Прославата на Грилиш му била ветена на дете со церебрална парализа

Англија беше немилосрдна на првиот меч на Мундијалот и го победи Иран со 6:2. Еден од стрелците беше Џек Грилиш кој му исполни ветување на еден млад фан.

Во 70-та минута од мечот селекторот Саутгејт направи четири измени и ги стави Даер, Рашфорд, Фоден и Грилиш. Ѕвездата на Манчестер Сити го постигна шестиот гол за Англичаните.

Во еден момент од прославата почна да мафта со рацете, а зад тоа се криело ветување за едно детенце.

Се работи за 11 годишниот Финли, кој има церебрална парализа и кој побарал од својот идол како да се израдува кога ќе го постигне следниот гол.

14+ минути продолжение поради тешката повреда на голманот на Иран

Почнаа махерите и на Светско

22 ноември 2022 - 08:47