Фудбал

Еве сме со Халанд на плажа да поиграме фудбал, па ќе видиме

Најголемата ѕвезда на трансфер преодниот рок, норвешкиот ѕвер Ерлинг Халанд кој премина од Борусија Дортмунд во Сити за преку 75 милиони евра, во моментов ужива на плажа на Мајорка каде се заиграл слободно фудбал со некои присутни дечки.

Како тоа црвен картон за физиотерапевтот?

Утрово ни тргна со необични фудбалски сцени. Во Африка газда на клуб му удри бокс на судијата бидејќи израмниле гостите, а во Америка физиотерапевтот на Филаделфија доби црвен картон затоа што турнал играч на Њујорк. Коментатор вели дека прв пат гледа вакво нешто, а и ние богами.

Ова го има само во Африка

Претседателот на Кано незадоволен што гостите израмниле, му влегува на линискиот судија со бокс. Како одговор на тоа, судиите го поништуваат голот за да се вратат дома читави. Самоволие кое го има само во најбофал лиги како што е очигледно нигериската.

Има ли јунак кој би му бранел еден на еден после овој клип?

15 пати го изгледавме за да сконтаме што му направи. Јасно ни е (веројатно), ама никогаш нема да ни стане јасно како да го повториме, тоест да се обидеме да го повториме.

Анегдотата на Зидан кој за трансферот во Реал се договарал со Перез преку салфетки

L’Equipe објави интервју со еден од најголемите уметници со топка, кој синоќа наполни 50 години. Се наврати на 2001-ва кога го направи трансферот во Реал кој му фалел во кариерата како предизвик, а раскажа и колку му било тешко да го повтори успехот во ЛШ, како тренер.

Па каква мајка си ти?

Мајка Јап Стам, која не им се дава на машките на фудбал и по цена на детето.

На Бруно му прекипе, па им се сипа на двајца соиграчи од Манчестер Јунајтед

Португалскиот ас им се пушти на двајцата бразилски репрезентативци Фред и Алекс Тељеш зошто повеќе се снимале отколку што мислеле на фудбал.

Пред 20 години падна последниот мундијалски златен гол вреден полуфинале за Турција

Светското првенство 2002-ра на Турците ќе им остане вечно во срце. За тие што можеби не знаат, завршија трети, што е многу тешко да го повторат. Имаа јаки играчи како Хакан Шукур, Емре Белозоглу, Окан Бурук, Хасан Шаш, Нихат Кавечи, Умит Давала. Во осминафинале ја минаа Јапонија, а во четвртфиналето против Сенегал, го постигнаа последниот златен гол кој потоа беше укинат како правило. Го даде Илхан Мансиз во 4 минута од продолженијата. Во полуфинале беа елиминирани од Бразил, но го добија мечот за трето место против Јужна Кореја.

Дошол Галијани во куќата на Интер, приемот очекуван

„Не ме примаат зошто сум миланиста“, вели стариот лисец кој во домот на Интер дошол да преговара за двајца фудбалери кои би ги довел во Монца на која со Берлускони ѝ го овозможија првиот историски пласман во Серија А после 100 и кусур години.

Кога Џани асистира, пасот е мајсторски

Македонскиот репрезентативец му даде топка со очи на Карлос Едуардо на дуелот против Ал Раед кој неговиот тим го загуби со 3:1. Со овој пораз Ал Ахли е блиску до испаѓање, а Алиоски кој сезонава бележи 6 голови и 8 асистенции, по само една сезона во Саудиска Арабија, веројатно ќе се спрема за нов трансфер. Се шпекулира дека ќе оди во Трабзон.

Ти мислиш да играш фудбал или ќе ја пењавиш во место?

Фрустрирачки е кога губиш 4:0, па уште и да гледаш како противникот си игра мајтап, со понижувачки однос. Фудбалерите на Сантос не можеа повеќе да го толерираат Адсон од Коринтијас кој по високото водство ја гњавеше топката, па му се сипаа.

