Откако лани во март дебитираше во американската лига, Златан Ибрахимовиќ како да почна втора фудбалска кариера. За престој од година и пол колку што игра за Галакси, Ибра стигна до фантастични 49 голови.
Плус растура со хет-трикови, асистенции, разни мајагери потези и плус од секое излегување пред камера прави шоу.
Е сега да преминеме на главното, а тоа е дека на 3 октомври 2011-та шведскиот голгетер наполни 30 години и од тогаш до сега има остварено импресивна бројка од внимавајте добро 300 голови за клуб и репрезентација.
Ибра во годините кога фудбалерите се сметаат за ветерани игра во животна форма, а наскоро ќе наполни 38 години.
Неговиот учинок е послаб под 30-та година во животот бидејќи до тогаш стигнал до 232 гола. Како што може да се забележи од двете табели, најдобриот просек на давање голови му е токму сега во Лос Анџелес Галакси.
Што кажа за себе на неговото последно интервју