Минатата недела стартуваше четвртата сезона од глобалниот хит, серијата Money Heist, една од најгледаните серии на платформата Netflix.
Една од главните улоги во оваа серија игра Енрике Арсе (1972) кој совршено се уклопува во улогата на Артурито кој по секоја цена сака да избега од заложништво во Монетниот двор на кралска Шпанија.
Артурито кон својот лик генерира омраза со провокативни и иритантни дејствија и со тоа што ги издава колегите од работа (заложниците). Тајната на таквата уникатна внесеност во улогата е во тоа што Арсе и во реалниот живот не бира зборови и знае да држи огнени говори.
Во прв ред кога оди на стадион каде од срце навива за Валенсија. „На првиот меч на Валенсија во животот ме однесе татко ми. Тој беше далеку од сето тоа, а јас и моите пријатели ја имавме таа среќа од рана возраст да ја посетуваме прекрасната „Местаља“.
Првото далечно сеќавање на Артуро поврзано со фудбал датира од '80-те години кога Валенсија првпат во својата историја го освоила Купот на Куп победници откако го победила Арсенал во финалето (0:0, 5:4 на пенали).
Тогаш „лилјаците“ ги тренирал еден од најголемите играчи во историјата - Алфредо Ди Стефано.
Во тоа време главна ѕвезда на Валенсија и општо европскиот фудбал беше Марио Кемпес. Аргентинскиот бомбардер до ден-денес му е идол на актерот Арсе (Артурито):
„Минатата година кога Валенсија славеше јубилеј 100-годишнина од основањето, мене ме викнаа во соблекувална каде го сретнав Кемпес. Ми се тресеа раце од возбуда“, раскажува Арсе.
Тој тешко го преживува времето на газдување на Питер Лим на „Местаља“ (претседателот на клубот кој навивачите не го сакаат баш многу зошто врбува со најпознатиот светски фудбалски агент Хорхе Мендеш). Но минатата година кога Валенсија во финалето на Копа дел Реј сензационално ја совлада Барселона и го освои пехарот, бил најсреќен ден во животот на Артуро.
Тој посебно барал слободно време меѓу снимањата во Money Heist и Terminator за да оди на финалето на Купот.
Интересно Арсе на неколку дена пред големиот судир меѓу Барса и Валенсија дал интервју за AS. Ај што бил сигурен во победа на Валенсија која беше аутсајдер, туку и го погодил точниот резултат 2:1. Само што за стрелци ги прогнозирал Парехо и Солер, а головите ги дадоа Гамеиро и Родриго за деноноќно славје во градот на паељата.
Глумецот Арсе е добар другар со капитенот на Валенсија Парехо со кого комуницираат на дневна основа. Така на пример во пресрет на премиерата на четврта сезона Money Heist тие двајца организирале заеднички стрим на YouTube каде одговорале на прашањата на љубителите на серијата.
Капитенот на Валенсија за Арсе вели дека го потсеќа на еден негов соиграч: „Артурито е како Родриго Морено. Прво не го сакаа многу на “Местаља“ но со својата упорна работа докажа дека е меѓу најдобрите играчи и лидери на екипата кога таа се наоѓа во крајно тешка положба“.
Добро, Артурито го потсеќа Парехо на Родриго, но на кој го потсеќа Професорот? Парехо нема никаков сомнеж и како од топ одговара: „На Марселињо Гарсија Торал. Нашиот поранешен тренер го разбира и анализира фудбалот до најситни детали. Марселињо е ист како Професорот, перфекционист. За се одговара“.
А управата на Валенсија го отпушти Марселино поради тоа што не сакал наметнати трансфери од надвор.
Страста на Артурито за Валенсија излегува од рамките. После еден меч против Реал тој на социјалните мрежи напишал: „Запамтете, јас сум прво анти-мадридиста а после сум човек и после актер. По тој ред“.
После неколку дена Артурито (колку ли слично со серијата) се извинувал и барал простување: „Не сакав да го навредам Реал зошто е еден од најголемите клубови на светот. И кога зборев за корупцијата во фудбалот не кажав за некој играч, тренер ии претседател, туку за фудбалската федерација. Во секој случај не смеам да си дозволам такво однесување“, напишал Арсе.
Но има уште една причина зошто Артурито не го сака баш Реал. Тој е импресиониран од Лионел Меси.
„Знаете, ова можеби е баналност, но јас сум спремен да го ограбам Монетарниот двор на Шпанија (La Casa De Papel) за да и го купам Меси на Валенсија. Тој е најдобар играч во историјата на фудбалот. Таков геније веќе нема да се роди“, вели Артуро.
За време на карантинот и изолацијата глобално поради Ковид-19, Арсе имал повеќе слободно време па можел да ја анализира повеќе играта на Вааленсија и да зборува за кризата на резултати на овој клуб пред прекинот на шпанска Примера:
„Приметив дека на играчите им фали самуовереност и ладнокрвност. Им посакувам да ги имаат овие квалитети на Берлин“.