Големи градови кои никогаш немале прволигаш, тука е и еден македонски

Саранда со отприлика 20.000 жители, Добој со 71.000 жители, Радовиш со околу 16.000 жители, Панчево со 90.000 се само некои од градовите во Европа кои никогаш немале фудбалски прволигаш. Има градови и со по 214.000 и 188.000 жители кои никогаш не виделе прволигашки фудбал.

Пад на Македонија на ранг листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација падна две места на најновото рангирање на ФИФА, објавено денеска.

Даде гол од преку пола терен на дерби и го фрли стадионот во транс

Во дербито на колумбиското првенство, Атлетико Насионал со 3-1 ја совлада Депортес Толима. Од трите гола, вториот кој падна во 71’ минута беше чудо невидено. Јерсон Кандело од преку пола терен го изненади гостинскиот голман и го распали цел стадион.

Мајсторски и многу паметен потег на Хулк еден на еден со голман

Атлетико Минеиро го совлада Фламенго со 2:1 во осминафиналето од Купот на Бразил. Уште по 7 минути игра, Хулк ги збесна навивачите со ретко виден лоб. На голманот нема да му текне друг пат да прави вакви излети.

Како изгледа сонот за секој колекционер на дресови?

Да влезе тука, со можност да го остават едно две недели.

Одбрана ќе играат Шутало и Шутало

Динамо Загреб успеа потајно без голема помпа да го доведе најголемиот хрватски талент во моментов, младиот стопер Бошко Шутало од Аталанта за 3 милиони евра. Интересно, во тимот на нашите Ристовски и Адеми веќе игра еден друг фудбалер со презиме Шутало. И Бошко и Јосип Шутало се стопери. И двајцата се високи 1.88 см, двајцата ги почнале кариерите во ФК Неретва, а немаат никаква роднинска врска.

Генијалниот лоб на Меси од шест агли

Од 672 комада постигнати за Барселона на сите натпреварувања, секогаш ќе биде тешко да се состави најатрактивна компилација. Ако треба да бираме меѓу лоб ударите, нека биде оваа мајсторија меѓу најдобрите, ако не и најдобра. Сезона 2018/2019 против Бетис, со одличен коментатор и музика за морници. Едноставно најнормално е секој голман да биде неспремен на каков брилијантен потег на прва.

Некој има нешто против одморот на Тер Штеген?

Лоши страни: Нема море и плажа. Добри страни: УЖИВА.

Роналдо стариот и дебел ќе те суреди еден на еден

Да видиме како на 45 години дрибла двократниот светски првак со Бразил и два пати освојувач на Златната топка. Ги има и техниката и потезите по кои беше препознатлив, без разлика што не може да си ја среди линијата. Каква легенда.

Мамиќ до Уставен и Врховен суд: Вие се најлоша колера и полоши сте од земјотрес, корона, птичји и свински грип

По една година пауза, Здравко Мамиќ закажа прес конференција на која во негов стил, како бегалец од Бих, го отера по ѓаволите цело хрватско правосудство до седмо колено. Насловот е само мал дел од неговиот арсенал на напади и вулгарности.

Бомбастичен шут за еврогол на ѕвезда на Бока

Во 4. коло од аргентинската Примера дивизион Бока продолжи со добрите игри и со 1-3 го совлада Сентрал на гости. Домаќините прв ги начна Себастиан Виља со невозможен шут во 42’ минута.

Роналдињо го има осетот и на 42 години, на ревијален меч направи шоу

Во Мајами на стадионот на новиот клуб Интер чиј сопственик е Дејвид Бекам, се одиграл ревијален натпревар: Тим Роналдињо против Тим Роберто Карлос. На куп собрани големи фудбалски имиња.

Алармантен твит за тоа каде оди фудбалот

Под новиот формат кој УЕФА веќе го усвои и треба да стапи на сила од сезоната 2024/2025, ќе има дури 64 повеќе натпревари во Лига на шампиони (од 125 сега до 189 тогаш). Ќе има 48 повеќе дуели во Лига Европа (над 141) и 12 повеќе средби во Конференциска Лига (од 141 на 153). Севкупна бројка од 531 натпревари во една сезона. Што е многу многу е. А никој не ги прашал навивачите за ова.