Романтичните и носталгични приказни за Индијанците и каубојците во масовната култура се појавуваат со доаѓањето на вестерн филмовите.
Пред приказните за Дивиот Запад да се пренесат на филм, во своите претстави ги прикажувал Вилијам Коди, попознат како Бафало Бил, најпознатиот ловец на бизони и најколоритна фигура од Дивиот Запад. Шоумен кој тврдел дека уловил 48 од 69 сретнати бизони, дека учествувал во неколку судири со Индијанците, но никогаш не е утврдено дали приказните му се вистинити или пак ги измислувал за рекламна цел.
Коди се родил во Ајова, но неговото семејство набрзо се преселило во Канзас. Животот во провинцискиот град Форт Ливенворт бил подобар од незгодниот Див Запад. Во тие години, уште пред Граѓанската војна, имало судири на робовладетелска основа.
Во еден од судирите татко му на Вилијам Коди (Бафало Бил) бил убиен.
Откако ја изгубил главата на семејството, Бафало Бил отишол да работи уште на 11 години. Се придружил на редовите на извидничиот одред кој тргнал кон Запад, благодарение на што Бафало Бил научил да јава, научил други вештини и се запознал со животот во другите држави.
Во Јута уште на млади години го задушил мормонското востание, а во Калифорнија, каде веќе почнала златната епоха, станал истражувач во долината Холкомб.
До почетокот на Граѓанската војна успеал да работи и во службата Pony Express, а после се запишал во армијата на Северот. Учествувал во неколку вооружени борби со Индијанците и добил неколку ордени.
Тогаш Коди и го добил светски познатиот прекар. Него му го смислил писателот Нед Бантлајн кој својот расказ за животот на Вилијам го објавил во The Work Weekly, а потоа и во романот „Бафало Бил. Кралот на границите“.
Многу од напишаното било измислено, но Коди станал народен херој.
Популарноста на Бафало Бил била толку голема што го инспирирала Бантлајн од писател да стане режисер. Така се појавиле неколку претстави по мотиви од книгата. Главна улога играл Вилијам Коди кој во 1872 година дебитирал во претставата Scouts of the Prairie.
Првиот настап го имал во Илиноис но не ја воодушевил публиката.
„Коди повеќе личи на не баш самоуверен ученик. Прво салата не можеше да ги собере сите заинтересирани, но набрзо многу гледачи пред време излегоа надвор“, пишал Chicago Tribune после премиерата.
Вилијам долго време паралелно бил и јавач и глумец во сопствените претстави а во 1882 го основал шоуто Бафало Бил.
Тоа било повеќе циркуска претстава со родео, со разни борби и натпревари во стрелање. Во шоуто играле и Индијанци меѓу кои и водачот на племето Хункапа Бикот кој седи и Големата Мечка од племето Оглала.
По турнејите ширум САД следувале турнеји по Европа. Циркуското шоу Бафало Бил настапувало пред кралицата Викторија, шоуто го гледале и членови на Руското царско семејство, идниот германски кајзер Вилхем, жителите на Франција, Австро-Унгарија, Италија и други земји.
Во 1891 и 1906 година циркусот со танцувачи, тапани и стрели дошол и во Белгија. Во градот Гент имал многу голем успех: терминот Бафало се задржал во локалниот речник и станал меме. Толпата просто од забава, без причина го извикувала ова име.
Така една група студенти го поздравувала кралот Алберт за време на посетата на монархот на Универзитетот во Гент во 1913-та година со повици: „Бафало! Бафало!“.
Ова меме не ја изгубило популарноста ниту после Првата светска војна.
Името на најпознатиот јавач од Дивиот Запад се слушало и на стадионите во 1920-та година за време на Олимпијадата во Антверпен.
Најмногу скандирања „Бафало! Бафало!“ добил спринтерот Омар Смет, член на спортското друштво Гент. И од тогаш овој клуб го добил прекарот Бафало.
Набрзо навивачите го прифатиле овој прекар и правеле знамиња и банери со лик на Индијанец.
Официјалната симболика на фудбалскиот клуб Гент долго време останала конзервативна, па до 1971-ва година амблемот бил со натпис ГЕНТ и круна. Но во знак на сеќавање на првите навивачи, клубот го сменил логото/грбот.
Од 2013-та година Индијанецот, со перја на главата, гледа на десно, а не на лево како претходно. Така го ребрендирале.
Во Гент биле свесни дека во современо доба, користењето на ликот на Индијанец би можело да биде протолкувано како груба стереотипна навреда. Но во одговор на нападите, луѓето од клубот рекле дека тоа е просто нивна традиција и дека на амблемот стои апсолутно неутрален автохтон жител на Северна Америка.
На официјалниот сајт на клубот има цел опис на историјата: „Повеќе од 100 милиони автохтони Американци биле убиени во годините на прогон, дискриминација и напади. Во САД нивните животи и натаму се тешки: живеат сиромашни, без можност за образование, во лошо здравје и мизерни услови.
Ние бараме од нашите навивачи да го осознаат социјалното значење на амблемот на Гент и го повикуваме кон логото да се однесуваат одговорно и со уважување“.
А навивачите многу го сакаат грбот на својот клуб и дури и се облекуваат во таа костимографија.
To dare is to do 😉 the game is about glory 😘 #totgnt #kaagent pic.twitter.com/rz6Fslzczk
— Mel J. (@JoosMelissa) February 23, 2017
Сепак појавата на маскоти со индијански лик по стадионите предизвикало бурна дискусија во американската јавност. Сузан Харџо од Здружението на индијански племиња Шајен сметала дека е навредливо и недопустливо e автохтон Американец дa биде прикажан од бел човек кој настапува во гротескен костим.
Во 2018-та новинарот на Њујорк Тајмс, Енрдју Кеј објавил текст за односот на европскиот спорт кон логоа со индијанска симболика. Амблемот на Гент се нашол во центарот на внимението, но управата на клубот одбила каква било изјава,
„Ние немаме никаков историски долг пред корените на жителите на Америка. Во тоа е разликата на Европа со САД. Тоа го имаме во предвид кога викаме дека работиме во поинаков историски и културен контекст“, рекол координатор на хуманитарниот фонд на Гент, Вилм Билерт.