Инаку Вака на влашки значи крава и само уште таа фали на ливадава, за теренот да биде уникатен во целост. Инаку има многу кал, земја, трева, брдо, дрвени голови, бавча со домати и што е најважно публика.
Лиза Клавенес, претседателката на Фудбалската федерација на Норвешка отворено рекла дека тие не можат да останат рамнодушни на она што го сторил Израел во Газа и дека немаат намера да играат со нив иако на ждрепката беа извлечени во иста група во квалификациите.
Германските медиуми ги привлекол еден необичен куриозитет: во фудбалската Д лига, во десетта дивизија од тамошниот фудбал, има тим кој се вика ДЈК Флоршхајм и за кој скоро сите играчи од прв до последен се презиваат Куртановиќ.
Беа заедно во репрезентација на Португалија заедно па помладиот учеше некои трикови од постариот. Две големи легенди на светскиот фудбал: Луис Фиго и Кристијано Роналдо.
Луд натпревар од четвртфинале на Карабао Куп одиграа Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Паднаа дури 7 гола, домаќините славеа 4-3 и одат во следна рунда. Резервните голмани и на двата тима, Фрејзер Фостер и Алтај Бајиндир добија шанса да бранат и не се покажаа во најдобро светло. Директно беа виновни за два гола а едниот имаше и смешна епизода со одбрана со нога.
Нема ден без фудбал. Додека синоќа бевме на трпеза за Св.Никола, Тотенхем и Манчестер Јунајтед играа Купови. Едниве го елиминираа Манчестер Јунајтед со 4:3, а другиве Удинезе 2:0. Што имаат заеднично овие два меча? Шаќировка.
Карло Анчелоти е среќен, горд и задоволен. Со победата на Интерконтиненталниот Куп стана најуспешен тренер во историјата на Реал Мадрид со 15 трофеи. Кој очекуваше вакво нешто со неговиот кам бек?
Оние 94 милиони евра кои Реал му ги плати на Манчестер Јунајтед пред 14 години, беа нешто невидено до тогаш во фудбалот. По само неколку години се подмести границата над 100 па следуваа трансферите на Бејл во Реал за 101 милион, па на Погба во Манчестер Јунајтед за 105 милиони. Во 2017-та арапските пари од Катар скроз го изместија пазарот со ненормални 222 милиони евра кои ги платија за Нејмар. Парите во Барселона не се уплатени директно од ПСЖ, туку преку чек од Националната банка на Катар.
Арсенал, Ливерпул и Њукасл се полуфиналисти во Лига Купот, каде остана место за уште една екипа која ќе биде позната вечерва после дуелот Тотенхем - Манчестер Јунајтед. Кристал Палас синоќа поведе на Емирати и го разлути Габриел Жезус, кој им одговори со три комада и тоа од идентична позиција. Првиот најубав за око.
Што е со Аталанта луѓе? Во Серија А ги потепаа Наполи, Рома и Милан и се први на табела, во ЛШ имаат само еден пораз, оној од Реал, а синоќа во Куп безмилосно ја здробија Чезена со 6:1. Минатата сезона освоија Лига Европа и како тргнале печени се за нов трофеј.
Династијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид е импресивна. Синоќа со 3:0 ја совладаа мексиканска Пачука во финалето на Меѓуконтиненталниот Куп организиран од ФИФА. Турнир организиран за првпат во поинаков систем во и онака преполниот и веќе презаситен фудбалски календар. Ретко кој знаеше дека воопшто и се игра.
Дваесет и пет годишниот италијански репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума синоќа на мечот Монако - ПСЖ (2:4) доживеа страшна повреда на лицето и на лице место на теренот беше соишен со неколку конци.
18 декември 2022-ра, мундијалско финале во Катар. Се игра 123 минута, резултатот е 3:3, Коло Муани се соочува со Емилиано Мартинез. Дуел за срцев удар, дуел за светска титула.
Ливерпул, Баерн, Барселона, Аталанта и ПСЖ се лидери на табелите во топ 5 лигите. Но вреди да се фрли око и во второлигашкиот фудбал, а таму најинтересно и најнеизвесно е во популарната Цвајта, каде едно мало клубче прави чуда невидени.
Гордоста на источна Германија, Динамо Дрезден е клуб со најголема поддршка во овој дел од земјата. Колку што играчите и управата низ изминатите години не ги биваше, толку навивачите стануваа едни од најјаките во цела Германија. 30 години не играле во Бундеслига, последен пат таму биле 1995-та, а сега се втори во трета лига со добри шанси да се вратат во цвајта.
Аргентина сонуваше светска титула уште од времето на Диего Армандо Марадона. Генерации и генерации чекаа, патеа, трпеа, страдаа на тој пат. На крај Лионел Меси ги однесе до трофејот и тоа по многу трнлив пат на Мундијалот во Катар 2022. Во финалето меѓу Франција и Аргентина се изведуваа пенали, а еве какви биле улиците на Буенос Аирес во тие моменти.
Со 11 гола и 6 асистенции на 18 средби во сите натпреварувања, 22-годишниот Кол Палмер е најдобар играч на Челси сезонава. Англискиот репрезентативец е интересен и за социјалните мрежи каде често се појавува со некое интересно видео. Сега последно пред дуелот со Брентфорд во Премиер лига излезе со дете поголемо од него.
Дваесет годишниот Алехандро Гарначо кој игра за Манчестер Јунајтед (додуше периодов е на ладење со тренерска одлука), е добитник на наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол во календарската 2024-та година. Оној од гостувањето на Јунајтед кај Евертон кога победија 0-3.
Јувентус со 4-0 го испраши Каљари во Купто на Италија и обезбеди пласман во четвртфиналето. Душан Влаховиќ ја отвори серијата на својот тим и се смири со тифозите кои го скандираа неговото име. Аргентинецот Николас Нико Гонзалес кој се врати после повредата постигна прекрасен гол за конечни 4-0 во 89' минута.
За разлика од церемонијата „Златна топка“ која се одржа на 28. октомври во Париз, Реал Мадрид и Винисиус овојпат не го бојкотираа настанот во организација на ФИФА наречен The Best.