Катар го отвори Мундијалот со спектакл во кој учествуваше голема холивудска ѕвезда

По сите долгогодишни перипетии, критики и контроверзи кои ги призна и самиот Сеп Блатер, дојде и тој ден, а тоа е стартот на 22-то Светско првенство кое за прв пат во историјата се игра во една мала земја како Катар и за прв пат во зима.

Со спектакуларно свечено отворање, емирот на Катар, Ал-Тани го означи стартот на Светското првенство кое се очекува да пружи големо фудбалско уживање сè до финалето закажано за 18 декември.

На церемонијата во очи на првиот меч меѓу Катар и Еквадор имаше музичко шоу во кое беа изведени сите четири официјални песни на Мундијалот.

Ѕвезда на вечерта беше славниот актер Морган Фримен кој испрати моќна порака.

„Фудбалот ги обедини нациите и нивната љубов кон убавата игра. Она што ги обединува нациите ги обединува и заедниците. Ова е повик до целиот свет од Катар“.

Пехарот во име на актуелниот светски шампион Франција го донесе поранешниот освојувач Марсел Дасаи.

Инаку за организација на ова Светско првенство за кое беа потребни нови стадиони и инфраструктура во Доха, потрошени се рекордни преку 200 милијарди евра. 

 

20 ноември 2022 - 18:00