Фудбал

Нов напредок на Македонија на ФИФА, ги поминавме Бугарија и Албанија

Едно ама вредно место скокна македонската фудбалска репрезентација. Убаво е чувството кога се поминуваат соседите кои едно време по 50 места ни бегаа и јаче.

Необично емотивен момент на најдобриот другар на Салах кој го реши Марсеј

Олимпијакос уште еднаш покажа дека дома е многу јак ривал, па во првото коло од новата сезона во ЛШ со 1:0 го совладаа Марсеј. Емотивен момент имаше стрелецот на голот од Египет.

А сувиот лист на 19 годишник од Салцбург?

Додека фокусот беше свртен во Мадрид, каде Шахтјор имаше на полувреме сензационални 0:3, синоќа возбудливо беше и во Австрија. Домаќините на крај на прво изведоа корнер и го бараа по земја извезен Доминик Собослаи кој се претвори во Жунињо.

Добар германски трол до домаќинот Интер

Лоша недела за Интер. Го загубија градското дерби и покрај тоа што се појаки на хартија, па се спасуваа од пораз против Борусија Менхенгладбах во 90-та, а сигурно планирале 3 бода. Гостите излегоа добри и на терен, а пред мечот и на Твитер, а тоа се разбира им годеше и на Росонерите.

Чудесниот пас после кој сите на Џузепе Меаца се држеа за глава

Синоќа во Лига на шампиони паднаа неколку преубави голови, а имаше и такви асистенции за кои нема логично објаснување. Флоријан Нојхаус, играчот на мечот Интер - Борусија Менхенгладбах (2:2) со хируршка асистенција во која испаднаа дури 6 играчи на Интер, го пронајде Јонас Хофман кој им донесе 1:2 во 84' минута.

Проектилот на Алијанц за кој џабе се трудеше Облак

За гол на колото во Лига на шампиони може слободно да биде прогласен овој удар на Корентин Толисо испукан како од катапулт.

Лукаку го спаси Интер во 90-та, Баерн и Аталанта немилосрдни

Со автоголот на Таљафико, Ливерпул славеше 0:1 во Амстердам, резултат со кој победи и Олимпијакос дома во 91-ва минута над Марсеј. Сити го доби Порто со пресврт, а Баерн и Аталанта решетаа. Интер само 2:2 против Менхенгладбах.

Кое играчиште е овој Гомез, само за голчишта го бива

Нова сезона, нов импресивен старт на Аталанта која деби сезоната во ЛШ ја заокружи со сензационално четвртфинале. Еве ги повторно со експлозивен старт уште во првото коло против Митјиланд на гости, каде имаат 0:3 за само едно полувреме. Папу Гомез ја искина мрежата.

Сензација во Мадрид, Шахтјор го уништи Реал за едно полувреме

Спортската среда во ЛШ почна со шок за Кралевите кои загубија 2:3, а на полувреме губеа 0:3. Автогол на Варан, еврогол на Модриќ и драматичен финиш во кој на Реал му беше поништен гол со ВАР поради офсајд во 93-та минута.

Син му на Турам пред мечот со Интер морал да докажува дека е играч

Вечерва на „Сан Сиро“ во Милано се игра дуел од Лигата на шампионите меѓу Интер и Борусија Менхенгладбах. Шпицот на Германците го води Маркус Турам, син на прославениот француски стопер Лилиан. Ама пред да влезе на стадионот во Милано морал на редарот да му покаже документи дека стварно е играч. Немал при себе лична карта и пасош па му гуглал на редар.

Го знаете ли вие фудбалерот по име Осама Винладен?

Него му е нормално бидејќи си го носи веќе 18 години и не е во фамилија само тој славен по името, туку и брат му, а за малку ќе бил и третиот брат, ама се родило женско.

Скараните комшии кои се смириле и првпат ќе играат во Лига на шампиони

За првпат во групна фаза од Лига на шампиони ќе игра еден симпатичен клуб од централна Данска којшто на времето играше против прилепска Победа во Куп на УЕФА. Имаат најразвиена база на статистички податоци до кои доаѓаат преку големи анализи. Најдобар клуб се во моментов во Данска.

