Продажбата на пиво ќе биде забранета на стадионите на Светското првенство во Катар, откако кралското семејство извршило притисок врз ФИФА да се откаже од потегот само 48 часа пред почетокот на турнирот.
Тоа значи дека навивачите на 32 земји учеснички за кои ова е ужасна вест, ќе нема од каде да купуваат пиво за време на натпреварите и единствана опција ќе им биде да се освежуваат со ладно пиво во фан зоните.
Овој потег ја става ФИФА во судир со Бадвајзер, за кој се смета дека има спонзорски договор со организаторот на турнирот, вреден 75 милиони евра.
„Па, ова е непријатно..“, твитна познатиот бренд.
Англиските медиуми се жалат дека во фан зоните пола литро пиво чини 12 фунти.
Алкохолот ќе биде достапен и за купување во лиценцирани хотели и ресторани, што е типично според катарскиот закон.
Ова правило сменето во последен момент е веројатно донесено по барање на шеикот Џасим бин Хамад бин Калифа ал Тани, братот на владетелот на Катар.
Во официјалниот водич за навивачи стои дека „сопствениците на билети ќе имаат пристап до производите на Бадвајзер, Бадвајзер Зеро и Кола Кола во рамките на периметарот на стадионот“ најмалку три часа пред натпреварите и еден час потоа.
Катар се бори со темата за алкохол уште откако на малата заливска земја и беа доделени правата за домаќин на Светското првенство во 2010 година. Алкохолот е достапен во земјата, но продажбата е строго контролирана.