Фудбал

Последниот гол на Лионел Меси за Аргентина

Најголемиот на сите времиња синоќа за последен пат го носеше омилениот дрес - оној на Аргентина. На пријателска против Бенин гаучосите победија 3-0 пред повеќе од 80.000 гледачи на „Монументал“ во Буенос Аирес. Стрелци на головите: Отаменди 48', Нико Паз 61' и Лионел Меси од пенал во 71' минута.

Многу солзи на збогувањето на Меси

Лионел Меси уште на химната се расплака, а камерите го фатија потоа и во автобусот. Плачеше Скалони и Енцо Фернандез. Ништо повеќе нема да биде исто без него.

Кристијано Роналдо со отворено писмо за сè што се случи

Кристијано Роналдо синоќа во пресрет на прошталната ноќ на Лионел Меси од репрезентацијата на Аргентина, објави отворено писмо до јавноста во кое до детаљи објаснува што се случило меѓу него и селекторот на Португалија Жорже Жезус поради што ја напушти репрезентацијата.

И судијата му подари нешто на Меси

Ај за топката очекувано, ама главниот судија на последниот меч на Меси за репрезентација против Бенин, по последниот свиреж му ги подари картоните.

Емоции до небо во Буенос Аирес, заврши златната ера на Меси во Аргентина

Дојде денот кој цела Аргентина не го посакуваше, па и пошироко. Фудбалскиот свет за последен пат имаше можност да го види Лионел Меси во дресот на аргентинската репрезентација.

Спринтот на Меси на 39 години

Ќе останаше прашањето, уште само колку години можеше да игра и за националниот тим со оваа форма?

Ништо ново - Македонија пак убедливо поразена и пак не даде гол

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа нов пораз во Лигата на нациите. Во четвртиот натпревар во новата сезона, подобри од црвено-жолтите по вторпат беа Швајцарците (3-0). Не играше Македонија толку лошо во Луцерн колку што прими евтини голови по три наивни грешки.

Меси со топка во соба на Мундијалот 2010

Едниот вели „Мадре миа“, а другиот дека ќе остане без батерија на телефонот. Застана сам, а не е дека не можеше уште.

Добар, но тотално безкорисен дриблинг на Депај

Мемфис Депај пред две години направи неочекуван потег и на 30 години го смени европскиот фудбал со Јужна Америка. Игра за Коринтијас и на моменти дава убави голови. Потегов не му помина баш.

Колумбискиот центарфор Дуран: „Што ќе ми е да трчам, богат сум за 3 генерации“

Дваесет и две годишниот колумбиски шпиц Џон Дуран има само 22 години а веќе смени 5 клуба во кариерата. Таман што блесна во Астон Вила и стана најголем хит во Премиер лига, реши да прифати астрономска понуда од Саудиска Арабија и да накриви капа.

Матеј Гаштаров е избран меѓу најдобрите таленти од Европа во среден ред

Тоа што го игра нашиот млад талент за Црвена Ѕвезда, а сега и во дресот на Македонија, добива уште една потврда дека има голема вредност.

25 години од најлудиот слободен на Бекам кој ја однесе Англија на Светско

На 6-ти октомври 2001-ва година на „Олд Трафорд“, Англија ја пречека Грција во рамки од квалификациите за Светско првенство 2002. Англичаните предводени од селекторот Свен-Горан Ериксон знаеа дека само победа ги носи како први директно на Светско. Или им требаше Германија да киксне со Финска. Грција водеше два пати, прво преку Ангелос Харистеас, па преку Николаидис. Во 90+3' минута слободен удар за Бекам при резултат 1-2 за Грција. Англија со нерешено во тој момент оди на Светско 2002.

Џиновски дрес во чест на Меси во неговиот роден крај

За вечерва на култниот стадион „Монументал“ се спрема историско испраќање на најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина, во репрезентативна пауза. Лионел Меси за последен пат ќе игра за Аргентина, против африканската селекција Бенин. Се е во знакот на Лео во Аргентина денвовие. Посебно во неговиот роден град Росарио.

