Фудбалерите на Аргентина ја распалија скарата во Катар

Не сме само ние по таа работа. Аргентинците на Светско отпатувале со 3,5 тона месо. Србија дали се слушаме?

Првиот ден во Катар, селекцијата на Аргентина го заврши на традиционален начин со скара или како што тие ја викаат аргентинската типична вечера „асадо“.

Прекрасниот скараџиски амбиент на кој радо би му влетале со пиво, го открива левиот бек Николас Таљафико.

Не би навлегувале дали ја прават на дрва, ќумур или плин, нивна работа, битно се гледа дека се опремени со повеќе скари, инаку како ќе навасаат. Само 26 од репрезентацијата се играчи, плус стручен штаб.

Аргентинските медиуми пишуваат дека репрезентацијата полетала за Катар со 3,5 месо.

Инаку Аргентинците го одржале првиот тренинг зад затворени врати, а двајца играчи потоа завршиле на третман кај физиотерапевтите. Тоа се левиот бек Маркус Акуња и напаѓачот Хоакин Кореа.

Од планираниот состав поради повреда за сега испадна само Нико Гонзалес, а на негово место беше повикан Анхел Кореад од Атлетико Мадрид.

Првиот меч Аргентина го игра против Саудиска Арабија, на 22 ноември во 11 часот, а потоа ги чекаат пресметки со Полска и Мексико.

Шампионот на Америка имаше убав пречек од домаќинот.

18 ноември 2022 - 09:59