Фудбал

Од кој меч потекнува сликата на Платини и Марадона која го сврте цел Интернет?

На социјалните медиуми посветени за олд скул фотографии, се појави слика на која Пеле, Марадона и Платини стојат заедно пред почеток на натпревар.

Тренерот на Бенфика што на заминување го проколна клубот

Португалскиот гигант Бенфика е еден од најтрофејните клубови од оваа земја. Секоја година игра во Европа, а неколку пати стигнуваше дури до крајот, во финалето каде редовно губеа. Откако изгубија неколку финалиња на Лига Европа по ред, навивачите на овој клуб почнаа да сомневаат дека тоа е поради некогашниот историски тренер, Израелецот Бела Гутман кој на одење им рекол: „Никогаш ништо да не освоите“.

Не ми се смејте да не се лизнам и ви дадам гол

Не е секој кадарен за удар од белата точка. Или подобро вака. Никој не може ова да го извежба за да го повтори. Некои потези во фудбалот се уникатни и единствени.

Добар дефанзивец и со задник фаќа топка

Во ситуација кога го немаше суспендираниот Кулибали, друштво во одбраната на Манолас му правеше резервистот на Наполи, Луперто, кој против Торино на гости имаше неколку интересни реакции. Како на пример оваа.

Златан до шведскиот селектор: „Се покака во гаќи, па викна мигранти во репрезентација“

Шведската јавност речиси секогаш е на страната на Ибра, со кого и да е во конфликт, но овојпат ситуацијата е спротивна. Селекторот Јане Андерсон е вербално нападнат од Ибра, а Швеѓаните го бранат.

Седум твитови кои го опишуваат стартот во Премиер лига

Паузава за репрезентации е мелем на душа за Солскјер и Покетино. Нивните екипи се претенденти за Европа, а не освоија ни пола бодови од можните 24. Тие ги има само Ливерпул кој им се постави во Премиер лига како прав европски шампион. Покрај другите и Сити киксира.

Дембеле има по 20 гола со лева и 20 со десна, вика дека е левак кој подобро шутира со десна

Барса ја совлада Севиља откако после почетниот притисок домаќинот се ослободи и во рок од 20-ина минути постигна три гола. Суарез со ножички, Видал после интересна комбинација, Дембеле од лево крило со десна во подалечниот агол, а Меси од слободен го затвори мечот.

Барса, Атлетико и Реал дали да играат или да чуваат куќа од крадци

Како што пренесуваат шпанските медиуми, домот на Томас Парти од Атлетико Мадрид по втор пат бил провален и фудбалерот ограбен во само една недела. Парти е којзнае кој фудбалер по ред на кого му го пљачкаат домот.

Меси се обиде да го одбрани Дембеле пред судијата како во маало

Обично е тивок на зборови и ретко го гледаме да влегува во конфликт со судии. Но на крајот од мечот против Севиља, Меси имаше обид да го оправда Осман Дембеле за црвениот картон на начин кој нема шанси да му пројде ни во трета лига.

Резервите на Јуве глупаво е да се наречат резерви

Со оглед на тоа каков избор имаат на клупа, не знаеш од кого повеќе да се плашиш, дали од нив или од тие што ќе истрчаат први. Синоќа на Сан Сиро, Сари во второ ги внесе Игуаин и Бентакур кои со една акција ја украдоа сцената.

ВАР пред и потоа со Рој Хоџсон на клупата

Вест Хем поведе со 1-0 и за очекување беше да ги освои трите бода, но Кристал Палас направи целосен пресврт и со голот на Џордан Ајо (се прегледуваше на ВАР) ги однесе бодовите дома. Стариот волк Рој Хоџсон имаше интересен израз на лицето пред, за време и по прегледувањето на ВАР.

Како може со ВАР да ти се одмили роденденот?

Навиваш за Вест Хем и водиш 1:0 против Кристал Палас. Прво ти израмнуваат, а потоа во 87-ма минута додека дуваш торта, се вртиш да видиш што одлучила технологијата за спорниот гол на гостите.

