Фудбал

Јако мотивирачко видео за секој што навива за Јуве

По загубените финалиња во 2015-та и 2017-та и неочекуваната ланска елиминација од Ајакс во четвртфинале, Јуве тргнува по нова, тешка и предизвикувачка сезона од најелитното клупско натпреварување, каде размислува само на трофејот. Вечерниот старт им е против Атлетико Мадрид кој прошла сезона го минаа во осминафинале. Трејлерот е прејак, особено за Јувентините.

Кои Македонци го бодреа во живо Елмас во ЛШ

Елиф Елмас синоќа имаше деби од соништата во Лига на шампиони. На Сан Паоло славеше против европскиот првак, а меѓу македонските гледачи се појави селекторот Игор Ангеловски.

Звезда се потсеќа кога Панчев и Дејо го срушија Баерн среде Минхен

Вечерашниот натпревар меѓу Баерн Минхен и Црвена Звезда во ЛШ го навраќа српскиот клуб на еден славен епски меч од аналите. Тоа е двобојот против Баерн по кој отпатуваа на финалето во Бари 1991-ва.

Мислевме само Супермен може да одбрани вакво нешто

Ако не се повредеше Алисон Бекер, немаше да дознаеме дека Ливерпул на клупа држи мачка од Шпанија по име Адриан. Бранеше одлично на Супер Купот против Челси пред еден месец, а синоќа ја оствари сигурно одбраната на колото, ако не и на сезоната во ЛШ. Импресивно.

Младиот Норвежанец кој даде 3 гола за едно полувреме во Лига на шампиони

Се вика Ерлинг Холанд. Доаѓа од Норвешка. Растура во дресот на Салцбург а има само 19 години. Синоќа влезе во историјата на Лига на шампиони како еден од тројцата најмлади кои три пати ја погодиле мрежата во елитното друштво.

Од време на Роналдињо не сме виделе ваков потег

И покрај тоа што Ајакс за него имаше многу понуди, на крај успеа да го задржи. Давид Нерес (22) сезонава пак ќе ги забавува навивачите, како синоќа против Лил.

Вилијан сè ли е океј?

За број 1 комична ситуација од она што во последно време сме го начекале по нетов, го прогласуваме ова ултра брзо и ентузијастично појавување на Вилијан на Стемфорд Бриџ кое се случи лани на лондонското дерби. Ај нема да јадеме бабури понатаму.

Ме боли бе Душане, дој да те бубнам ќе ти помине

Ланскиот полуфиналист Ајакс имаше убедлив старт во првото коло од ЛШ во кое го совлада Лил со 3:0. Во еуфоријата при првиот гол, младиот Давид Нерес доби една воспитна од капитенот која не му беше баш пријатна. Тоа е дете, мора да се јачаш.

Наполи и Елмас го урнаа Ливерпул, Барса и Интер куртулија

Со 16 години и 351 ден, Ансу Фати вечерва стана најмладиот играч во историјата на Барса кој играл во Лига на шампиони. Елиф Елмас доби 15 минути од Анчелоти во триумфот против европскиот шампион Ливерпул.

Сторијата за Дани Алвеш во 3 минути

Најтрофејниот фудбалер во историјата имал до толку стресно детство, што понекогаш немал и што да јаде. Дома биле утепани со пари, а Дани како мал спиел на бетонски кревет и секое сабајле се будел со болки во грбот.

Одличен трејлер за празникот наречен ЛШ

Стартува вечерва, а завршува на 30-ти мај догодина во Истанбул, што значи ќе се изнагледаме и ќе се изнауживаме. Колку само историја има зад ова натпреварување кое во Европа опстојува 65 години. Победи, порази, рекорди, успеси, неуспеси, малери...И така 65-та година по ред во која се испреплетени многу генерации. Едвај чекаме денов да стане ноќ.

Само Златан може да каже вакво нешто за себе

Кога на крај на година ќе треба да сумираме спортски догодовштини, изгледа ќе мора да има еден посебен дел само со изјавите на Ибрахимовиќ. Од март 2018-та кога потпиша за Галакси до сега, не се памети веќе што сè кажал.

