Лигата на Фарски Острови (Betri deildin menn) требаше да започне во март, но се одложи од веќе глобални јасни причини.
Од почеток на пандемијата, на Фарски Острови биле регистрирани 187 случаи (последниот датира од 22 април), а на 8 мај властите соопштиле дека сите пациенти се излечени.
Групата острови меѓу Шкотска и Шпанија е во целост ослободена од КОВИД-19.
„Како нација го постигнавме тоа што не им успеа на многумина. Треба да сме благодарни и горди на тоа што го постигнавме. Скоро ќе се вратиме на нормалниот секојдневен живот толку колку што ќе можеме во овие ненормални околности“, изјавил премиерот на Фарски Острови Бардур Стејг Нилсен.
Следувало враќање на спортот во контролирани услови.
Во најдобрата лига на Фарски Острови играат 10 клуба. Сите 5 натпревари од првото коло се одиграле во ист ден, без гледачи.
Мечот на колото бил дербито меѓу актуелниот шампион Клаксвик и вицешампионот Б-36 од Торшавн. Во октомври минатата година овие два тима во директен дуел одлучувале кој ќе ја освои титулата и мечот го следеле рекордни 6.000 гледачи (дури 11,5% од населението на Фарски Острови).
Во саботата на натпреварите биле пуштени не повеќе од 50 луѓе со се фудбалерите, тренерите и редарите. Шампионот Клаксвик изгубил 0:2 иако пред неколку месеци победил со 3:0 против Б-36.
Кога напаѓачот на гостите, Себастијан Пингел го отворил резултатот, гостите се радувале како прави победници против коронавирус-т - се гушкале и го славеле голот како да не постоела никаква пандемија.
El árbitro da por terminado el partido que B36 Torshavn (Pingel,Olsen) ganó 2-0 a Kí Klaksvik.🇫🇴⚽#BetriDeildin pic.twitter.com/nkzT92D7KX
— Fodbold World (@fodboldworld) May 9, 2020
„Чудно беше. Не знаев каде да трчам. Прво се упатив кон корнер знаменцето, но после ми текна дека нема навивачи, па урлав колку што ме држи глас“, рекол стрелецот на голот Пингер, чиј татко на крајот од '80-те години играл за Њукал.
Слично било и на мечот на НСИ Рунавик - ТБ (3-1), каде соиграчите му скокале од радост на стрелецот на еден од головите Арон Кнудсен.
Голем дел од клубовите на Фарски Острови играат на отворени стадиони, па мерките за забрана на гледачи нешто и не ги погодуваат љубителите на фудбалот.
„Нам некако не ни се допаѓа да ги викаме натпревари без гледачи, зошто нема врати кои би ги затвориле“, вели Биргар Гидбро, генерален секретар на фудбалската федерација на Фарски Острови.
Но и покрај тоа, навивачите воглавно ги следат натпреварите на интернет или на телевизија.
„Локалните жители веќе се навикнаа на правилата и не решија да се собираат околу терените“, вели претседателот на клубот Клаксвик Томас Лервиг.
Интересно, лигата на Фарски Острови се пренесува во Норвешка, Данска и Шведска.
Ова значи дека на Белорусија веќе и се појави првиот европски конкурент. На 16 мај треба да продолжи и долгоочекуваната Бундеслига, а на крајот од овој месец би требале да продолжат и Португалија (веќе тројца играчи позитивни на Ковид-19) и Србија (ќе се доигрува без плејоф).
Надвор од Европа, фудбалот викендов стартуваше во Јужна Кореа каде се одиграа сите натпревари, а оваа убава игра воопшто не запре во Танзанија.