Меси никогаш прв не бара да смени дрес, синоќа имаше повод да побара

Во дербито на колото во шпанската Ла Лига, Барселона на „Камп Ноу“ со 4-0 ја размонтира Севиља и стигна до 2. место на табелата, зад вечниот ривал Реал Мадрид.

Пике намерно заработи жолт, за да ја одработи казната пред Реал

Откако собра 4 жолти картони во досегашниот тек од првенството (за пет добиени се пропушта еден меч поради суспензија), Жерар Пике реши во самиот финиш од мечот со Севиља да ја рогне топката намерно, со цел да го испровоцира судијата Мигел Лахоз да му покаже „жолта карта“ со која што ќе го пропушти мечот со Еибар, па ќе ја исчисти суспензијата за Ел Класико (26 октомври, Камп Ноу).

Рој пчели кај корнер знаменцето, Дани Алвеш не можеше да изведе

На фудбалските терени сме виделе кучиња, мачки, лисици, зајци, па и вол. Ама досега не паметиме рој пчели (или оси) да го прекинат мечот. И тоа не кој било, туку Сао Пауло - Форталеза од бразилската најдобра лига. Лидерот на домаќинот, легендата Даниел Алвеш не можеше да центрира зошто го нападнаа пчели.

Целата акција за голот на Игуаин со кој Јуве ја стиши Меаца

Имаше Интер 6/6 во Серија А, пред да дојде актуелниот шампион и со 1-2 да триумфира пред повеќе од 60.000 луѓе на „Џузепе Меаца“. Резултатот го отвори Дибала, израмни Лаутаро од пенал, за Игуаин кој влезе од клупата да го реши мечот.

Рогачката на прва од центар до Ѓорче

Се вика Алесио Сабионе, игра во одбрана за Бари и не дава топката да мине половина. Плус он има посебна способност за расчистување опасност која изгледа вака.

Бие Златан, ама бие и Вела

Кога во присуство на Ибрахимовиќ во МЛС ќе постигне 34 гола, тоа значи дека Мексиканецот Вела не само што поставил нов рекорд, туку и дека ќе ја освои Златната копачка за најдобар стрелец во Америка. Карлос имаше хет-трик синоќа во триумфот на Лос Анџелес против Колорадо. 34 гола на 30 меча. Погледнете му го голот со ножички.

Најјаката тики така се случи во Полска

Фудбалерите на Висла Краков одиграа толку јака тики така што успеаа да му ја сокријат топката на противникот. Што не им ја земете да ве видам.

И да му се тргнеш и да го чуваш исти ѓаол

Шест кратниот освојувач на признанието на ФИФА за играч број 1 во светот, синоќа за малку не го постигна еден од најубавите голови во кариерата од индивидуална акција. Нема кога ќе тргне ко јапонска локомотива е. И не само тоа, синоќа против Севиља ја прекина серијата без гол како што е редот, со велемајсторија.

Златан си ги работи Американците како мали деца

Сите бабури што ги јаде додека дава изјави откако игра во МЛС си ги оправдува на терен. Не знаеш што да очекуваш кога ќе прими топка и на 20 метри од гол и џабе е и да го удвојуваш. Погледнете го доктор Златан Ибрахимовиќ што работи на полни 38 години.

Не само што не ја прими, туку се самоиздрибла

Агонијата на Манчестер Јунајтед продолжува и со 11-то гостување по ред без победа на сите натпреварувања. Овој пат загубија од Њукасл со 1:0 и сега се 12-ти со 9 бода по 8 кола. Нивниот старт сезонава најдобро се опишува со потегов на Фред. На Переира не му се веруваше што гледа.

Луис Суарез ала Пеле

Не е никаков проблем што не му оди на Меси со голови, кога Барселона има ваков Суарез. После пресвртот над Интер, продолжува со евроголови и против Севиља која за 8 минути попи три парчива во прво. Одиме со акбробацијата број 1 за овој викенд. Во стилот на Пеле или Марко Ван Бастен, како сакате.

Марадона во свој стил ја прослави првата победа

Во натпревар со 6 гола, екипата која од скоро ја води Диего Марадона, Химнасија Ла Плата ја прослави првата победа сезонава, 2-4 на гости против Годој Круз. Марадона знаеше како да го прослави триумфот.