Фудбал

Интер објави епизода од документарец за Пандев

Во соработка со платформата DAZN која нуди фантастичен спортски материјал, Интер ја најави документарката „Аутсајдери“ со неколку епизоди. Во најновата, трета по ред се зборува за издржливоста на капитенот на македонската фудбалска репрезентација, како и Тиаго Мота, соиграч на Пандев од Интер. „Издржливоста на Горан Пандев и Мота нè качи на светскиот врв“, стои во најавата.

Што бе нема фудбал, во Белорусија падна гол од корнер

Во единствената земја каде што се игра фудбал и каде мртви ладни си ја тераат сезоната, викендов се комплетираше 4. коло. БАТЕ Борисов го совлада на гости Минск со 0:3, а во 62-ра минута Павел Нехајчик директ ја свика во корнер. Голманот исплива во празно.

20 години од голф топчето во Фрајбург и бесниот Оливер Кан

На 12 април 2000-та, Баерн Минхен гостува кај Фрајбург. Во еден момент од мечот од трибините полетува голф топче и му ја пука аркадата на најдобриот германски голман во тие години. Кан го сошија и го доигра мечот на кој Баерн после пресврт и со играч помалку победи со 1:2.

„Роналдо тренира на голем фудбалски терен, а ние дома ќе седиме“

По неколкудневни тренинзи во домашни услови, Кристијано Роналдо го приметиле на градскиот стадион во Мадеира каде тренирал со неколку други фудбалери.

Има така моменти кога асистенцијата е појака од голот

Асистентот знае да направи таква мајсторија, што после повеќе се збори за него отколку за стрелецот на гол. Боби Фирмино знае најдобро.

Награда за играч на месецот во Русија доделија со дрон

Откако не доби многу шанса во Барселона, Бразилецот Малком направи трансфер во Зенит и се препороди во Русија. Тамошната прва лига се играше до март кога запре поради вирусот. Малком блесна на последните неколку натпревари и заслужено го изгласаа за играч на месецот. Ама како да му ја дадат наградата во услови на изолација?

Кога Ебуе се правеше дека знае севернокорејски

Да не знаеш дали е побудала бекот на Брегот на Слонова Коска кој се прај дека разбира севернокорејски или селекторот на северојнокорејците кој губи 3:0 во судиско продолжение и дели совети.

Златан тренира максимално со неговиот клуб, во Шведска нема строги мерки

Во Италија сезоната е прекината веќе повеќе од еден месец, а играчите од странство добија дозвола да се вратат дома. Златан на време се прибра во Шведска и формата ја одржува во Хамарби.

Бекам го прашува Роналдо како англискиот?

А овој му одговара под кои околности му се подобрува.

Вредноста на најскапите македонски фудбалери за време на кризава

На сите им падна цената, што беше и за очекување, а најмногу на Барди. Членот на Леванте и македонската фудбалска репрезентација од 15, сега вреди 12 милиони евра.

Откако изгради школо, Садио Мане во родното село Бамбали гради и болница

Новиот документарец за најдобриот фудбалер на Африка во 2019, насловен Made in Senegal, покажува колку напаѓачот на Ливерпул бил трогнат од раната смрт на татко му па решил да изгради болница.

Шоуто на Галатасарај против Реал

Реал во таа сезона 2012/2013 имаше 3:0 од првиот четвртфинален дуел, а на реваншот поведе со голот на Роналдо уште во 7-ма минута, што значи на Турците им требаа 5 гола за полуфинале. Ако ништо друго барем им дадоа надеж на навивачите и ги фрлија во делирум.

Не бил лош Роберт

Море каков лош, далеку е од лош. За 13 сезони освоил 17 трофеи и постигнал 411 гола на 605 клупски натпревари. Дури 11 пати бил број стрелец број 1 на сезоната, седум пати во првенство и уште четири пати во куп.

Гоче Пандев тренира на тераса

На стори објавено на неговиот Инстаграм профил, капитенот покажа колку му недостига фудбалот кој мирува во Европа веќе неколку недели. Во друштво на децата Филипо, Ана и Софија, Пандев реши да „ја осети“ топката.

Фото на денот

Оние кои се борат со Ковид-19 од први борбени редови не забораваат и за својата пасија за фудбалот. Како на пример оваа медицинска сестра од Италија која навива за Рома.

„Никој не збори за кратење во Владата, сте се фатиле само за фудбалерите“

По расколот на релација управа-играчи-тренер во Динамо Загреб, сега исто сценарио се случува и во Локомотив Москва, претставник на Русија во Лига на шампиони две сезони по ред.

Уметник надреално го изгравира ликот на Меси

Ништо чудно после ова Аргентинецот да му подари карти за меч на Барса на Камп Ноу на уметникот кој фантастично му го изгравира ликот.

Давид Луиз играше лист-камен-ножички против Гендузи во огледало

Додека трае карантинот и изолацијата, фудбалерите бараат некое чаре да не им биде досадно. Некои прават челенџи, а некои играат игри од детството.

Малиов супер се потрудил

Руни, Кристијано Роналдо, Марадона, Роналдињо, Анри, Бекам, Роналдо, Ван Перси, Тоти, Ривалдо. Од сите овие легенди ќе повтори по еден легендарен гол. Оценката по физичко веќе може да му ја заклучат. Седи 5-ка.

Џиџи Буфон и фашизмот, депресијата, кладилниците и судиските одлуки

Точно, познат е како голманиште, со години еден од најдобрите и најиздржливите во свет, како и људина од човек. Но, како што вели самиот и тој е човек кој греши и е свесен за тоа. Плус отворен и искрен за проблемите кои ги имал во животот, како што е депресијата.

После Истанбул Пирло сакал да заврши кариера, Гатузо да замине, Анчелоти не спиел

Најлудото финале во историјата на Лига на шампиони и 15 години подоцна уште ги боли играчите и навивачите на италијанскиот трофеен гигант.

Сите мислат на фудбалерите, а некој во кризава да помислеше на редарите?

И покрај тоа што сочинуваат повеќе од 60% од вработените на стадионите во првите две германски лиги, малку кој мисли и ги поддржува овие работници за трета страна кои изгубиле за време на коронавирусот.

Мајсторот кој улицата не го заборава

Мароканецот Адел Тарабт е еден од оние фудбалери кои може да не ги видите цел натпревар и после со еден потег да фрлат сенка и на резултатот и на головите и на шансите. Смени еден куп клубови, играше во Ленс, Тотенхем, Квинс Парк Ренџерс, Фулам, Милан, Џенова и на крај се скраси во Бенфика која му ја спаси кариерата.

Азар како шило

Еден од најјаките соло голови, Еден го постигна лани против Вест Хем. Ко Жути Миркуловски им се проби.