Експериментот во Катар: Зошто судиите даваат толку долги продолженија?

Откако ФИФА им кажа на Англичаните, Холанѓаните и Белгијците дека ќе дава жолт картон на секој оној кој ќе носи капитенска лента во боите на виножитото па си подвија опашка и се повлекоа од борба за идеалите, сега тема број 1 по социјалните мрежи се невообичаено долгите судиски продолженија.

На секое регуларно време од 90 минути на првите натпревари на Светското се додаваа уште нетипично многу минути.

Мечот Англија - Иран го урна рекордот: 14 минути продолжение на првиот дел и уште 10 минути во вториот, па 3 минути за ВАР и пенал на самиот крај.

ВКУПНО ВРЕМЕ НА СИТЕ ДОСЕГАШНИ НАТПРЕВАРИ:

Катар - Еквадор: 100 минути и 18 секунди
Англија - Иран: 117 минути и 16 секунди
Сенегал - Холандија: 102 минути и 49 секунди
САД - ВЕЛС: во вториот дел беа додадени 9 минути а се одиграа 10 минути и 34 секунди.

Зошто е тоа така?

ФИФА СЕ ОБИДУВА ДА СПРОВЕДЕ ЕКСПЕРИМЕНТ ЗА ДА ГО ЗГОЛЕМИ ИГРАЧКОТО ВРЕМЕ И ДА СЕ БОРИ ПРОТИВ ЗАДРЖУВАЊЕ

Светското и Европско првенство секогаш биле плоштад за разни експерименти. ФИФА долго време на второстепните помали турнири тестира разни фантазии на високите чиновници а најдоброто од нив на крајот стигнува дури до Светско првенство.

Така во 2018-та светот првпат виде колку брзо може да работи ВАР. Претходно судиите се двоумеа околу спорни ситуации со глума, лактови во воздух, притисок врз нив и др. Обично после големите турнири новите правила ги адаптираат во сите национални првенства.

Пред Светското во Катар, Пјерлуиџи Колино, шефот на судиската комисија на ФИФА рекол: „Ние не треба да с ечудиме ако видиме 7 или 8 минути судиско продолжение на времето, ако толку време било потрошено во празно“.

Легендарниот Италијанец за пример зеде прослави на голови на кои се губат по две-три минути. А ако има повеќе голови, прашал Колина.

РЕЗЕРВНИ СУДИИ ВО СЕКУНДИ ГИ СМЕТААТ СИТЕ ПАУЗИ

На Мундијалот во Катар 2022 работат двајца резервни судии наместо еден како што беше досега. Задачите на резервните судии се прошириле, па тие сега се полноправни член на судиската екипа: повеќе ја следат играта, одговорни се за сите делови на теренот, а поврзани се со радио-врска со сите други судии и се консултираат меѓусебно.

Главна задача на резервниот судија е да следи за дополнително време за продолжение. Ако претходно тоа главниот судија го сметаше условно, сега се преминало на фактичка состојба на теренот.

Досега препораките беа следни: 1 минута надополнување за повреда, 30 секунди за измена и да се компензира времето потрошено на прегледување повторени снимки.

Резервниот судија има задача да го смета, да го брои времето буквално во секунди, она време кое е потрошено на прослава на гол, сите проверки на ВАР, паузите после досуден пенал, замени, спорни моменти при давање картони и излегување од терен на исклучени играчи (некогаш одолговлекуваат), пружање медицинска помош при повреди.

Вториот резервен судија исто брои секунди после што и соопштува на главната судиска тројка колку време отишло така во празно. Тој брои подготовка при изведување прекини за фаул или корнер, местење за изведување аути, но најверојатно е исклучено дека во иднина ќе се бројат и овие паузи.

14 минути судиско продолжение на мечот Англија - Иран беа премногу, но фактички на иранскиот голман помош му се пружала околу девет минути. Плус замени, еден жолт картон и три постигнати гола на Англичаните во првиот дел. Точна пресметка на потрошено и додадено време.

22 ноември 2022 - 09:21