Фудбал

Член е на Бундеслига, а игра во одбрана како најголем пацер

Келн го совлада Фрајбург викендов со 4:0, а во една од контрите видовме ужасна игра еден на еден на дефанзивец на гостите. Какво е ова позиционирање и маркирање? Очаен баланс на тело.

Кваљарела ти старееш ли?

Има 37 години и еден од оние како Пандев на кој не му пречат годините за да може да растура во напад. Синоќа Сампдорија загуби дома 2:4 од Наполи, Елмас даде гол првенец, ама потегот на мечот го има извонредниот Фабио Кваљарела.

Деби гол и солзи радосници на Елмас

По скоро шест месеци престој во Серија А, Елиф Елмас конечно се израдува на првиот гол откако направи голем трансфер од Турција во Италија. Наполитанците ја совладаа Сампдорија на гости со 2:4, а македонскиот репрезентативец го даде голот за 0:2 во 16-та минута и ја оправда шансата која му ја даде Гатузо во прв тим.

Момците на Мурињо се отворија во соблекувална

Тотенхем го совлада Манчестер Сити 2:0 во дербито на колото, а по тие 90 тешки минути фудбал следуваше малку опуштење во соблекувална барем за тројца играчи кои имаа спремено кореографија. Би сакале и Жозе да го видиме некогаш во вакво светло.

Кај има чад има и оган

VАК410, најбројната ултрас група на Ајакс од Амстердам, пред стартот на големото дерби против ПСВ Ајндховен (1:0) од својата трибина распали многу пиротехника.

Како Роналдо ги прославил сите 50 гола за Јувентус?

Португалецот сезонава има 19 гола и 2 асистенции во Серија А, 2 гола во Лига на шампиони со 2 асистнеции и 1 гол во Купот на Италија. Против Фиорентина минатиов викенд постигна 2 гола од пенал и стигна до бројката од вкупно 50 погодоци за Јувентус. Интересно, Газета дело спорт објави слика на која се гледа како Кристијано Роналдо ги прославувал сите голови во Јувентус.

Браво капитениште

Жоакин се прослави во Валенсија, ама легенда е на Бетис. Таму ја почна кариерата, претходно беше во академијата, а во 2015-та се врати и еве го на 38 уште игра за нив. Гестов кон 80 годишната навивачка му е чиста 10-ка, во облаци е од среќа. 

Пеп треба да каже „Ја предаваме“, бидејќи нема смисла ова што го прави Ливерпул

Навивачите на актуелниот европски и светски првак не размислуваат дали сезонава ќе ја освојат титулата во Премиер лигата, туку се занимаваат со есапот кога најбрзо можат да ја освојат. Со оглед на формата треба да престанат да играат за друг да може да им ја земе. 

Судија исклучи играч, после ВАР го врати од соблекувална, па пак го исклучи

Скроз е подруго кога се гледа од телевизија, од ВАР соба, од трибини, со она што главниот судија на мечот го гледа во живо меѓу играчите. Во Шпанија поради тоа се случи најлудата епизода.

Како Мурињо менува расположение во пар секунди

Не, човекот има толку природни реакции што стварно колку и да е некому антипатичен, пак на крајот не можеш да не го цениш. Пази ова: Сити доби пенал после ВАР, ама Уго Лорис го одбрани и Мурињо горд и среќен се дичи како паун. А уште кога помошникот му кажа дека Стерлинг веќе има жолт картон и дека судијата Мајк Дин требал да му покаже втор за глума по одбиената топка - се залета накај четвртиот судија:

Продолжување на големата династија - за Милан дебитираше син му на Малдини, внук на Чезаре

Конечно се случи тоа што многумина го очекуваа - настан кој ќе се памети засекогаш, особено меѓу навивачите на еден од најтрофејните клубови во историјата.

