Дидие Дрогба денес има 41 година. Времето проаѓа, ама на „Стемфорд Бриџ“ никогаш нема да ги заборават неговите 9 сезони во дресот на Челси во два наврати и повеќе од 100 гола од кои десетина во финалиња на Лига на шампиони, ФА Куп, Лига Куп итн.
Прво си кажаа добровечер, но во следниот миг Конте се збуни и почна да се смее, па откако сфати кој му поставува прашање тој му возрати со прашањето „Како си“? Потоа објасни дека се работи за негов играч од Бари со кој ја освоиле Серија Б.
За време на еден меч од германското фудбалско подземје меѓу Прусен Минстер и Вурцбергер Кикерс, гостинскиот фудбалер Лирој Квадво кој доаѓа од Гана бил расистички навредуван од еден навивач на кој му се врти цел стадион.
Веќе добри три години го селеа во Јуве, Интер, Сити, Реал, Челси...за суми од 80, 100, 120 милиони евра, ама српскиот репрезентативец и натаму е во Рим. Дечкото везе и не се плаши од никој во среден ред.
Легендарниот Дејан Станковиќ го имаше своето тренерско деби и ќе го памети по победата на неговата Црвена звезда над Чукарички од 0:2. Шампионот на Србија со брзи два гола го реши мечот, а вториот погодок, дело на младиот Његош Петровиќ беше проектил.
Во бразилски куп се сретнаа нисколигашот Сао Раимундо и славниот Крузеиро. Мечот заврши 2:2, а во 79’ минута се случи комична ситуација кога гостинскиот фудбалер Еду направи тежок фаул, па со соиграчите пробаа да го збунат судијата да не знае кого да исклучи. Ама на крај не куртули.
Кога камерата во текот на еден пренос го дава во кадар Пеп Гвардиола, речиси никој не знае кој е човекот кој седи или стои во негова близина. Станува збор за икона на шпанското ватерполо, рекордер по број на настапи и голови и личен советник на Пеп Гвардиола со кого освојуваат трофеи насекаде.
„Извинете ама јас сега ќе мора да се бранам, бидејќи од последниот пат кога ми удри бокс уште ме боли“, рече Мино Рајола за Златан кој овој пат помина многу полесно.
Шест години по ред (1998-2003) ФИФА го прогласуваше за најдобар судија во светот. Беше познат по својата строга принципиелност и имаше голем авторитет. Сега да суди во ова време на размазени милионери, ќе ги реши во секунда.
Мухамед Туре е фудбалер или поточно дете кое постави рекорд тешко достижен во фудбалот. Даде гол во прволигашки фудбал, а е пилиштар кој според годините што има кај нас би се водел за прва средно.
Излегува Џиџи во тунелот под трибините на Сан Сиро и новинарите го застануваат. „За дресот на Даниел да ни кажеш два збора“. И Буфон со интересно излагање.
Вниманието од стартот на годинава во Милан е насочено најмногу кон Ибрахимовиќ, но во последно време се повеќе се истакнува Анте Ребиќ. Хрватот на последните 6 меча даде 5 гола, а погоди и вчера против Јуве. Де Лихт добро ја почувствува неговата форма во оваа игра еден на еден.
Да, има врска со славниот кошаркар на Чикаго Булс. Внук му е. Се вика Тончи Кукоч, роден е во Сплит а во моментов игра за Хонвед од Будимпешта. На мечот против Халадас во унгарскиот Куп даде победнички гол и се качи на трибините да си аплаудира сам на себе. Доби жолт картон за прославата.
Водителот прво го прашува: Следиш фудбал? Да. Потоа треба да погоди нешто што го знаат точно и деца од основно. Ама деца што стварно следат фудбал. Attaccante е напаѓач, а difensore дефанзивец. По одговорите ќе сфатите колку е он уствари дудук на темава.
Синоќа двајцата летаа по теренот против Интер на преполниот „Сан Сиро“ и беа заслужни што Наполи славеше 0:1 пред реваншот од 1/2 финале на Куп во Неапол. Елмас и Дрис Мертенс, Белгиецот на кого му фалат само 2 гола да стане најдобар стрелец во историјата на клубот и да го надмине Марек Хамшик, знаеа да ја прославата победата со песна.
Шпанскиот lavozdegalicia.es носи една епизода во која тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан при пат до базата на клубот Валдебебас, удрил кола пред него.
Симпатичен клуб кој повеќе бил во горниот дел од табелата во елитната Бундеслига, отколку во долниот. Почнал како гимнастичарски клуб па основале фудбалска секција. Гигантот Баер и фудбалскиот клуб од Леверкузен.
Со оглед на тоа што до мечот со Косово има уште само 42 дена, добро е што една од главните алки во играта на Македонија добива повторно минутажа. И тоа во прв тим и 90 минути во полуфинале против Интер. Рино е задоволен.
Во 2. рунда од Копа Либертадорес аргентинскиот Атлетико Тукуман со 2-0 го победи Стронгест од Боливија и откако ја стигна негативата од 0-2 на првиот меч, се изведуваа пенали. А таму циркуз изведуваше Роландо Блекбурн.
Еден од подобрите италијански стратези на денешницата, тренерот на Јувентус Маурицио Сари проаѓа низ тежок период: доживеа два тешки порази во три меча, новинарите го напаѓаат, управата му е наострена.
Роден во Шведска на 2 ноември 1980 година, Кенеди Бакирчиоглу потекнувал од асирско православно семејство кое во Шведска дошло во 1972 година од градчето Мидјат во Турција. Ова е приказната за еден од најомилените фудбалери во Шведска и култен лик на видео играта Менаџер.
На навивачите на Интер им е мило кога ќе се спомне Бобо Виери, Никола Вентола, Горан Пандев, Диего Милито и Самуел Ето. Ама посебни симпатии имаа за Уругваецот кој од ништо правеше нешто со топката. Страшна левица!