Наполи му честиташе синоќа роденден на Елмас со видео на кое македонскиот репрезентативец изведе една нереална мајсторија. Под него има чаршав од коментари, а еден напишал: Со овој удар на Елмас, Наполи е првиот тим од Серија А со постигнат гол од зад гол.
Ако после колото во Лига на шампиони зборувавме дека нешто со Тотенхем не е во ред, тоа се потврди синоќа. Лондонците испаднаа од Лига Купот од ЧЕТВРТОЛИГАШ. Значи не чемпиопншип, не лига 1, туку лига 2.
Само четири кола се поминати во Серија А, а италијанскиот печат не само што го споменува постојано, туку и не штеди зборови за него. На вчерашниот негов роденден, најугледниот спортски весник во Италија, Газета дело Спорт, посвети статија за него.
Повратникот во Серија А, Бреша имаше изненадувачко водство против шампионот на Италија по само 4 минути игра, но на крајот го загуби мечот. Супер Марио синоќа го одигра првиот натпревар откако е вратен во Италија и на крај бесно и гласно размислуваше што мисли за Јуве.
Некои клубови не треба воопшто да добијат лиценца за натпреварување за да им дојде памет дека вака не се организира натпревар. Извезен Марио Куељар кој настапува за Оријенте Петролера, добил тешка повреда по која требало да го стават во амбулантно возило и правец во болница. Но што се случува?
Жозе беше една од многуте ѕвезди синоќа на гала манифестацијата The Best, организирана од ФИФА. И го викнаа на сцена да му постават пар прашања, ама водителката Иларија Д’Амико (жена на Буфон и најпозната италијанска тв ѕвезда) како да се подзаборави малку па овој си отиде.
Сите тројца кои влегоа во финале се од Премиер лига и сите имаа фантастична сезона. Манчестер Сити ја освои Премиер лигата, а Тотенхем и Ливерпул стигнаа до финалето во ЛШ. Клоп како прав господин ги спомена колку биле добри сите, но прво му се обрати на Покетино. Да потсетиме, со нула трансфери стана втор во Европа.
Во понеделникот во Милано ФИФА ги врачи наградите The Best. Лео Меси стана играч на годината пред Ван Дајк и Роналдо кој не дојде на церемонијата, иако од Торино до Милано има 1-2 часа.
Тргнете ги сите ножички кои сте ги виделе на страна. Ова е поинаква акробација за која веројатно треба еластичност и предизпозиции за некоја боречка вештина. Па дури и Ибра не може да го направи ова што ќе го видите на меч од универзитетска лига во Канада.
Популус е американски гигант, архитектонска компанија која се занимава со проекции и изградба на спортски арени, стадиони, сали. Тие се близу да ја добијат работата од градот Милано и клубовите Интер и Милан, да почнат со изградба на новиот стадион наместо легендарниот Сан Сиро.
Откако замина од Арсенал му се изгуби трага. Кратко дремеше во Јувентус, па луташе по Норвешка за да на крај си го најде гнездото дома, во Данска. Навивачите на Копенхаген се збудалени за неговото доаѓање: дресови со неговото име рекордно продадени во клупскиот фан шоп, маици одат како алва. Пола град дојде да го гледа неговото деби и го дочека. Против Мидтјиланд влезе во игра во 71’ минута.
Светската куќа на фудбалот им ги додели наградите на најдобрите за 2019-та. Македонските гласови го фаворизираа Вирџил Ван Дајк, но тоа не беше доволно тој да биде број на годината во светот.
Наградата The Best која што ја доделува ФИФА од 2016 година, синоќа во Милано ја доби Лионел Меси. Во претходните три изданија секој пат победуваше играч на Реал Мадрид (два пати Кристијано и еднаш Модриќ).
Анонимниот 18 годишен фудбалер на Дебрецин, Даниел Зори 2019-та ќе ја памети по евроголот кој се постигнува еднаш во кариера и не само тоа. На ФИФА наградите го освои првото место, победувајќи го и Меси. Празник за очи е ова.
По пауза од четири години, Лионел Меси ја освои наградата на ФИФА за најдобар фудбалер во светот за 2019-та, вкупно шеста во неговата кариера. На гала церемонијата во Милано водителката му пријде, ама немаше среќа. Колку и да не го бива за зборење, требаше да ја испоштува.
За фудбалерите од 18 до 22 години се вели дека се млади, оние од 25/26 се сметаат за најзрели, а веќе од 30 на прсти им се бројат годините до пензија. Епа Златан е “полуден“ на стари години.
Учесникот во ЛШ, Ред Бул Салцбург првпат после 8 одиграни кола не освои цел плен во австриската лига. Пред гостувањето кај ЛАСК имаа 7 победи на 7 меча, а во Линц спасуваа бод во 90-та минута (2-2). Томас Гојгингер направи голема мајсторија за првиот гол на мечот за домашните.
Алија Брацо Хаџиосмановиќ е култна личност на сараевскиот фудбал. Важи за почитуван фудбалски зналец во оваа земја. Тој е и претседател и тренер на нисколигашот Врбањуша во БиХ. На својот Фејсбук објави видео на кое се гледа како тера еден од играчите да даде заклетва.
Работите во чешкиот фудбал веќе пар години се многу сменети. Спарта Прага веќе не е апсолутно доминантна над градскиот ривал Славија која има сериозно богати кинески сопственици, игра Лига на шампиони (го водеа Интер на гости до 92-ра минута) и која викендов со 0-3 ја прегази Спарта на гостински терен.
Од младински натпревар во Чешка ни доѓаат скроз неочекувани сцени во кој линискиот судија не знае кај тера и што прави. Човекот нема компас, а не па да знае кај се головите, топката и играчите. Тоталка е у офсајд.
Лионел Меси и официјално влезе во светот на модата. Го претстави брендот за облека Messi во бутикот Santa Eulalia кој посто од 1843 година и кој денес продава Balenciaga, Moncler, Tom Ford и Stone Island. Во овој бутик сега можа да се купи и брендот на Меси.
Напаѓачот на Колорадо Рапидс, Кеј Камара постигна ефектен гол во мечот против Спортинг Канзас Сити и беше творец на целосниот камбек: губеа 2:0, на крај славеа 2:3. Ова е 12 гол за шпицот на 27 меча сезонава.
Португалецот работи како стручен коментатор, гостува по емисии и студија, а на Скај Спортс почна да зборува за шведскиот стопер Линделоф од Манчестер. Само што кажа дека не е баш добар во воздух (he is not so special in the air), овој го потврди тоа на загревањето во живо.