Фудбал

Голманот на Манчестер Сити кој бранел во финале со скршен врат

Замислете си како војник од нацистичка Германија престојува како заробеник во Англија. Го ослободуваат, брани во аматерска лига, стигнува до ракавиците на Сити, станува херој и добива орден од англиската кралица. Ова го има само на филм. Не, туку прво е вистинска приказна, која наскоро ќе ја гледаме на филм.

Можело значи

По рецептот на новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Пол Погба игра како препороден. Даде 8 гола на 9 натпревари и има 5 аситенции. Лебди од среќа по теренот затоа што Норвежанецот му ја најде позицијата и го пушти да игра фудбал.

На секој Челси во гости, 3 дена му се доста

Маурицио Сари денес ќе испуши сто цигари, актуелниот шампион на Англија продолжи да руши рекорди, Челси анти-рекорди, а Серхио Агуеро да твори историја. Тимот од „Стемфорд Бриџ“ е во катастрофална ситуација.

На неполни 20 години, веќе има 150 настапи за Милан

Ниту иконата Паоло Малдини на 19 години немал 150 настапи за Милан, подвиг кој му успеа на Џиџо Донарума синоќа во триумфот против Каљари (3:0). Џиџоне, кој важи за легитимен наследник на големиот Буфон, заработува 6 милиони евра годишно + бонуси.

Дојдете ваму еден по еден

Извесен Омар Богл од Портсмут фати да си поигрува, да си поигрува и да си поигрува. Две зидановки им направи, онака најлабаво.

Кога Леверкузен го даде најбизарниот гол во Европа

На 18 октомври 2013 година Баер Леверкузен му гостуваше на Хофенхајм. Во 70’ минута од мечот, по еден корнер Стефан Кислинг шутираше со глава а топката од надворешна страна влезе внатре во голот. Збунувачка реакција и на судијата, и на навивачите и на играчите.

Брилијантен гол од привидна контра

Во втората германска бундеслига, во неделата играа Магдебург - Кил (1:1). Гостите поведоа уште во 5’ минута по една сјајна акција која само личи на контра ама не е контра.

40 милиони Кинези седнале пред телевизор да го гледаат своето дете во Еспањол

Сите галамеа, се тркаа и нудеа големи пари за трансфери во зимскиот преоден рок, само Еспањол на 28 јануари за мала сума го потпиша „Марадона од Истокот“ и направи неверојатен маркетиншки потег.

Акцијава на Бенфика да се предава на факултет

Си биле Меси, Иниеста, Чави, Суарез и Нејмар ама во црвени дресови, оние на Бенфика која синоќа му направи потоп на Национал од 10:0. Па греота е ова да не влезе. Земете да ја урамите акцијава и да врти доживотно како гиф во музеј на некој екран.

Серхио Агуеро - играчиште за големи натпревари

Оние 38 милиони евра кои Манчестер Сити му ги плати на Атлетико за Агуеро во 2011-та година и 138 да беа, немаше да треба да се каат. Човекот дојде, помести граници и испиша историја. Кроен е за решетање.

Како мислиш Бенфика тепаше 10-0?

Вторпат во оваа деценија се случува на еден фудбалски натпревар една екипа да победи со 10-0. Во сезоната 2010/2011 ПСВ Ајндховен со таков резултат го прегази лутиот ривал Феенорд, а синоќа Бенфика 10 пати броеше против Насионал. Во Португалија одново ќе има интересна трка за титулата затоа што Порто е прв со само 1 бод повеќе од Бенфика која има 50 и 2 бода повеќе од Брага која има 49.

Што значеше прославата на Роналдо со маската на Дибала?

Пред една недела Пауло Дибала го гледаше мечот од Парма (3:3) од клупата за резерви. Кога Аргентинецот сфатил дека нема шанси да влезе во игра, тој станал и заминал во соблекувална уште пред судиската свирка. Новинарите одма отвориле случај.

Сан Сиро пука во ритамот на Пјонтек

Три натпревари, четири гола на Кшиштоф Пјонтек за Милан, кој се виде дека е дете со мастраф за многу поголем клуб од Џенова. Рокнете ги звучките и погледне како навивачите држат такт. Многу јако. Веќе се створи филинг меѓу Пољакот и публиката и никој повеќе не зборува за Игуаин. 

Мајк Дин си поигра со Агуеро

Англискиот судија истера добар мајтап со Серхио Агуеро. Откако голгетерот на Сити кој блесна со хет-трик против Челси сакаше да си ја прибере топката дома, славниот англиски судија му направи „где је лопта“?

Абнормалните одбрани на Тер Штеген со Билбао

Во второто дерби на колото во Ла Лига (првото го доби Реал против Атлетико Мадрид), германскиот репрезентативен голман Тер Штеген беше најзаслужен што Барселона непоразена замина од „Сан Мамеш“ во Билбао.

Сари се вади дека не го видел Гвардиола, затоа не се поздравил

Откако Сити со историски 6-0 го демолираше Челси синоќа, по крајот од мечот италијанскиот стручњак тргна кон соблекувалната и додека Гвардиола му пружаше рака, овој само го одмина. После во соблекувални се решил проблемот.

Комичната епизода на Роналдо со Кедира и топката во лице

Јувентус рутински со 0-3 го совлада Сасуло на гости и продолжи сигурно да вози кон скудетото. Головите ги дадоа Кедира, Роналдо и Џан, а првите двајца беа дел од комична епизода во 61’ минута

Во Италија падна убедливо најглупавиот автогол на сезоната

Во втората италијанска лига Серија Б играа Салернитана и Беневенто. Гостите победија 0-1 со автоголот на домашниот голман Алесандро Мичаи.

Прослава на денот

Кога ќе помислите дека се исцрпени сите будалаштини околу начинот на славење голови, ќе се појави оваа будалетинка која го надминува во глупираме и Марио Ѓуровски. Па и тоа музичето како си лежи во позадина.

Ма каков Рене Игита, пазете го овој

Го знаете Рене Игита така? Знаете за неговиот шкорпион удар со кој одбрани топка на гол линија така? Епа му го најдовме наследникот.

Луда реклама со брат му на Гигс

Родри Гигс не зборува со неговиот брат Рајан повеќе од 7 години, откако британските таблоиди на времето открија дека Рајан долги години имал афера со сопругата на брат му Наташа. Родри сега се појави во реклама за познатата обложувалница Paddy Power во која зборува за, пази, ЛОЈАЛНОСТ.

Добар голман е пола тим, прашајте во Дортмунд

По цели 7 години од последната титула во Бундеслигата (2011/12), Борусија Дортмунд е на добар пат да се радува на „салатарата“ и да стане шампион на Германија. По 20 одиграни кола, „милионерите“ имаат 15 победи, 4 нерешени и 1 пораз и со 49 се први на табелата. Меѓу најзаслужните за одличната сезона на Дортмунд е швајцарскиот голман Роман Бурки.

Солскјер создаде идентитет и го оживеа и Рашфорд

Oд Манчестер Јунајтед си замина тренер со педигре и 25 трофеи во нецели две децении, а го замени младич кој сега почнува да го учи занаетот. Ама ништо не значат името и бројките. Важна е новата енергија која кружи во тимот и која ги опива играчите.

Голот на Ширле против Барнли е избран за најубав во јануари

На 12 јануари Барнли го победи Фулам со 2-1, а голот кој го даде Германецот Ширле за гостите е прогласен за најдобар за минатиот месец.