Раскинаа Манчестер Јунајтед и Роналдо, каде пукна тиквата?

Манчестер Јунајтед и Португалецот споразумно го раскинале договорот. Преку соопштение клубот од „Олд Трафорд“ објави дека става крај на соработката.

Манчестер Јунајтед му заблагодари на Кристијано за големиот придонес во текот на двата мандати во клубот во кои постигна 145 гола на 346 натпревари.

Роналдо исто го прокоментира раскинот: „После преговорите со Ман. Јунајтед се договоривме взаемно да ја раскинеме договорот. Го сакам Манчестер Јунајтед и навивачите и тоа никогаш нема да се смени. Во исто време чувствувам дека дојде време да барам нов предизвик. И посакувам на екипата успеси во вториот дел од сезоната и во иднина“.

Португалецот во Јунајтед помина 7,5 години во два мандати: од 2003-та до 2009-та и пола година по враќањето минатото лето. Освои 3 шампионски титули во Премиер лига, 2 Лига Купа, 1 ФА Куп, 1 Суперкуп на Англија, Светско клупско првенство и Лига на шампиони.

Првата „Златна топка“ Кристијано ја доби исто како играч на Манчестер во 2008-ма.

ШТО СЕ СЛУЧИ И КАДЕ ПУКНА ТИКВАТА?

На 13 ноември познатиот британски новинар Пирс Морган објави големо интервју со Кристијано Роналдо (90 минути, поделени на два дела). 

Во кратки објави во најавите на интервјуто светот слушна многу критики како: „Јас не го почитувам Тен Хаг зошто ни тој не ме почитува мене“, „Клубот сакаше да се ослободи од мене“, „После Фергусон клубот оди во пропаст“ итн.

Уште пред интервјуто имаше инсајдерски информации дека Тен Хаг планира санкции против Португалецот. Според ESPN холандскиот тренер рекол дека веќе нема да го става во тимот.

Роналдо претходно прокоментирал: „Новиот тренер применува нови методи и јас не сфаќам зошто го прави тоа. Секогаш сум бил добар со најдобрите тренери на светот: Зидан, Анчелоти, Мурињо, Фернандо Сантош, Алегри... многу знам“.

Кристијано уште по доаѓањето во клубот одбивал да соработува не само со тренерот туку и со некои луѓе во управата. Тој во интервјуто со Морган раскажа дека доцнел на подготовките поради семејни проблеми кога тримесечната ќерка му била реанимирана.

Исто се пожали и на инфраструктурата на клубот која според него застарела. „Базенот не е сменет уште од првиот пат кога бев таму“.

Клубот радикално реагирал на дрското интервју и побарале од правните служби лек како да се раскине договорот без да се плаќа обештетување.

Соиграчите од екипата исто веќе немале трпение за испадите на Роналдо, а Дејли Мејл пишува дека Кристијано ќе загуби околу 16 милиони фунти поради раскинување на договорот предвреме.

Кристијано сега на Светско првенство ќе игра како слободен агент а нов клуб ќе бара после Мундијалот и ќе може да потпише договор во јануарскиот преоден рок.

23 ноември 2022 - 09:15