Во Сараево во чест на Џеко место 10-ка ќе се служи 11-ка со кромид

Начинот на кој целата земја се подготвува за збогувањето на Един Џеко од националниот тим, кажува многу за тоа колку тој им значи на луѓето во БиХ.

Ѕвездата на босанскиот фудбал, кој се прослави во екипи како Манчестер Сити, Рома и Интер, вечерва на мечот против Шведска, на дури 40 години и става крај на репрезентативната кариера.

Пред последниот танц на капитенот на Босна и Херцеговина, се појави навистина едноставен, но уникатен, автентичен и длабоко симболичен гест.

Како што Џеко е синоним за босанскиот фудбал, така и ќебапите се симбол на Сараево и на Босна и Херцеговина. 

Токму затоа, Здружението на сараевските мајстори за ќебапи одлучи да се прости од долгогодишниот капитен на начин што најдобро го знаат.

Преку познатата сараевска десетка, која денеска денеска ќе ја служат како 11-ка поради бројот на неговиот дрес.

Наместо традиционалната десетка со пола сомун, на 2 октомври на гостите ќе им биде сервирана единаесетка со пола сомун во чест на бројот 11 кој Един со години го носеше на грбот, додека со гордост го носеше дресот на нашата репрезентација.

Бидејќи Един не беше само број 11. Тој беше човек со кој славевме, тагувавме, верувавме и се гордеевме. Неговите голови, натпревари, победи, но и начинот на кој ја претставуваше Босна и Херцеговина, оставија трага која тешко ќе биде повторена.

Затоа сакаме да направиме нешто што е наше, сараевски и едноставно. Нешто што припаѓа на градот во кој ќебап се јаде со посебна љубов и во кој за големите луѓе секогаш се зборува со пола сомун, кромид и чаша разговор.

Единаесетка со пола сомун ќе биде нашиот мал знак на благодарност за сите години кој Един ни ги подари, за секој гол кој нас нѐ крена на нозе и за секој момент поради кој сме биле горди што токму тој го носел дресот на Босна и Херцеговина“, стои во заедничкото соопштените на ќебапчилниците од Сараево.

Инаку Џеко дебитираше за БиХ во 2007-ма и тој е прв стрелец во историјата на својата земја со 73 гола постигнати на 151 меч. Играше и два Мундијали: 2014 и 2026. 

2 октомври 2026 - 13:20