Фудбал

Не го напаѓај Кафу еден на еден ниту сега

Поранешниот фудбалер на Лацио, Павел Недвед и 20 години подоцна има вртоглавица од еден прочуен дуел со  Кафу на римското дерби. На легендарниот Бразилец кој има неполни 50 години и сега да му се сипеш, ќе мора потоа да бараш кафетин.

Бегалецот кој стана неизоставен дел од Баерн Минхен

Роден на 2 ноември 2000-та во во бегалски камп во Будубурам (Гана), пребеган со неговите родители од граѓанска војнa во Либерија, стигнува во Канада, земја која му нуди одлични услови за живот и тренинзи.

Еднаш на 100 години паѓа ваков гол

Падна пред две години во Австралија, а го постигна тогаш 19 годишниот Рајли Мекгри од Њукасл Џетс на меч против Мелбурн Сити. Во акцијата учествуваше и поранешниот македонски репрезентативец Даниел Георгиевски.

11 метри од вечноста

На 17 јули 1994-та година се одигра можеби најкултното финале на едно Светско првенство: се судрија титаните Бразил и Италија. Мечот заврши без голови па се отиде на пенали. А таму секунди и 11 метри го делеа легендарниот Роберто Баџо од историја и вечност.

Кога Осасуна купи меч против Бетис за да не испадне, па ги открија и испозатворија

Секоја сезона во последните пар кола пред крајот, се води жестока битка за еврокупови, за титула, за опстанок во лигата. Во цела таа хаотична трка некогаш не се бираат средства да се оствари целта. Ама некогаш се преминува границата, како пред 6 години во Памплона.

Сакаше да биде Вирџил Ван Дајк

Ќе помине и карантинов, па ќе се вратиме во нормала. А додека трае ќе имаме:

Клипот кој Модриќ треба да си го чува во favorite

Некои видеа се чиста коинциденција, но за да се случат треба да ги имаш луѓето, нели? Поранешниот доктор за фудбал неодамна на тренинг му асистираше на актуелниот доктор за фудбал. Врвна комбинација и реализација.

Денот кога култниот голман Молина дебитираше како крило за Шпанија

Дебито во репрезентација е настан кој секој фудбалер го памети до крајот на животот. Особено ако е деби за селекцијата на „црвената фурија“.

Па ти си дечко најголемо мангупиште и без топка

Пазете ја сценава. Голман, две гајби за гол, публика под сенка и еден лик со нествари потези кои ги прави со капче. Да, со капче. Патем голманчево залудно се џитка, затоа што ликов не е нормален како ќе го заврши шоуво.

Кога Меси му измести кичмен столб на Боатенг

И да се позиционираш најфудбалски што можеш во дуел еден на еден со Меси, никој не ти гарантира дека ќе поминеш добро. Боатенг од Баерн уште на старт му стоеше погрешно и потоа му се случи колапс.

Магијата на Кака со Манчестер кога миланезите паднаа во транс

Во двомечот од полуфиналето на ЛШ во 2006/2007 меѓу Милан и Манчестер Јунајтед паднаа 8 гола. На „Олд Трафорд“ на првиот дуел на денешен ден пред 13 години, Англичаните славеа 3-2 со два гола на Руни и еден на Роналдо. Кака ги постигна двата за Милан од кои едниот се памти одлично и 13 години подоцна. На реваншот Бразилецот постигна уште еден гол во триумфот на Милан од 3-0.

Еднаш на Лампард му измериле IQ 150 после една повреда на Џон Тери

Клупските медицински лица и вработените во компанијата која што направила IQ тестови за повеќе играчи на Челси биле зачудени од резултатите на Лампард кои ги има само 0,1% од населението.

Адебајор, искрено и лузерски за донирањето

Играше за клубови како Арсенал, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Тотенхем...ама не е дека го направија позрел или можеби и никогаш не ни бил. На крај краева ќути си и трај си ако не ти се дава, што ти требаше побогу ова глупо видео.

Кога Чоло Симеоне со 12 Аргентинци во Катанија го скроти Јувентус

Никогаш претходно и никогаш подоцна еден тим во составот немал толку многу фудбалери од странска земја, како екипата од јужна Италија во таа 2006-та.

Дејвид Мојс разнесува овошје и зеленчук, па дури доби и бакшиш

Стратегот на Вест Хем не е како некои шупаци во Премиер лига кои одбиваат кратење и покрај тоа што имаат ненормална неделна плата и до 400.000 фунти. Мојс прифати 30% кратење на годишната плата од 2 милиони фунти, а во меѓувреме почна и да помага по луѓе.

Точно година дена од најбрзиот гол во историјата на Премиер

На 23-от ден од април таа 2019-та брзиот Ирец Шеј Лонг го постигна најбрзиот гол во историјата на Премиер лига. Тогаш шпицот на Саутемптон за 7,69 секунди го отвори резултатот на мечот против Вотфорд кој на крај заврши 1-1.

Дебито на Франко Барези за Милан

Цела кариера им ја посвети на Росонерите за кои играше 20 години, од кои 15 како капитен. Освои 17 трофеи од кои 6 Скудета и 3 ЛШ. Дебитираше на денешен ден 1978-ма на 17 години и стана еден од симболите и икона на Милан. 6-ката му ја повлекоа во историјата.

Реал и Барса би ја доигрувале сезоната на помошните стадиони

Во Шпанија после напорни спорови меѓу фудбалската федерација и Ла Лига, уште не е решено кога ќе се доигра. Најверојатно е фудбалот да продолжи на крајот од мај или на почеток од јуни, сигурно без гледачи.

Вечерта кога 70.000 души на „Олд Трафорд“ стоечки му аплаудираа на Феноменот

23-ти април 2003-та. Четвртфинале на ЛШ. Реал со убедлива предност од 3-1 по првиот дуел во Мадрид допатува во Манчестер. На реваншот Јунајтед победи 4:3, ама јунак на вечерта беше Бразилецот кој доби стоечки овации од цел стадион за хет-трикот.

Нестор прашуваше, Пандев одговараше и откри пикантерии од кариерата

Корења пуштија дома, особено нашиве кои играат во италијанско, па на Илија Несторовски му дојде идеја како да пополни време на интересен начин и за него и за навивачите. Вклучува играчи во живо на Инстаграм и им поставува интересни прашања.

Продолжува фудбалот во убавата земја со повеќе овци отколку луѓе

Додека секојдневно им стигнуваат разни песимистички информации од европските лиги, во УЕФА убаво им дошла веста дека на Фарски Острови ќе продолжи фудбалското првенство.

Има такви што и од жонглирање тоалетна прават паричка

Бангкок, Тајланд. Млад дечко сфаќа дека нема фајде од челенџи, хаштази и разни предизвици. Зема топк... овај тоалетна хартија и излегува на улица.

Карлос уште му должи објаснување на светот за голов

На мечот Реал Мадрид - Тенерифе, 1998-ма, физиката како наука мораше да ги прошири своите учебници.