“Златан изјавите“ кои бодат очи пред камера ги има речиси по секој меч. Ама па и игра магарето, а еве го на 3 октомври ќе наполи 38 години.
Нека кренат два прста оние напаѓачи и негови врсници што играат фудбал на тоа ниво. Едноставно спремен е на секој меч и психички и физички.
Отворено, дрско и “скромно“, мртов ладен на 1:50 дагаууууу:
„Мислам дека сум најдобар играч во историјата на МЛС, ама без заебанции“.
Следуваше кусо новинарско прашање: Зошто?
На кое Ибра му реплицираше со следново прашање:
„Гледаше изминативе две години како играм? Или во Шведска не вршат преноси?“
Меѓудругото кажа и:
„Реков уште првиот ден кога дојдов, не сум тука на одмор“
„Можам да играм вака каде и да одам“
Покрај шведскиот новинар, при крај на видеото му се “сипа“ и на еден Мексиканец.
Не сметаш дека прво треба да освоиш првенство, за да кажеш дека си најдобар?
„Не, не. Треба да го освојам бидејќи играм за тоа, а не за да покажам кој сум. Од кај си? Мексико. Не е ни чудо што го праша тоа“
Почнете го видеото од 1:50, па после сè друго.
Абре Босанчерос, кој ќе не забавља кога ќе се пензионираш.