Ова што го има во англиското фудбалско подземје, го нема никаде

Ако после колото во Лига на шампиони зборувавме дека нешто со Тотенхем не е во ред, тоа се потврди синоќа. Лондонците испаднаа од Лига Купот од ЧЕТВРТОЛИГАШ. Значи не чемпиопншип, не лига 1, туку лига 2.

Колчестер е новиот хит во англискиот фудбал. Овој тим го исфрли европскиот вицешампион од англискиот фудбалски лигашки Куп.

Тотенхем синоќа играше позиционо, вршеше притисок (посед на топка 75%), шутеви кон голот 19, но без никаков ефект.

Колчестер машки издржа до серијата пенали во која победи. И оди понатаму, на радост на неколку илјади навивачи за кои ова беше најубавиот ден во животот. Колчестер е мало градче (за англиски услови мало со 110.000 жители) на источното крајбрежје на Британија. До неодамна таму немало топ фудбал и се играло на аматерско ниво.

Од таа причина преубаво им беше на домашните кога го гледаа Кореецот Сон на клупата за резерви во склоп на трибините.

Колчестер е клуб од Лига 2 (четврта лига во хиерархијата на англиски фудбал). Игра на стадион кој собира 10.100 гледачи и најчесто е полн. Колчестер е подпросочен тим и во својата дивизија (10. место и 15 бода после 10 кола). Но против Тотенхем, кој не играше во најсилен состав, изиграа јуначки.

Во серијата пенали на теренот во составот на Тотнем веќе беа и Сон и Ламела и Ериксен, ама џабе.

Победи Колчестер и ја направи најголемата сензација во англискиот фудбал досега сезонава.

„Колку сме нервозни што не можевме да дадеме гол за 90 минути. Колчестер веќе го пројде Кристал Палас на пенали, се случува тоа. Во оваа фаза од турнирот се бидува“, изрази некои општи мисли Маурисио Почетино.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Brilliant performance by Colchester to beat Spurs! Amazing night!!

A post shared by David Fairbrother (@david_fairbrother) on

И секако, неизбежно беше традиционалното влетување во терен и прослава со играчите:

25 септември 2019 - 10:53