Фудбал

Голема тага на улиците на Неапол и Буенос Аирес - замина најголемиот

Диего Марадона живееше во Неапол 7 години но на југот од Италија го сакаат исто колку што го љубат во родната Аргентина. Двата града се завиени во црно откако замина најголемиот на сите времиња.

Неверојатната Аталанта го сруши Ливерпул, а Интер доби нова шлаканица

Борусија Менхенгладбах е големо изненадување во Б групата каде со втор висок триумф над Шахтјор не ја дава лидерската позиција. Реал без Рамос и Бензема ја освои Меаца и го остави Интер со бедни 2 бода. Аталанта и сезонава прави страшни бељи, а Сити и Баерн се со мамсимален учинок.

Аргентинец од Ајакс го имитираше легендарното загревање на Марадона

Има едно славно видео од Диего кој танцува во ритам со топка и прави шоу пред стартот на полуфиналето од Купот на УЕФА меѓу Наполи и Баерн. Неговиот сонародник вечерва во ЛШ против Митјиланд се обид да го ископира и тоа на истата песна.

Уште 100 години ќе се гледа ова ремек дело на Марадона

Неговите погодоци се спектакл за гледање, но само еден го носи епитетот „гол на векот“, кој ФИФА го прогласи во 2002-ра и претставува асоцијација за фудбалскиот волшебник. Аргентина - Англија, четвртфинале на СП 1986 со коментар на Виктор Хуго Моралес. Антологија.

Нè напушти Диего Армандо Марадона

Светот се збогува со фудбалскиот уметник, душата на Аргентина и Неапол, идолот на многу генерации кои го сметаат за најдобар фудбалер на планетата на сите времиња. На 30 октомври наполни 60 години.

Митот за Абрамович, Ѕола и посетата на Сардинија со вреќи пари

Втората половина на '90-те години беше најдобриот период во ХХ век за Челси. Клубот од Лондон во 1955-та станал шампион на Англија и освоил Суперкуп но во тие години бил просечен второлигашки клуб.

Иниеста и на овие години е подобар од пола Барселона

На јапонскиот Висел Кобе не му цветаат рози во домашното првенство каде имаат 5 порази по ред и не знаат за бод уште од пред месец, ама па затоа во Азиската Лига на шампиони играат добро. Го победија кинески Гванжу Евергранд на гости со 1-3 а Иниеста (37) го постигна последниот гол.

Дрим тимот на Македонија со дискутабилен избор

Извесни Аце и Дарко решиле да си поиграат малку со македонската фудбалска репрезентација и се обиделе да го скројат најдобриот состав од осамостојувањето до денес. Имињава звучни, ама има еден проблем. Само Пандев го има од хероите кои ја однесоа Македонија на Европско.

Шестар да не ви треба?

Бразилците се надминаа себеси во геометрија и на еден третолигашки натпревар од центарот на игралиштето успеаа да направат јајце. Како инаку ќе си најдат свое место во еден весник како Гардијан. Цареви.

Номинирани кандидатите за најубав гол на годината

ФИФА го претстави списокот номинанти за премијата „Ференц Пушкаш“ за најдобар гол на сезоната. Сите се кој од кој поубав и човек тешко да се одлучи за кој би гласал.

Директоре не даваш дома да играме? Влагај во контејнер

Во ЛШ од Украина сезонава претставници се Шахтјор Доњецк и Динамо Киев. Ама сте чуле ли вие за ФК Десна? Да и тие се прволигаши со директор кој сакал да го смени стадионот на кој ќе игра клубот. Навивачите се решиле да му пружат третман како на ѓубре.

Тимо без гајле, ја нашле топката на кров

Челси синоќа го обезбеди пласманот во топ 16 од ЛШ со гол во судиско продолжение на гостувањето против Рен. Момците на Лампард можеа да го отворат мечот многу рано уште во 4 минута, ако Тимо Вернер не гаѓаше чавки.

