Фудбал

Зоте бе што стори со волејов?

Опасно голчиште начекавме во сала, а уште повеќе ни прави ќеиф што го постигна наш човек. Погледнете ја оваа маестрална комбинација од корнер и следете како ќе се ослободи и каква бомба ќе испука играчот со број 2.

Како за сите, така и за Метју Лонгстаф, фудбалерот со најмала плата во цела Премиер лига

Додека воглавно читавме за тоа како најбогатите клубови и фудбалери се справуваат со кризата предизвикана од Ковид-19 (нема фудбал, нема тв права, нема реклами, нема продадени влезници и дресови), стигна сторијата за еден играч од Њукасл.

Душманскиот волеј на Вејн Руни

Само што се расправаше бурно со судијата и Фергусон се остреше да го извади од игра, 20-годишниот Руни целиот бес го искали на една топка која ја начека на прва и со волеј ја искина мрежата на Њукасл за израмнување на резултатот 1-1.

Четворчето на Анри против Лидс

Ова е сезоната за која им се плаче на навивачите на Арсенал. 2003/2004, шампиони, за последен пат и тоа без пораз. Бандата на Венгер ич да почнуваме да ја броиме. Тиери Анри стрелец број 1 во Премиер лига со 30 гола. Здиве против Лидс.

Модната ревија на која Шевченко ги импресионирал Џорџ Клуни и Бред Пит

Кога дошол во Милано во 1999-та, сè уште не бил свесен за тоа дека Италијанците најголемо внимание обрнуваат на модните трендови и дека тоа им е во крвта.

Тимот на сезоната 1999/2000 во Серија А

Во 3 по полноќ да те разбудат, овие се цитираат на глас со име, презиме и клуб. Општо ни фали фудбал, а со овие легенди уште повеќе.

Емотивна порака од Барселона, за фудбал има време

Шпанија заедно со Италија се најпогодените земји од епидемијата на Ковид-19. Од таа причина, Барселона ги обедини своите фудбалери, навивачи и други познати личности и сними емотивно видео под наслов: „Денес се бориме, утре играме“.

Кога се гледаше фудбал со комшии пред зграда, пред куќа, на улица

Фудбал нема повеќе од еден месец (освен во Белорусија и Таџикистан) и сега сфаќаме колку важен дел од животот пред коронавирусот беа директните преноси од натпреварите.

Голот за кој Кристијано Роналдо тврдеше дека му е најубав во кариерата

Во реванш четвртфинале од Лига на шампиони, Јунајтед со Фергусон на клупата му гостува на Порто на „Драгао“. Проаѓаат 6 минути и Кристијано распалува бомба од преку 35 метри за 0-1. Мечот така и заврши и Манчестер со вкупен резултат 2:3 од двата меча отиде во полуфинале.

Најјакиот гол во кариерата на Шаќири

Го постигна пред три години на мечот Стоук - Хал со ептен краток залет и левица мислиш Синиша Михајловиќ шутира слободен удар.

Не е сè до тоалетната

Пробајте икс нула со топка на пример.

Како ќе изгледа финалето на ЛШ 2020

Ако треба да се игра на 30 мај како што е закажано првично, ќе има најсигурна заштита за фудбалерите и без публика. Одиме.

Елегантниот протест на Платини кога го направи Јувентус светски шампион

Дуелот во Интерконтиненталниот Куп (денес ФИФА Светско клупско првенство) меѓу Јувентус и Аргентинос Хуниорс во 1985-та е прогласен за најдобар натпревар во историјата на овој турнир. На Платини му поништија еврогол.

Никогаш доста од творештвото на Зидан

Зинедин знаеше да се потпише со топка. Навивачите уживаа во неговата дарба, а соиграчите имаа благодет да учат од таков генијалец.

Пандев за Скај Спорт: „Сакам да играм Европско со Македонија, па да ставам точка“

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, за реномираниот италијански Sky Sport раскажа дека Интер го барал на крајот од јануари.

Ги прати на инфективна

Ти чувај го да не ти кидне од напред, а јас ќе му одам од позади и ќе му ја земам. Аха, ќе му ја земеш.

Стадионот на Тотенхем пренаменет во болница

Коронавирусот во Велика Британија не отстапува, до 13-ти април според властите, од Covid-19 се заболени преку 11.000 луѓе. Стадионите ги пренаменуваат во лаборатори и болници.

Легендарниот соло пробив на Гигс против Арсенал

Се сретнаа во полуфиналето на ФА Купот во 1999-та. Резултатот беше 1:1 со головите на Бергкамп и Бекам. Во 109-та минута Рајан Гигс ги однесе во финале. Ај што се проби како шило низ цела одбрана, туку имаше сила и да ја дувне силно во гол.

Твит на денот на ФК Вардар

Работнички, Силекс, Слога, Шкендија солидно се држат едни од други, ама мерките и препораките за заштита и превенција од Ковид 19 најмногу ги почитуваат Вардарци. Оди доближи им се да те видам.

Меси, да пројде изолација и карантин и викај го малиов

Арат Хосеини има 7 години и доаѓа од Иран. Периодов е хит на социјалните мрежи каде има повеќе од 3 милиони следбеници. Не само што го бива за фудбал туку и е развиен ко Тарзан. Последната порака му беше до Лионел.

Бесниот слободен удар на Ривалдо во ЛШ

Камп Ноу, Барселона - Фенербахче, сезона 2001/2002. Не можеше попрецизно и полудо да го изведе ова. Што левица ќе имаше човеков?

Како Клоп ги мотивирал играчите на Мајнц пред деби сезоната во Бундеслига

Клубот имал најмал буџет во лига, ама тоа не значeло ништо бидејќи имале голем мотиватор и харизматичен лик кој се поставува со цело срце, без разлика дали се бори за трофеј во Европа или за опстанок.

10 играчи кои принудно облекоа ракавици наместо исклучен голман

Нема апарат кој може да го измери задоволството на неутралните гледачи кога играч под морање облекува ракавици зошто голман е повреден или исклучен, а екипата нема веќе право на измени.

Како настана култната фотографија со Матераци и Руи Коста?

Скоро и да нема фудбалска фотографија од Италија која е запаметена повеќе од оваа: сликната на 12 април 2005 година со двајца играчи на неа: Руи Коста и Марко Матераци кои гледаат во густиот дим од пиротехника на „Сан Сиро“.