Фудбал

Спалети: Елмас е шампион и знае да се снајде на повеќе позиции

Џенаро Гатузо во Наполи е минато, а тоа како што стојат работите тоа може да биде од голема корист за една од главните алки во играта на македонската репрезентација. Лучано Спалети две минути го фалеше.

Албански репрезентативец со хет-трик испиша историја во Барселона

Почнаа подготвителните натпревари низ европските лиги и додека ѕвездите од Европско се на одмор, простор има за играчи од вторите тимови или младинскиот погон, кои имаат прилика да се докажат.

За поништен гол со ВАР ќе се заколеа во Копа Либертадорес

Во Јужна Америка им дише мозокот кога треба да се бара правда на фудбалски натпревар, посебно кога има бразилско-аргентинско ривалство. Не се знаеше кој со кого се тепа, а Мархос Рохо зема апарат за гаснење пожар ко да е багабонд, а не фудбалер.

Продадено, Јаков ќе добие парична помош

По 24 часа заврши аукцијата за помош на двегодишниот Јаков, на кој му е потребна помош за лекување во странство. Уникатната фотографија која ја изработи Бобан Алексовски, потпишана од сите репрезентативци кои беа на ЕП, продадена е за двојно поголема сума од првично поставената.

Ветераните на Барселона и Реал направија шоу во Тел Авив

Реал Мадрид го доби Ел Класико во Израел, во натпревар на кој паднаа пет гола и каде резултат е во втор план. Спектаклот го гледаа околу 30.000 гледачи на стадионот Блумфилд. Роналдињо даде гол.

Закачи ги Пандев и другарите на ѕид и помогни му на Јаков

За историската фотографија од македонската фудбалска репрезентација и натаму нема купец. Одиме со втор обид, повторно од хуманитарни понуди и тоа овој пат за помош на две годишно дете.

Јако друштво во очи на Ел Класико со легенди

Пресов е во очи на големото дерби кое вечерва ќе се игра во Тел Авив, а на кое ќе учествуваат Роналдињо, Ривалдо, Деко, Мендиета, Савиола, Де Бур, Роберто Карлос, Фиго, Касиљас...Инаку е во режија на Барселона која организира егзибициски натпревари за промоција на клубот низ цел свет.

Еден од најјаките соло продори на Меси

Еден во коментари пишал: Не можам да сфатам како го направи ова. Друг вели: Дриблингот е луд, а додавањето е уште подобро. А трет поентира вака: Не може да се споредуваат Роналдо и Меси, бидејќи Меси не е од оваа планета.

Како Италија со жесток пресинг и антиципација ги умртви противниците на ЕП

Европското 2020-та дефинитивно ќе се памети по освојувањето на титулата на еднa поинаква Италија од досегашната на која бевме навикнати. Тактика со која Манчини покажа модерен и допадлив фудбал, без да ги загуби традиционалните предности на италијанската игра.

Опасно добра акробација на Келн против Баерн

Германските бундеслигаши одиграа пријателски натпревар со втори екипи. Келн славеше 3:2, а потегот на мечот ала Златан Ибрахимовиќ, го изведе Марк Ут.

Најголемата криминална местенка уништена со два намерни автогола

Го имаме врвот на наместените натпревари и тоа во прволигашки фудбал, каде сите од прв до последен треба да одат во затвор. Подобро ќе беше да му ја земеле лентата на камерманот за ова да не го види никој.

Што претставува 19 јули за Барселона?

Не играше многу долго во врвна форма како на пример Меси кој никако не паѓа, ама тоа што го одигра тие сезони беше магично. Чиста привилегија за гледање и уживање. Нескротлив лудак со топка кој не можеш да го демантираш.

Најјаката ракометна одбрана направена во фудбал

Запознајте го Бенто Матеус Крепски, 22 годишно дете на Атлетико Параненсе, кое има само пет прволигашки настапи во бразилскиот шампионат. Нема тука ништо фудбалско во неговата реакцијата, туку класичен ракометен инстинкт, кој е лудачки со оглед на тоа од каде му ја фати. Како пајак му се постави.

Кога Пандев го прати Кјелини на физикална терапија

Снимкава е стара едно 12 години и јаче од мечот Јувентус - Лацио. Ама кога ќе ти влета рандом, особено од вакви јунаци од тазе завршеното Европско, не можеш да ја игнорираш. Некако жал ни падна за Џорџо, се исчаши цел кутриот.

Деби голот на Елмас на летните подготовки

Само 4 минути му беа потребни на Елиф Елмас со погодок да стартува на подготвителните средби за новата сезона. Новиот тренер Лучано Спалети му даде шанса во прв тим, а македонскиот репрезентативец тоа го искористи против нисколигашот Баса Ауниа.

И после Катар ќе бил домаќин на Светско

На пријателска против Гренада, инаку селекција од Карибите, фудбалерите на Катар покажаа како НЕ треба да се игра два на еден со голман.

Хет-трикот на Дарко Панчев против Австрија

Фејсбук страната која се занимава со историјатот на југословенскиот фудбал, знае да освежи со стари и историски снимки меѓу кои има и по некои подзаборевени. Само три месеци после Мундијалот во 1990, Панчев покажал дека треба да добива поголема минутажа во Италија.

Меси влезе во ресторан во Мајами, ама едвај излезе

Понекогаш и не е лесно да си Лионел Меси. По долгата и макотрпна сезона која по клупските му продолжи со репрезентативни обврски и ја освои Копа Америка, Меси замина на одмор. Велат дека вечерал на раат со семејството, ама кога стана да си оди налет јадењето.

Кристијан ај жонглирај на суво подобро

Напаѓачот на Челси, Кристијан Пулишиќ има 22 години, сосема недоволни за да си игра вака во длабокото. 

Како Меси и Барселона го обновија новиот историски договор

Каталонците треба и официјално деновиве да стават крај на сагата со Меси околу неговото останување. Клубот скоро сигурно ќе ја соопшти веста следната недела, откако адвокатите ги разгледале условите на зделката, пишува Марка.

Бомбите за Перез кој плука на големо по легенди на Реал Мадрид

Првиот човек на Кралевите деновиве е мета на голем скандал во Шпанија кој се открива во делови. Се појавија телефонски разговори во кој удира силно по славни имиња кои ги донесоа трофеите во клубот и тоа пазете против Раул, Касиљас, Фиго, Кристијано Роналдо, Дел Боске, Мурињо...

1 минутно исчекување за последниот свиреж на Копа Америка

Јужноамериканците имаат посебен однос и страст за фудбалот, посебно кога се бие битка за трофеј во натпреварување како Копа Америка. Па уште Бразил и Аргентина во финале, која инаку три децении ја биеше малер за трофеј.

Роденденска честитка од Меси за 100 годишниот Хернан кој во тефтер му ги запишува головите

Еден од најстарите навивачи на Меси се вика Дон Ернан, има 100 години, нема контакт со технологијата, ама има своја книжна Википедија во која бележи посебна статистика за еден од најголемите фудбалери.

Се жени европскиот првак, одиме цел град на свадба

Само 48 часа откако го совлада Пикфорд во пенал серијата во финале на ЕП, Федерико Бернардески се ожени и направи нова фешта во Италија.