Германија со студен туш го отвори Мундијалот 2022. Иако водеа од 33' минута со гол на Ѓундоган од пенал, Јапонија во вториот дел за само осум минути направи целосен пресврт.
Повеќекратниот светски првак Германија го започнува Мундијалот со меч против Јапонија. Пред почетокот на средбата, германските репрезентативци на групната фотографија со раце ги покрија устите во знак на протест што ФИФА не дозволи капитени на одредени селекции да носат ленти во боите на виножито. Многу ја погодија ФИФА со ова мора да се признае.
Слушаш математика, хемија, физика, а ги гледаш Меси, Роналдо, Мбапе. Светско од лето во зима преместија, еден зимски распуст не можете да поместите малку порано? Океј, тогаш да се концентрираме на следните два (фудбалски) часа по 45 минути.
Во 2014-та на Светското во Бразил, Костарика беше најпријатно, најубаво изненадување. Во страшна група со Италија, Англија и Уругвај, Костариканците завршија први со 7 бода и стигнаа дури до четвртфинале каде изгубија на пенали. Играат и сега во Катар.
Како млада и тазе држава по распадот на Југославија, Хрватска одигра историски Мундијал во 1998 и го освои третото место. Впечатоците од тие незаборавни мигови ги раскажуваат Игор Штимац и Ѕвонимир Бобан.
Човекот кој на државниот саудиски канал ја пренесувал историската победа против големата Аргентина, буквално полуде на вториот, победнички гол на Саудиска Арабија.
За ФК Вардар и Комити утре е голем ден. Македонскиот спортски бренд слави 75 години од своето постоење, а нивната најверна навивачка група 35 години. За таа чест на Градски со почеток од 19:30 е закажан навивачки спектакл и пријателска против Железничар од БиХ. Ѕвездата на Манчестер Јунајтед и Португалија повика да се оди на стадион.
Холандскиот легендарен тренер Луи Ван Гал им дозволил на играчите да се гледаат со своите роднини, пријатели, сопруги, семејства. Во Катар е и неговата сопруга на која по денешниот тренинг отворено ѝ рекол: „Можеш да дојдеш и до хотел, кај мене во соба, да се ........“.
Пазете го ова. Аргентина беше во серија од 36 натпревари без пораз. Последен пат загубиле од Бразил во јули 2019-та. Само втор пат во историјата на Мундијалите губат меч после водство на полувреме. Првиот пат им се случило пред 92 години.
Во прво полувреме ги упецаа со офсајд замки, во второ Аргентинците и покрај тоа што немаат високи напаѓачи, беа сивоњи и упорно и очајно се обидуваа да го избегаат срамот со нафрлени. Резултатот:
Репрезентацијата на Саудиска Арабија на секое учество на Светски првенства беше сметана за аутсајдер без никакви шанси да пројде група. Но во Катар го направија најголемото чудо - ја урнаа Аргентина на големиот Меси.
На петтиот натпревар во Катар се случи лудорија од резултат од кој настрадаа Меси и другарите. Саудиска Арабија која губеше 1:0 на полувреме, во рок од 5 минути направи лудачки пресврт и ја победи Аргентина. Гаучосите дадоа уште три гола во прво, ама им ги поништија.
Со голот од пенал после 10 минути игра, Лео Меси стана прв Аргентинец во историјата кој постигнал гол на четири Мундијали. Батистута и Марадона имаат дадено на три.
Аргентинците и Уругвајците важат за едно од најголемите љубители на месо на светот. За да на Светското првенство во Катар овие репрезентации се чуствуваат како дома, понеле со себе тони месо.
Откако ФИФА им кажа на Англичаните, Холанѓаните и Белгијците дека ќе дава жолт картон на секој оној кој ќе носи капитенска лента во боите на виножитото па си подвија опашка и се повлекоа од борба за идеалите, сега тема број 1 по социјалните мрежи се невообичаено долгите судиски продолженија.
Англија беше немилосрдна на првиот меч на Мундијалот и го победи Иран со 6:2. Еден од стрелците беше Џек Грилиш кој му исполни ветување на еден млад фан.
Првото коло од Мундијалот, Португалците го играат последни во четврток, а тоа им дава доволно време малку и за разонода и релаксација. Репрезентативците добија задача да нацртаат по еден соиграч. Роналдо го нацрта Пепе и прсна од смеење.
Легендарниот холандски стратег Луи ван Гал ја води својата земја на второ Светско првенство во кариерата. Првиот пат во 2014-та на Холандија и подари прекрасна победа над силната Шпанија од 1:5 со еврогол на Ван Перси. Холанѓаните тогаш стигнаа до трето место и бронза, сега имаат иста цел.
Во воведните минути од дуелот од 1. коло во групата Б меѓу Англија и Иран, голманот и стоперот на азискиот состав Алиреза Беираванд и Маџид Хосеини се судрија жестоко после што голманот не можеше да го продолжи мечот. Десетина минути траеше прекинот, Беираванд проба да продолжи па сфати дека не може. Главниот судија го продолжи првиот дел за цели 14 минути. Англија на крајот победи со убедливи 6:2.