Што убаво воспитани тренериве

Запознајте ги двајцата српски тренери Милан Павловиќ кој го тренира Иртиш од Казахстан и Милан Косановиќ кој е на кормилото на Раднички Ниш. Се сретнаа на пријателски натпревар во Турција и од што примерно се однесуваа, видеото во еден момент остана без тон, а теренот без играчи.

Чиро бе што стори?

Заборавете на Меси, Роналдо, Мбапе, Нејмар и останатите на кои прво нешто во глава им е да постигнаt гол. Кралот во напад сезонава е напаѓачот на Италија кој денеска го однесе Лацио на второ место.

Ах да ти е Сер Алекс Фергусон

Германскиот тренер на клупата на ПСЖ, Томас Тухел од коло во коло има мака со некоја од размазените ѕвезди во екипата. Има преку 15-20 одлични фудбалери и не знае за кој да се реши да игра попрво. Така на мечот ПСЖ - Монпеље (5:0) го извади Мбапе од игра со цел да го одмори и сочува за тоа што ги чека во Лига на шампиони, ама овој се налути па Тухел почна да му се правда.

Нов јак твит од Македонска Каменица

Пред почетокот на пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига (29.02), Саса и Осогово договориле пријателска средба за недела од 13:30 во Македонска Каменица. Домаќините сега ги прозиваат гостите за тоа што убедливо ги совладаа на 20-ти откомври лани со 2-5 среде Кочани во првенство.

Судија, еве ти жолт картон зошто си многу изгубен

Ај што даде гол за неговиот Свонси да освои драгоцен бод на гостувањето кај Престон (1:1), туку Риан Брустер го изнасмеа и цел стадион „Дипдејл“ кога му го најде изгубениот жолт картон на судијата Џеф Елтрингам.

Да ја решиш на гости за 3 бода со страшен волеј во 90-та минута

Водел Куеретаро во мексиканската Лига МХ на гости против Монтереј 0-1 од 13' минута. Домаќинот стигнува до израмнување во 66' минута и доаѓа 90+ судиско продолжение. Таму ѕверот Ариел Науелпан со заштитна маска на лице дава еврогол за 1-2.

Бока - Ривер е жестоко дерби и кога играат жени

Женскиот фудбалски тим на Бока ги совлада противничките од Ривер Плејт со 2:0. Интересно овој меч се одигра без големо присуство на полиција и редар, без огради, со што аргентинските органи на редот сакаа да покажат дека, ете, може да се игра без нереди. Ама на терен не беше така.

Голман ти држ го твојот дел, другиот јас ќе го бранам

Валенсија ја совлада Селта 1:0, ама тоа немаше да се случи ако голманот во еден момент не добиеше помошник. Тоа е подвижниот Дани Парехо кој на многу интелигентен начин го спаси голот.

Не дише Танзанија додека игра Астон Вила

Мбвана Самата пред десетина дена стана првиот играч во историјата на Танзанија кој потпишал во клуб од Премиер лига. Дебито кај него дома се гледаше како да е мундијалско финале.

Царот Мурињо сам си поставуваше прашања на прес и сам одговараше

Во недела од 17:30 се игра големото дерби Тотенхем - Манчестер Сити, па Жозе уредно се појави пред новинарите. И додека се сместиле сите, Мурињо сам си поставил 3 прашања кои сигурно го очекуваа на пресот.

За него тврдат дека е новиот Роналдо

Имало многу такви најави за наследници на Марадона, Меси и Роналдо, ама досега ниеден не ги оствари тие предвидувања. Овојпат, Барселона од португалска Брага го купила Франсиско Тринкао, 20-годишен крилен напаѓач за кого издвоиле 31 милион евра и кој на „Камп Ноу“ ќе дојде на 1. јули.

Му рекле потпишуваш со Барса, се спакувал и на пола пат му рекле не доаѓај

Управата на Барселона, конкретно спортскиот сектор веќе некое време работи непрофесионално а тоа се одразува и на резултатите. Последна заврзлама е во случајот со шпицот Седрик Бакамбу.