Мамо отидов да пазарам до Кам, се враќа дома од Камп Ноу со гол во ЛШ

Пет различни стрелци учествуваа во петардата на Каталонците против Ференцварош. Меѓу нив е се разбира Меси, потоа хитот Фати, ама сите зборуваат за Педри, нов клинец кој е само 25 дена постар од Фати и кој со такви си отиде дома.

Другарот на Дрогба кој ни крив ни должен се прослави во Лига на шампиони

Фудбалот по којзнае кој пат раѓа нови приказни за чудни ликови. Јунак на вечерта во Лига на шампиони синоќа беше еден тотален анонимус кој удри печат на дебаклот на Дортмунд против Лацио во Рим.

Беше расен стрелец во Порто, дојде во Атлетико Мадрид, а сега хип-хоп артист

Скоро и да немаше коло во Лига на шампиони или во португалската Примеира, а неверојатниот Џексон Мартинез да не беше на листата на стрелци за Порто. Расен шпиц во рангот на Фалкао и Халк кој за жал повредите го спречија да го покаже целиот свој раскошен талент.

Статус на денот за анонимусот од Лацио кој ја дотолчи Борусија

Имаше ли човек што синоќа не се запраша кој е играчов што ги постави конечните Лацио - Борусија 3:1? И плус како ли да го изговорат коментаториве на прва чудниот Акпа Акпро? На Википедија е Jean-Daniel Dave Lewis Akpa Akpro. 

Мбапе кичма им скрши на двајца, ама џабе кога Де Хеа е луд

ПСЖ синоќа се изненади од Манчестер Јунајтед кој час е киксер, час е толку неверојатен што и еден Париз успеа да го освои во ЛШ. Внимавајте колку е опасен за чување Килијан, ама сè е тоа залудно, бидејќи тука јунак е Давид Де Хеа со маестрална интервенција.

Балкански начин на мотивирање пред ЛШ

Барселона синоќа го декласираше Ференцварош со 5:1, а Миралем Пјаниќ на свој начин се релаксираше и мотивираше пред првиот негов меч за Каталонците во Лига на шампиони.

Френки, што е со асистенцијава?

Барселона ја запали машината во Лига на шампиони и со 5-1 го декласираше унгарски Ференцварош. На „Камп Ноу“ стрелаа Меси (прв играч во историјата со макар 1 гол во 16 сезони по ред во ЛШ), Фати, Кутињо, Педри, Дембеле. 17-годишниот Фатив даде гол за 2-0 на маестрална асистенција на Френки Де Јонг.

Царот Славен Билиќ: „Фудбалот е за народни маси, не е голф и не е поло“

Деновиве во Британија на големо се дебатира околу планот на најбогатите клубови да ја намалат Премиер лига, па се зборува и за нова, астрономски скапа Европска Лига во која би играле само најголемите и би го делеле колачот меѓу нив.

Лацио во голем стил го испраши Дортмунд, Јунајтед го освои Париз

Римскиот клуб после 13 години се врати во Лига на шампиони и тоа на голема врата. Јунајтед го доби ПСЖ среде Париз, Челси ремизираше со Севиља.

Тео ама ти изгледа немаш друго работа а?

Сè беше фино и убаво за око, додека бекот на Милан не реши да ја уништи кулминацијата во видеото. 

Вечер во која после 25 години ќе се сретнат професорот и ученикот

Фудбалот некогаш знае да ги пишува најубавите романи. Едно поглавје од оваа игра е посветено на животот и кариерата на две големи легенди: маестро Андреа Пирло и стариот волк Мирчеа Луческу, на времето ученик и учител.

Трка на денот за која како да ви кажеме

Врв ама врв се децава со хуморов на тартанот, а дополнителна мотивација за смеење дава тој што снима и се кикоти. Најјакото е што и двајцата истото го мислеле.