колку е убаво кога се враќаш дома како легенда

Што ти значи кога си утепан со игра и резултати и наеднаш менуваш терен, кој се разбира треба да го погодиш. Одма се чувствува друга енергија во клубот, се гледа залагањето кај некои играчи кои биле скарани со претходниот и едноставно се раѓа друга игра која дава резултати.

Најдобрите 5 гола на Кристијано Роналдо за Јувентус

Со 12 погодоци, Роналдо е втор стрелец во Серија А, зад лидерот Пјонтек од Џенова кој има 13. Португалецот вчера првпат после 20 и кусур натпревари по ред во сите натпреварувања, седна на клупата за да одмори, а кога влезе му донесе бод на Јувентус против Аталанта.

Руни е бе телиња, не е хулиган

Колку и да им важен протоколот и строгите правила наметнати и останати од времето на Маргарет Тачер, не можеш на врата да претресуваш лик од рангот на Вејн Руни. Срамота е. Па зарем и ВИП фацкиве ги замарате со тие процедури?

Како тоа топката влезе во гол, а ВАР вика не е гол?

Ја имаме дилемата на колото. Ама малку е на колото, туку на сезоната. Можно ли е видео технологијата да киксне или 99.99% сепак не се 100% и тоа е тоа, нема простор за дилеми?

Италија се дави во расизам, срамни испади на мечот Интер - Наполи

Просто неверојатно е на еден од најголемите и најубави стадиони во светот, миланската катедрала на фудбалот „Сан Сиро“ илјадници луѓе да испуштаат мајмунско-расистички крици кога топката во нозе ја има противнички црномурен играч.

Прв гол во Серија А за детето кое прво дебитираше во Лига на шампиони и репрезентација

Еден од поубавите голови на 18 коло во италијанската Серија А, прво во историјата на Божиќ, го постигна младиот фудбалер од среден ред на Рома Николо Ѕаниоло.

Г`злаци на денот

Фудбалерите на Интер го добија Наполи 1:0 и тоа со гол во 91-ва минута, а гостите мечот го завршија со два црвени картони. Каква шанса испуштија на крај, ова е неверојатно. Анчелоти занеме. Во ваква ситуација најмногу профитира Јуве кој остана на +9.

Како Интер тргна од центар против Наполи

Мауро Икарди за влакно не стана најбрз стрелец во историјата на италијанскиот, а можеби и светскиот фудбал. По 3-4 секунди Интер можеше да води 1:0, резултат со кој славеше против Наполи во 91-ва минута.

Еврогол на ветеранот Кваљарела

Има речиси 36 години, а попладнево против Киево даде гол на осми натпревар по ред. Сезонава досега има вкупно 11 гола и конкурира да стане најдобар стрелец. Неверојатниот Фабио Кваљарела.

Колку убави екипи беа Парма и Фиорентина во 90-те

По долго време, токму на првиот италијански Боксинг деј ќе се сретнат две култни екипи од италијанско кои привлекуваа многу симпатии кај неутралните навивачи. Немаа сили за Скудето, ама секогаш котираа високо поради компактните состави кои ги создаваа. Со јаки играчи се разбира.

Конфликтниот Бразилец кој ги забавува навивачите на Вест Хем

Покрај борбата со носталгија, апатија и самотија, Фелипе Андерсон како капак на сè доживеал и трагедија која што ја направил татко му во 2015-та година кога бил виновен за смртта на две лица во Бразил.

Скандалозни аудио снимки на Наинголан на кои плука по Интер

Суспензијата на Раџа Наинголан за вечерашниот дуел против Наполи изгледа му беше малку, па сега ова што се случи најново, по логика на нештата би требало да значи и целосно отстранување од тим и збогување уште во јануари.

Навивачка на Лидс се расплака поради дрес на Алиоски

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски им е идол на многу навивачи на Лидс кој сезонава под водство на Биелса ја држи лидерската позиција во Чемпионшип. Внимавајте само како реагираше оваа девојка откако татко и за подарок и купи дрес од Алиоски и тоа од репрезентација.

Тиери Анри изгубил 9 од последните 12 средби како тренер на Монако

По одличното искуство со репрезентацијата на Белгија каде му беше помошник на селекторот Мартинез, Анри реши да тргне самостојно и да води клуб како главен тренер. Ама не се станува тренер баш така лесно.

Што бе стар сум, има да ве пунам до 2020-та

Најдобрите двајца стрелци од минатата сезона во Серија А, Имобиле и Икарди, сезонава имаат голема конкуренција. Младиот Пјонтек, искусниот Роналдо, но и еден стар лисец кој гази од сенка. Фабио Кваљарела.

Програмата за традиционалниот Боксинг деј во Англија

Божиќното коло не е обично коло во англискиот фудбал. Секоја година традиционално луѓето фамилијарно уживаат во најдобрата лига на светот, на најголемиот христијански празник - Божиќ.

Каква само глупост ќе направеше четвртиот судија

Мартин Самуелсен од холандскиот клуб Венло го има рефлексот на денот, а овој непретпазлив судија ја има таа среќа што ова 21 годишно момче реагираше брзо. Во спротивно уште невлезен во игра ќе го повредеше. Глава ќе му скинеше.

Првиот дуел меѓу браќата Инѕаги е најтежок за татко им

Италијанскиот фудбалски шампионат до сега не памети ваков натпревар. Болоња vs Лацио, Филипо против Симоне Инѕаги. За прв пат ќе се сретнат двајца браќа – тренери. Да не си им во кожа на родителите кои дури не сакале да одат на стадион.

Го паметите ли Пинто - вечно вториот голман на Барса кој сега е музичар

Во епохата на Пеп Гвардиола, една од најневеројатните ери во Барселона, на клупата седеше резервниот голман Хозе Мануел Пинто - препознатлив по долгата коса, плетенките и неретките циркуси.

Не бе не е јак, муабет му вадат

Ова е твитот кој ќе ви објасни што значи зборот доминација во целост. Лионел Меси сезонава е најдобар во дури 7 статистички категории во најсилните 5 лиги во Европа. СЕДУМ. Значи малтене во сè. Што ли ќе прави Барселона еден ден без овој човек? Ненадминлив е.

Сите го викаат Солскјер а самиот кажа како се изговара презимето

Нема стриктно одредено правило во кој јазик како се изговара па мораме и ние така. Некои новинари сакале лично од усните на Оле Гунар да слушнат како се презива и тоа да го земат за оригинал. Ама тој им вика да изговараат како им е најзгодно зошто и неговите дома имале проблем.