Буенос Аирес и возен ред на метро поместува во чест на Меси

Лионел Меси, вечерва во 1 часот по полноќ според европско време, ќе го одигра последниот аргентински танц на пријателска против Бенин. Во чест на прошталниот натпревар на фудбалската икона, градот во вторник ќе го продолжи работното време на линијата Д од метрото до 01:30 часот.

Корејците освоија Азиски игри, па славеа зошто не мора да одат во војска

Поради строгите и ригорозни правила во Јужна Кореја сите мажи до 28 години да мора задолжително да служат воен рок, многу спортисти од оваа земја се трудат преку освоен медал на некое големо натпреварување да избегнат војска. На фудбалерите им успеа.

Голман-пантер

Дваесет и шест годишниот грузиски голман од Ливерпул, Ѓорѓи Мамардашвили бранеше фасцинантно на дуелот меѓу Северна Ирска и Грузија. Имаше неколку луди одбрани и фати пенал во 84-та минута и сочува важен бод за неговата репрезентација во Лига на нации. Натпреварот заврши 0-0 благодарение на него.

Зизу со прием како некогаш го воодушеви „Стад де Франс“

Зинедин Зидан конечно ја оствари долгогодишната желба да стане селектор на Франција, репрезентација на која во 1998-ма и го донесе светското злато со два прекрасни гола во финале против Бразил. Зизу од трофејниот Дешам наследи сјајна генерација врвни фудбалери па на слатки маки е кој да му игра попрво. Синоќа со 4-1 ја торпедираа Белгија а Зидан имаше прием на една топка кој ја крена публиката.

Зидан се чудеше на магијата на Олисе, Франција со пресврт ја разби Белгија

Белгија во 35' минута од натпреварот од 4. коло во Лига на нации поведе 0-1 против Франција. Стрелец на голот во 35' минута беше Доди Лукебакио. Со тој резултат се отиде на полувреме. А во вториот дел Франција го засили темпото и постигна дури четири гола за конечни 4-1. Прво Дуе израмни, а после на сцена настапи неверојатниот фудбалер на Баерн Минхен Микаел Олисе кој прво му асистираше на Рајан Шерки за 2-1 во 81' минута а потоа самиот во рок од две минути даде два убави гола за конечни 4-1.

Капитенот на Италија У-21 даде гол од 70 метри

Паралелно со Лигата на нации, репрезентативен фудбал има и кај младите. Италија ја растури Полска со 6:2, а Шер Ндур од Фиорентина даде два гола. Едниот спектакуларен од своја половина.

Боливиска тики така

Ама оваа не е со где је лопта, туку со где је играч?

Адидас го спреми дресот во кој Меси за последен пат ќе игра за Аргентина

Осумкратниот добитник на наградата Златна топка за најдобар фудбалер на светот и светски шампион со Аргентина од 2022-ра, Лионел Меси за последен пат во вторник вечер ќе го носи својот најомилен дрес, небесно-сино-белиот на „гаучосите“. Ривал на пријателска ќе им биде африканската селекција Бенин во Буенос Аирес на легендарниот стадион „Монументал“. А спознорот на репрезентацијата, адидас веќе спремил и посебен дрес за Лионел Меси.

Како Алегри го измамил Роналдо за да може Пјаниќ да изведе слободен удар?

Со егото на Роналдо тешко е да се справи човек, затоа и не може да истрпи да биде резерва и на тоа на 41 година. Во Јуве имаше дадено само еден гол од слободен удар и тоа од скоро 100 обиди. Еднаш тренерот нашол чаре како да го тргне од топката.

Не е нормално што прави дечково - дајте му ја Златната топка

Европскиот, светски и олимписки шампион Шпанија продолжува со својата неверојатна доминација во светскиот фудбал. Во саботата вечер ја совладаа Чешка 3:1 и имаат 3/3 во Лига на нации. Головите ги дадоа Ламин Јамал, Родри и Микел Мерино а за Чесите стрелец беше Јири Слама. Што прави Јамал од натпревар во натпревар тоа не е нормално.