Фудбал

Емотивна братска пресметка во која и двајцата ги израдуваа родителите со гол

Во Серија А викендов во еден момент на средбата Беневенто – Наполи беше 1:1, е стрелците и на двата гола се презиваат Инсиње. Ептен ретка коинциденција во фудбалот која во Италија се случува прв пат по 70 години. Помалиот се расплака.

Камперска тенда влета на терен

На нисколигашки меч во Англија на терен влезе подобранец, малку поинаков од сите други. Ај да имаше сонце ќе го разберевме, ама вака е скроз непотребен.

Стариот џумбушлија Франк - во топ листа по број на дриблинзи, асистенции, брзина

Во последните 11 години наградата „Златна топка“ предизвикуваше бурни реакции. Супериорноста на Роналдо и Меси не беше баш секогаш така очигледна и се сведуваше на статистика и нивниот статус, а навивачите нудеа стотици други опции за играч на годината.

Голот број 300 на Дефо e за почит

Зарем уште игра Џермејн Дефо? Да, има 38 години, две помалку од тренерот и е еден од ретките напаѓачи како Пандев и Ибра кои уште држат форма на тие години. Член е на Глазгов Ренџерс заедно со Хаџи, ама со син му на легендарниот Романец.

Има 21 година а веќе 6-та сезона незаменливо го брани голот на Милан

На 25 октомври 2015 година Синиша Михајловиќ реши да му даде шанса на 16-годишниот Џанлуиџи Донарума кој дебитираше за Милан во Серија А на мечот против Сасуоло (2:1). Од тогаш стана незаменлив голман на росонерите.

Овие од Резултати 7+ да не ја играле Вардар?

И покрај тоа што имаа предност од 3:1, Вардарци викендов прокоцкаа 3 бода против Ренова која извади реми 3:3 со гол во 90-та минута. Реномираниот сајт rezultati.com без кој не се може еден ден, си имаше други математики.

Ти се најде дирекот а?

Николај Јоргенсен од Феенорд го постигна најсреќниот гол на колото. Асистенцијата тука е ферски да и се препише на стивата која му даде неприкосновен пас.

Кулушевски го спаси Јувентус од брука

Верона поведе во Торино со 0-1 преку Андреа Фавили и беше на половина час од сензација, ама Дејан Кулушевски во 77' минута со убав гол во стил на Меси спречи бламажа и израмни на 1-1. Во секој случај уште една бледа партија на шампионот кој веќе подолго време е без Кристијано Роналдо.

Не се гледа секој ден ваков еврогол каков што даде Дринчиќ

Војводина продолжи со добрите игри во српската Супер лига. Синоќа со 0-2 го победија Златибор на гости, а ова што направи ветеранот Никола Дринчиќ беше нешто незапаметено досега.

Мусовски со убав гол го отвори, Карлос Вела го затвори дербито на Лос Анџелес

Некогаш ова дерби меѓу Лос Анџелес ФЦ и ЛА Галакси беше дуел на ѕверките Ибрахимовиќ и Карлос Вела, а сега е во знакот на нашиот Македонец Даниел Дан Мусовски (24).

Има пенал во фудбал и пенал во романски фудбал

Не е дека во Романија нема супер квалитетни млади таленти, не дека во романскиот фудбал нема интересни странци кои го креваат квалитетот на повисоко ниво, ама пак нешто кај нив не е во ред. Денес на мечот од втора романска лига меѓу Петролул Плоешти и Универзитатеа Крајова се свирна најсмешниот пенал сезонава таму.

Штиклата на Рамос како непробоен ѕид за Меси

Реал Мадрид ја уништи Барселона на „Камп Ноу“ со 1-3 а играч на мечот беше Серхио Рамос. Капитенот на Реал маестрално ги сопре сите напади на Барса, над него беше направен пенал кој самиот го реализира и одигра совршен меч.

Њукасл потпиша договор со мајстор кој мешал малтер

На препорака на најдобриот свој фудбалер Алан Сен-Максимен, Њукасл реши да потпише привремен договор со поранешен француски фудбалер кој цела година работел како мајстор со цигли.

Меси две и пол години не дал гол против Реал, Рамос е кралот на „Ел класико“

Реал Мадрид ја искористи слабата форма на Барселона и го казни обидот на Каталонците за висок пресинг. Рамос, Модриќ, Бензема и другарите го надоместија сензационалниот пораз од Кадиз на домашен терен и по 7 кола веќе се одлепија на +6 од најголемиот ривал во Ла Лига.

Поарно корејски хорор да гледаш, отколку корејски коментатори да слушаш

Јужна Кореа беше меѓу првите земји која реши да даде зелено светло за фудбал по почетокот на глобалната пандемија. Таму се одиграа 25-26 кола после кои клубот Инчеон ќе се бори за опстанок откако денес голманот ги спаси од испаѓање и ја сочува победата од 2-1 со луди одбрани во 88' минута од мечот со Бусан.

Пеп Гвардиола и Сити одамна не примиле таков гол

Мајкл Антонио го отвори резултатот на мечот против Сити на кој граѓаните на крај извлекоа бод (1:1) и се во долниот дел на табелата во Премиер лига. Неочекувани „полу-ножички“ на шпицот на Вест Хем.

Две ремек дека на брливиот Сасуоло

Има нешто посебно во оваа екипа на која во памет и е само да дава многу голови. Сезонава тераат исто како лани. Специја ја победија 1:4, Кротоне 4:1, Болоња 3:4 и по три ефикасни победи одиграа 3:3 на гости со Торино и тоа со два гола во 84-та и 85-та.

Што не кажа, Мурињо ќе ти ја кренеше пречката

Портимоненсе загуби 1:0 од Тондела во првиот меч викендов во португалскиот шампионат, а еден од фудбалерите на поразениот тим го загуби компасот пред гол и го изеде срамот.

Убавина од гол на колеџ во САД

Нема што да ја пимплам, да ја подавам или да влегувам во шеснаесетник. Абе кога ќе ми легне на прва, легната е. Голман џабе везеш.

Најдобриот шутер на планетава е од Ј.Африка и нејќеш да му браниш од далеку

Секоја чест на тоа што ни го оставија на Јутјуб Жунињо, Роналдо, Хулк и други такви ликови со катапулт ударци, ама ние му се поклонуваме на професор доктор Хломпо Кекана кој треба да држи часови по предметот „Како се шутира јако од далеку“.

Ова не е гол за награда Пушкаш, мајсторијава на Руф е за повеќе

Ренџерс ја отвори сезоната во Лига Европа со победа од 0-2 на гости кај Стандард Лиеж. Стивен Џерард од клупата беше сведок на еден гол каков што стварно многу ретко се гледа. Кемар Роф ја потврди победата со погодок за најавни шпици.

18 годишниот Азар vs 5 играчи на Џенова

22 октомври 2009-та, Лил против Џенова го Лига Европа. Домаќините на 2:0 во 74-та во игра го ставаат младиот Еден Азар. 10 минути подоцна ја прима на своја половина, тргнува со прва, потоа втора, трета, четврта и толку од акцијата.

Словенечки селектор со спартански методи - јавноста во Словенија запрепастена

Не им дава да слават голови, нема спиење во автобус, во хотел вратите да бидат отклучени и ред други работи поради кои младинците на Словенија барале тој да си оди. Ама човекот на 15 меча има само 2 порази.

Тренер од Милан му влезе на Ибра во линија

39 ги дувна месецов, а ако му успее на Милан планот за продолжување на договорт ќе игра на Сан Сиро до 41, како Паоло Малдини. Што ѕверотина ќе беше, погледнете што работи на тренинг.