Адебајор, искрено и лузерски за донирањето

Играше за клубови како Арсенал, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Тотенхем...ама не е дека го направија позрел или можеби и никогаш не ни бил. На крај краева ќути си и трај си ако не ти се дава, што ти требаше побогу ова глупо видео.

Инаку не е дека нема никогаш донирано, ама и тоа не знае како се прави на адекватен начин. Кога играше во Премиер лига, делеше пари во дом за деца без родители во родното Того, ама тоа го изведе рачно правејќи редица, бош облечен и плус се сликаше за на Инстаграм.

Неговиот последен интелигентен фудбалски потег во Парагвај од минатиот месец.

24 април 2020 - 09:32