
ЕСПН меѓу првите ја соопшти информацијата дека Аргентина и Ургувај донеле по 900 килогрмаи месо, но аргентинските медиуми ги корегираа со поинакви податоци: државната аргентинска телевизија објавила сертификат од Националната служба за здравје кај животните и квалитетни земјоделски стоки (SENASA) која што одобрила превоз на 2.630 килограми месо за Аргентина.
Само гаучосите донеле повеќе од 2,5 тони месо.
Најмногу имало Тира де Асадо (485,3 кг) - тоа се говедски ребра.
Каналот TN побарал инфорамции од месната индустрија Frigolar која што и продала свежо месо на репрезентацијата. Компанијата не ја криела сумата колку што аргентинската фудбалска федерација (AFA) платила: околу 3,5 милиони пезоси (215.000 долари).
Во Уругвај кај Кавани и Суарез не е ништо поинаку. Тони месо им одобрил Националниот институт за месна индустрија во земјата (INAC).
„Мате (најпознатиот напиток популарен во Јужна Америка), асадо и фудбал се дел од нашиот идентитет, затоа секаде одиме заедно со нив. Во сите победи на уругвајскиот фудбал голема заслуга има и месото. Се надеваме дека успехот одново ќе го следи Уругвај“, рекол претседателот на Националниот институт за месо во земјата, Конрадо Фебрер.
ПОВЕЌЕ ОД ХРАНА
Популарното асадо на скара е распространето во Аргентина, Уругвај, Еквадор, Чиле, Колумбија, Боливија, Парагвај, Перу и Венецуела. Асадо всушност е техниката на приготвување месо (говедина најчесто) која се жари на скара или на отворен оган.
Аргентинците и Уругвајците обожуваат асадо па ниту на едно големо првенство не одат без оваа храна.
Селекторот на Аргентина Лионел Скалони вели дека тоа е и точка на обединување:
„Мое омилено јадење е асадо кое е повеќе од храна. Создава атмосфера на обединување и колективна хемија. Тоа (асадо) е дел од нашата култура, одлика на аргентинскиот карактер. Во тоа време може да помуабетиме, да се посмееме, да се пошегуваме... Работата не е само во месото, иако многу го сакаме. Работата е да се биде дел од групата и врските кои излегуваат од неа“.
Иако Меси неколку пати спомнал дека не обожува многу месо на скара, но дека сакал да го спрема: „Мене не ми се допаѓа многу печено месо, но тука сум за дружбата. Анхел Ди Марија исто спрема (во Париз) а во Барселона Луис Суарез. Ако спремам јас, најчесто јаде семејството, децата. Јас не го сакам“.
Аргентина денес почнува на Светско со Саудиска Арабија.