Ако сте подзаборавиле на Санчо

Додека 20-годишниот Холанд со 2 нови гола синоќа ги натера новинарите да рударат какви сè рекорди не срушил (16 гола на 12 меча во ЛШ досега), Џејдон Санчо го даде својот 3 гол сезонава во која има и 4 асистенции на 10 меча. Лани англискиот репрезентативец имаше 20 погодоци и 19 асистенци на 44 настапи. Синоќа од слободен го матираше голманот на Клуб Бриж.

Напаѓач на Клуб Бриж не играше Лига шампиони зошто му го земале местото во автобусот

Не, дефинитивно фудбалот носи лакрдии какви што не може да режира ни најлуд режисер. Синоќа од Белгија стигна вест дека центарфорот на тамошниот шампион нема да игра против Борусија Дортмунд од бизарни причини.

Албанецот Мирто како Роналдо прослави гол против Јувентус

Мирто Узуни има 25 години. Роден е во албански Берат. Цел живот играл во својата земја, а на 7. август годинава потпишува со Ференцварош со кој го исполнува сонот да игра Лига на шампиони. И тоа против својот идол Кристијано Роналдо кој на крајот од мечот му го подари и дресот.

Барселона на екскурзија во Киев, Јувентус се спаси

И без Меси и Френки Де Јонг кои Куман реши да ги одмори, Барса убедливо го победи Динамо во Украина. Манчестер му се одмазди на Башакшехир за поразот во Истанбул, а ПСЖ до крај ќе води битка да помине група.

Какво голчиште на Бруно Фернандеш

Манчестер Јунајтед вечерва го пречекува Башакшехир во Лигата на шампионите и после 35 минути води со 3-0. Два од трите гола во првиот дел даде Бруно Фернандеш од кои првиот беше бомбастичен.

Со ваков ѕвер навивачите на Реал треба да се мирни

Мечот меѓу Шпанија и Германија за Кралевите донесе непријатни вести, а тоа е дека нивниот главен играч го повредил коленото поради што ќе отсуствува три недели. Но Серхио Рамос е машина и три дена по ред објавува видеа од тоа како се спрема за кам бек, кој очигледно според ова што го прави ќе биде многу порано.

Еден чуден пенал за Галатасарај во Турција

Галатасарај играше дома против Кајзериспор и наместо да освои 3 чисти бода, на крај мораше да се задоволи со бод. Пенал буквално им подари нивниот поранешен играч Мугдат Челик кој во свој шеснаесетник „мртов-ладен“ си ја зема топката со рака. Доби црвен картон, примија гол, ама неговите соиграчи израмнија само пар минути подоцна.

Де Ѕерби - италијанскиот Гвардиола со кој Сасуоло игра фантазија од фудбал

После 8 кола во Серија А, втор е Сасуоло и тоа е најпријатно изненадување во Топ5 лигите во Европа. Најзаслужен за тоа е некогашниот талентиран бисер на Милан кој со романски клуб играл во Лига на шампиони а сега е  „Пеп за сиромашни“.

Ние во трета лига го имаме Дрогба, а Хрватите Михајловиќ

Ептен се распукаа со голчишта деновиве стрелците од нисколигашките лиги. Вчера се дивевме на евроголот на Николче Кимов од Локомотива Градско, а денеска на левицата на извесен Луетиќ од Загора, кој мислиш одел на часови кај Михајловиќ и Жунињо.

Надзорна камера случајно сними еврогол во бугарско село

Ретко виден гол паднал на мечот во бугарската „А“ Областна Група - Стара Загора меѓу еипите на Тунџа и Мини Марица Исток. Димитар Димитров со страшен шут од 25-26 метри ги поставил конечните 3-1 за Тунџа. Голот го снимила надзорна камера за безбедност на стадионот „ПРО“ во Павел бања.

Легендарниот кабинер на Арсенал кој после 30 години добил отказ, па ги продал сите дресови и медали

Пол Џонсон работел во Арсенал цели 30 години. Дошол во клубот уште пред Арсен Венгер и имал позиција на гардеробер/администратор на екипата.

Бајката за шампионот од крајниот север - норвешкиот Лестер кој направи чудо

За првпат во историјата на Норвешка, шампион стана Буде Глимт, најсеверниот првак на светот, основан во далечната 1916-та а кој пред 2 години беше второлигаш.