Па добро бе УЕФА, првпат играм Лига на шампиони и вие вака

По фантастичната сезона 2018/2019 во Серија А, Аталанта заслужено се најде меѓу најдобрите европски клубови во Лига на шампиони. Дебито ќе го имаат во Загреб, против Динамо во среда. А нивниот клучен играч од среден ред, холандскиот репрезентативец Мартен Де Рон имаше интересна преписка со УЕФА.

Дами и господа, нејзиното височество Лига на шампиони

Вечерва започнува групната фаза на јубилејното 65. издание на Лигата на шампионите (28. во актуелната формула), турнир кој со квалификации започна на 25 јуни и кој одново носи енорнма заработка за сите учесници.

Норич знае дека клин со клин се боде

Фудбалерите на Норич го направија најголемото изненадување во Премиер лигата после 5 истрчани рунди. Со 3-2 го совладаа шампионот Манчестер Сити, а освен што му дадоа 3 гола, го издоминираа и по други параметри. Пример по она  

Вака ако се брукате меѓу себе, тешко до опстанок

После 5 одиграни кола во Премиер, клубот кој потроши пари на трансфери на ниво на Реал и Барселона, има учинок од 3 порази, 1 реми и 1 победа. Синоќа на мечот Астон Вила - Вест Хем, двајца домашни фудбалери, Анвар Ел Гази и Тајрон Мингс за малку не се затепаа после 30 минути игра.

Трансферот на Михтарјан спаси 13 годишно дете од Кенија

Добро де не го спаси директно, ама помогна, а тоа се случува трет пат во рок од два месеци. Браво за иницијативата на Рома. Летово направија одлично дело.

Удри гром на средношколски фудбалски натпревар

Не е воопшто наивно кога оваа натприродна катастрофа ќе удри наеднаш, бидејќи не знаеш каде и кога може тоа да се случи. Среќа ова во Јамајка заврши без жртви, туку само со четворица повредени кои завршија во болница. Лани во Јужна Африка настрада 21 годишен фудбалер откако два месеци беше во кома. Заебано.

Антологиски автогол после промашен пенал

Мајко мила колку е ова лошо, комично, нестварно и незамисливо. Ќе си почине од мака човеков. Па да можевме да ги собереме сите видеа од 19-ти век кога почнал да се игра фудбалот во Англија, па до сега, нема да најдеме ваков автогол.

Многу чудна одбрана на Ноер

Откако неговата резерва во репрезентацијата, Марк-Андре Тер Штеген отворено праша како е можно да брани редовно и добро во Барселона, а во Германија да биде резерва, Мануел Ноер му одговори на гостувањето против Лајпциг (1:1).

Шалке 04 бил омилен клуб на Хитлер и ден-денес прави сè да го обели образот

Тешки времиња носат и тешко бреме, па така омилениот клуб на рударите од градот со најмногу јаглен во Германија, морал да помине низ најмачниот период во историјата на земјата.

Вие мразете ме, ама јас си дробам

Нејмар имаше страшно добар кам бек во дресот на ПСЖ, бидејќи во 92-ра минута на 0:0 постигна еврогол со кој го реши мечот. Но на трибини имаше транспаренти кои не се читање, како и скандирање против него, бидејќи летово со сите сили работеше на случајот да се врати во Барса. И покрај целиот атак против него, како и паузата поради повреда, погледне како им игра еден на еден.

Епа админе, овие твоиве на терен не се како тебе

Додека социјалните мрежи на ФК Осогово растураат, оние кои треба најмногу да запнат на теренот, не знаат што е тоа освоен бод. Па така и админот им се намести на пенал на противниците.

Цел тим на Болоња му пееше под прозор на Михајловиќ

Колку што Синиша Михајловиќ и болен се дава за своите играчи, толку и тие се даваат за него. Направија херојски пресврт после еден негов телефонски повик на полувреме, а потоа му се исправија пред болница. Какви сцени се ова.