Фудбал

Најјаката фудбалска реклама во Англија

Беше снимена за време на еуфоријата пред Еуро 2024 на кое Англичаните стигнаа дури до финале каде изгубија 2-1 од Шпанија само три години после поразот од Италија не пенали на „Вембли“ во Лондон во финале на Европско.. Сега две години подоцна уште е актуелна. Има и зошто.

Просечна возраст на сите репрезентации на Светското

Репрезентацијата на Панама ги имаше највозрасните фудбалери или просечната возраст на селекцијата беше 30,4 години. Иранците исто имаа стара екипа со просечна возраст од 30,3 години, Колумбија 30,1, а тука горе се и Бразил и Аргентина. Најмлади Босна и Херцеговина и една африканска селекција.

Му се врати гласот на Хари

Со прополис одма е подруго :)

Португалските коментатори со суровата вистина за Роналдо

Португалија одново претрпе болен пораз, овојпат со гол примен од Шпанија во 90+1' минута. Резервистот на Шпанците Микел Мерино влезе во игра, даде гол и за само 14 минути на теренот ја доби наградата играч на натпреварот. Португалските коментатори на државната телевизија со сурова вистина за причината за нивниот пораз:

Руни, Ричардс и Харт урлаа во студио на интервјуто на Кејн

Хари беше хит со гласот после мечот со Мексико. Џо Харт: Така е кога имаме лидер кој дише со екипата во секоја минута. Вејн Руни: Најјакото интервју што сум го гледал.

Ама го изреметија Тухел во соблекувална

Деклан Рајс и Џон Стоунс си поиграа многу јако со селекторот, кој во еден момент делуваше доста загрижено за рамото на дефанзивецот на Манчестер Сити.

А зошто овде да не се игра финалето?

Метлајф стадиум во Њу Џерси ќе биде домаќин на финалето на Мундијалот закажано за 19 јули.  А што и фали на Ацтека? Легендарниот стадион во Мексико Сити е местото каде Пеле (1970) и Марадона (1986) славеа светски титули. Погледнете ја атмосферава.

Тонч од Лукаку за Трамп, Балогун и цела Америка

Џабе ургенции и мешање политика во спорт. Ромелу Лукаку стави точка на партијата која стана контроверзна уште пред да започне.

Голманот на САД не знаеше кај тера

Белгија и даде 4 комада на Америка и ја исфрли од Мундијалот. Еден од нив беше поклон од Мет Фриз. Ептен ја оплеска кутриот.

Трамп џабе ургираше, САД останува дома како гледач

Американците се соочија со дебакл 1:4 пред своите навивачи. Де Кетерал со два комада и Ванакен и Лукаку со по еден покажаа кој е фаворит на средбата пред која мучки направи и шефот на државата домаќин. Имаме три четвртфинални двојки: Франција - Мароко, Норвешка - Англија и Шпанија - Белгија.

Кристијано Роналдо едвај ги додржуваше солзите

Еден од најголемите фудбалери на светот на сите времиња, најдобриот стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал, европски шампион со Португалија од 2016-та, вечерва испадна со неговата селекција после поразот од Шпанија 1-0 на Светско 2026. Роналдо кој го играше рекордниот шести Мундијал по ред во кариерата, после натпреварот заплака откако сфати дека неговиот сон завршува тука.

Шпанија во судиско продолжение го урна сонот на Роналдо и Португалија

Актуелниот европски шампион Шпанија е нов четвртфиналист на Светското првенство откако вечерва со 1-0 ја совладаа Португалија. Јунак на црвената фурија беше Микел Мерино.

Ибрахимовиќ за Бразил - Норвешка

Норвешка го забележа можеби најголемиот триумф во поновата фудбалска историја откако синоќа со 2-1 го елиминираше кандидатот за завршница Бразил. Кариоките не импресионираа никого, играа просечен фудбал и не покажаа ништо од нивното некогашно волшебство. Норвешка ги надигра во сите сегменти, тврди и Златан.

Фото на денот

Веројатно сте играле „Уно“ а? Трамп сигурно ја играа оваа детска игра и ништо чудно да им пратил два шпила карти на ФИФА во барањето за укинување на суспензијата на Фоларин Балогун за мечот со Белгија.

Што е со шегава на селекторот на Мексико?

Хавиер Агире, со прекар Ел Васко, му обрати како што му се обрати на Арон Гордон, а потоа сам се изнасмеа. 

Славјето на Норвежаните и честитки од принцезата

Норвешка цели 27 години чекаше пласман на едно Светско првенство. Сега не само што се пласираа на Мундијалот 2026 туку тука го направија и најголемото изненадување - го урнаа Бразил со 2-1 со два прекрасни гола на Ерлинг Халанд. Јунак на мечот покрај Халанд беше и голманот Ерјан Ниланд кој нема клуб, и ма 35 години и во моментов е најдобар голман на Светското.

Прво ги елиминираше, а потоа фотка и автограм

Фудбалерите на Зеленортски Острови, Мундијалов ќе им го раскажуваат на внуците. Без пораз си заминаа и тоа како дебитанти. Нерешено со Шпанија, Уругвај и Саудиска Арабија, а потоа реми барем во 90 минути со Аргентина. Јуначки издржаа 3:2 во 120 минути фудбал. Задоволството на крај го зачинија со сликање, се знае со кого.

Зошто Анчелоти го избрал Бруно Гимараеш а не Винисиус за пеналџија?

Зошто не Винисиус туку Бруно Гимараеш го шутираше пеналот кој Бразил го доби во 14' минута после гледање ВАР, еден новинар го прашал Анчелоти после тешкиот пораз 1:2 од Норвешка кој ги исфрли кариоките од Светско.

Мундијалската серија на Бразил кој не може да излезе на крај со Европа

Бразил е фудбалска земја, ама тоа ништо не им значи. Живеат од спомените со Роналдо, Ривалдо и Роналдињо.

Англиски репрезентативец завршил во болница при пад од рекламно пано

Некогашниот капитен на Ливерпул Џордан Хендерсон кој е резерва во репрезентацијата на Англија, синоќа по големиот триумф 2:3 над домаќинот Мексико, пробал да прескокне една реклама за да слави со навивачите ама незгодно доскокнал и тешко се повредил. Селекторот Тухел изјавил дека Хендо е во болница и дека повредата била незгодна.

Белингем до навивачите: „Кажете им дека утре не одите на работа“

Апсолутно заслужено Џуд Белингем, бројот 10 на Англија беше прогласен за играч на натпреварот со Мексико. Даде два гола и беше главен јунак на триумфот пред 80.000 бучни мексикански навивачи. А на англиските им порача:

Клоп за Трамп и Инфантино: „Ова не е нивна игра“

Јирген Клоп е во улога на стручен коментатор за германската државна телевизија за натпреварите од Светско првенство, а во меѓувреме денес треба и официјално да биде промовиран во нов селектор на Германија. Клоп имаше реакција на чудната одлука на ФИФА да му го поништи црвениот картон на Американецот Балогун.

Видовте ли што спаси Белингам?

Мексико синоќа имаше сериозни шанси за да ја расипе големата англиска прослава. Ќе издвоиме две опасни ситуации по голот на Пикфорд. Едната сам ја спаси, другата јуначки ја спаси Белингам кој е играч на мечот со два гола.