Фудбал

Пушам од 5-то одделение по утакмици кога одам

Ај што неговиот Бурсаспор го победи елитниот Фенербахче со 2-1, туку што он стана главна ѕвезда во цела Турција. Само не знаеме дома дали било сè во ред кога се вратил.

Лажњак на Марез по кој се самоуништија двајца

Тие имаа најдобра намера, да му ја земат, ама завршија лошо, особено тој едниот кој ни крив ни должен требаше беше соборен на земја од свој колега. Цепки ситуација.

Така се гостува, ги газиш набрзина и си одиш

По ремито против Словенија и Израел, македонската фудбалска репрезентација ја продолжува позитивната гостинска низа. Петте освоени бодови на гости нека бидат мотив плус и за реванш средбите против Полска и Австрија.

Пандев и Барди за 3 минути ја средија Летонија

Супер прво полувреме за македонската фудбалска репрезентација. Веќе до 17-та минута разбиена е Летонија со два гола на гости. Елмас, Барди и Пандев одиграа акција со која ја извадија од колосек одбраната, а Барди испука бомба на прва.

Потег број 1 во квалификациите за ЕП

Светскиот шампион Франција очекувано со 4:1 ја декласираше Албанија во квалификациите за ЕП 2020. Гризман не успеа да постигне гол, а промаши и пенал, но УЕФА токму неговиот потег го прогласи за нумеро уно. Богами заслужено.

Матиќ го сликаше син му со Роналдо

По завршувањето на мечот од квалификациите за ЕП 2020 Србија - Португалија (2:4), син му на фудбалерот на Манчестер Јунајтед со уште едно другаче посакал да се слика со Роналдо.

Како најдобро да се искористи шумeстиот стадион на Победа

Со оглед на тоа што Амазон си иба мајката, а тоа донесе огромна загриженост бидејќи планетата загуби важен прочистувач на воздухот, редно време е Прилепчани да се откажат од домашен фудбал за доброто на светот. Пошто и онака го немаат.

Го направи мајмун без да ја пипне топката

Напаѓачот на Реал Сосиедад Александар Исак има само 19 години, ама како искусно го излета чуварот, секоја чест. Дриблингот без допир на топка се случи на квалификацискиот меч Фарски Острови - Шведска 0:4 на кој Исак беше двоен стрелец.

Асистенција на месецот

Словенија со 2-0 ја совлада Полска во квалификациите за Евро 2020, а вториот гол кој го даде Андраж Спорар падна после најубавата асистенција можеби на сезоната.

Еден баш смотан автогол

Репрезентацијата на Велс предводена од Рајан Гигс ќе има тешка задача да освои едно од првите две места пред Хрватска и Унгарија. Ама патот им го олеснува Павло Пашаев од Азербејџан.

Ко ќе го видиш Гигс во тоалет а он не може да додржи

Ја начекуваш најголемата легенда на Манчестер Јунајтед и актуелен селектор на Велс и не си свесен дека и он е жив човек со елементарни потреби.

Како Србите ја најавија пресметката со Португалија

Србија во сабота со почеток од 20:45 на домашен терен има пресметка против селекција со која играше во група и на претходните квалификации за ЕП 2016. Ах какви спомени имаат од тој дуел. Во Лисабон тогаш загубија 2:1, ама голот што го дадоа е „тражили сте гледајте“.

Италија нема пораз на ЕП квалификации од времето на Пипо Инѕаги

И покрај тоа што секогаш во својата група е меѓу двата главни фаворити за пласман на Европско, селекцијата на Италија сепак успеа да направи серија за почит или поточно да оствари рекорд на кој може да подзавиди и една Шпанија.

Шкотска да игра во розово? И нам нешто не ни оди, ама носеле низ историјата

Шкотите речиси секогаш играат во традиционални сино-бели бои и тешко е да се поверува дека оваа брутална репрезентација позната по фајтерска игра некогаш играла во розови дресови. Пред три години така се појавуваа на гостувања, а и пред 100 години играле во оваа боја.

Епската одбрана која никој нема муда да ја повтори

Сè што сте гледале и паметите од голмански интервенции заборавете, бидејќи тоа што го направи легендарниот Рене Игита ќе остане во аналите на фудбалот. Колумбиецот собра енормно голема храброст тоа да го стори не на тренинг, туку на натпревар против една Англија. Се случи на денешен ден пред точно 24 години.

Контролата на јапонскиот бисер и соиграч на Трајковски

На 22 август Реал Мадрид одлучи да го прати јапонскиот вундеркинд Такефуса Куба на позајмица во новиот прволигаш Мајорка. Таму се соиграчи со нашиот репрезентативец кој ќе ужива во потезите на малиот.

Ова Тијаго е или Роналдињо?

Романците синоќа имаа чест да ја гледаат Шпанија во живо која си замина од Букурешт со триумф од 1:2. За вакви нинџи со топка, минимум еден час порано се оди на стадион пошто уште на загревање откачуваат. Тијаго Алкантара што сака и прави на топката. Пази ја прима не на гради, туку на рамо и потоа ја лепи.

Најглупавиот и најнејасниот клизач на годината

Клизачот е до толку глуп, што не му ни успеа како што треба и затоа го потегна за рака. Плус играчов на Бермудите има многу да објаснува за потегов, бидејќи не му го направи на противнички играч, туку на селекторот на Панама.

Борбено издание на Македонија за убав бод во Израел

Во 5. коло од квалификациите за Евро 2020, најдобрите македонски фудбалери освоија драгоцен бод на гостувањето во Бер Шева, со кој остануваат во игра за второто место во групата. Аријан Адеми ја потврди животната форма од Динамо и постигна ефектен гол со глава.

Уникатно видео од Меси како мал

Неговиот сакан клуб од детството, Њуелс Олд Бојс на својот Твитер профил објави архивска снимка со мајсториите на Лионел како мал. Идентични дриблинзи, брзина и луциднос како денес.

Сегде појди, дома дојди - чудно лето за шпицот на Виљареал

Фудбалскиот клуб Малага (игра во Сегунда) е извор на нејасни информации, шпекулации и чудни зделки. Наводно имаа сериозни планови за сезонава, ама на крај, како и секоја во последниве 4-5 години, ни сами не знаат кај тераат.

Вака почна како дете и потоа стана Принц на Рим

На денешен ден во 1994-та, на Олимпико почна да се создава една историска личност, која кој знае кога повторно ќе ја доживеат. 18 годишниот почетник познат како Франчесто Тоти го постигна деби голот за Рома. Две децении потоа стигна до рекордни 786 настапи и 307 погодоци. Легенда е млак збор за опис.

Како е можно?

За време на пријателската Англија - Перу, на „Вембли“ во Лондон полета најневеројатното авионче направено од хартија. Колкави се шансите ова стварно да се случи?

На свадба му дошле тетки, братучеди, комшии и Нголо Канте

Во светскиот фудбал има аксиома: Нголо Канте е со сигурност еден од најскромните и најпријатните играчи, далеку од бурниот живот на суперѕвездите од насловните страни. Канте е људина.