Фудбал

Алисон му забибери чорба на Пикфорд од Евертон

Со головите на Енди Робертсон и Дивок Ориги, Ливерпул лесно и рутински со 2-0 го совлада градскиот ривал Евертон кој се бори за опстанок во Премиер лига. На крајот од мечот кога веќе победникот беше решен, бразилскиот голман Алисон реши да се позафркава со ривалскиот голман Пикфорд кој уште од почеток на мечот се фрлаше на земја за да задржува време.

Судија тргна да свири фаул, му падна свирчето, па Адеми даде гол

Динамо Загреб на гостувањето кај Горица 86 минути не можеше да го најде патот до мрежата зошто голманот Котарски бранеше одлично. Но кога е најтешко, тука за „модрите“ беше капитенот Аријан Адеми, кој како и секогаш е во право време на право место. Интересно пред Адеми да го реши мечот, судијата тргна да свири очигледен фаул за Динамо, ама му падна свирчето а македонскиот репрезентативец го искористи тоа.

Чудесните одбрани на Столе Димитриевски против Барселона на „Камп Ноу“

Рајо Ваљекано оствари историски триумф против Барселона на гости со 0-1 и стана еден од ретките клубови на кои му успеало два пати да ја скроти Барса во една иста сезона. Среде „Камп Ноу“ Рајо играше маестрално, а јунак на мечот беше нашиот Столе Димитриевски со неколку бравурозни одбрани со кои ги исфрустрира домашните навивачи и играчи.

Кога не знаеш дали е реприза, дали оди во живо

На натпреварот меѓу Саутемптон У-23 и Њукасл У-23, Тајлер Диблинг постигнал дури три гола во првиот дел а сите три му биле неверојатно исти. Човек кој не го гледал натпреварот би помислил дека е монтирано.

Пандев беше сведок на најголемиот кикс на Џиџи Буфон во кариерата

Перуџа ја совлада Парма 2-1 во натпревар на кој нашиот Горан Пандев одигра 56 минути пред да биде заменет со шпицот Роберто Инглезе. „Млекарите“ примија два брзи гола во рок од две минути од 5-та до 7-ма. Вториот примен гол беше воедно и последица на најголемиот кикс на Џиџи Буфон во кариерата.

Хотел со 5 ѕвезди е ова или стадион во Катар?

Мундијалот во Катар е закажан за 21 ноември - 18 декември 2022. Следната зима да може да бирате, би одбрале да одите по слави или тука?

Сите голови на Македонија на мундијалските квалификации 2022

Вкупно се 24, а ги дадоа: Трајковски 5, Елмас 4, Алиоски 3, Барди 3, Велковски 2, Несторовски 1
Пандев 1, Николов 1, Чурлинов 1, Адеми и Милан Ристовски 1. Ги спакувал во едно Matejcho кој има направено и други добри компилации на Јутјуб со наши фудбалери. Вреди да се потсетиме.

Кратка сторија за еден незаборавен кам бек на Роберто Баџо по кој фалеше поинаков крај

Ако треба да одбереме кој е синоним за бројот 10 и италијанскиот фудбал во 90-те, тоа сигурно е Роберто Баџо. Идол на многу генерации за кој се раскажува и ќе се раскажува. Цела Италија го сакаше на тоа пусто Светско, само Трапатони не.

Кристијано Роналдо со голема благодарност до навивачите на Ливерпул

Еден ден по загубата на новороденчето, Енфилд Роуд создаде уникатна сцена на дербито Ливерпул - Манчестер Јунајтед, за да му оддаде почит на Роналдо. Им возрати со објавување на видео од емотивниот момент во 7 минута, кое само во првите два часа имаше над 4 милиони лајкови.

Кога ќе ти ја сменат песната на пола

Некои навивачи имаат обичај пред противнички голман да ја изведе топката од свое поле, да му викнат едногласно нешто навредливо, а некои практикуваат така да им сметаат на изведувачите на корнери. За време на мечот Хал Сити - Кардиф Сити кој заврши 2-1, домашните навивачи на еден корнер викаат "you shit bastard ahhh" и примаат гол.

Акција со 16 пасови на сите 11 играчи на Интер по која Милан капитулираше во 3 минута

Лаутаро Мартинез го имаше најатрактивниот потег на миланското дерби кога ја заби дрско со волеј, ама на голот му претходеше јак тимски фудбал кој момците на Инѕаги го развија по само 3 минути игра.

Голот за победа на Хајдук и експлозија од радост на Пољуд во Сплит

Хајдук го победи Динамо Загреб 1-0, освои три бода и на пет кола пред крајот на хрватското првенство се врати во борбата за титулата. Сега по 31 одиграни натпреври, Динамо е прв со 66 поени, Осијек втор со 64 а Хајдук трет со 62. Повратникот во Сплит, Никола Калиниќ кој играше за неколку големи европски клубови меѓу кои и Милан и Рома, го реши дербито со прекрасен гол со лева.

Расположението пред викенд долг четири дена

Њукасл го победи Кристал Палас 1:0 во 33. коло од Премиер лигата и за прв пат после 2004-та се радува на шест домашни победи во низа. Долгиот празничен викенд ви го најавува Алан Сен Максимин.

Бензема утна два пенали, ама во еден момент се претвори во Зидан

Само прашање на денови е кога Реал Мадрид ќе ја официјализира новата 35-та титула во Ла Лига. Синоќа славеа над Осасуна на гости со 1:3, а стрелци на головите беа Алаба, Асенсио и Васкез. Никој нема да му замери на Карим за промашените пенали. Погледнете како им го организираше нападот за последниот гол.

Многу чуден гол од слободен удар во Куп на Русија

Најголемо изненадување во рускиот Куп направи нисколигашот Аланија Владикавказ откако го елиминираше големиот шампион Зенит по изведување на пенали. Аланија губеше 1-2 но постигна гол во последните секунди од мечот и тоа еврогол од слободен удар преку Николаи Ѓорѓобиани за нерешени 2-2 и пенали.

А се сеќавате ли на волејот на Нистелрој после плејстејшн акцијата на Реал?

Вакви голчишта тешко се забораваат, особено ако прашате навивач на Реал Мадрид. Не знаеш дали е подобра акцијата од која последните седум пасови се на прва или завршницата на Холанѓанецот. Падна пред точно 15 години на меч против Валенсија.

Избега од бомбите во Украина и стана МВП во дресот на Аталанта благодарение на Малиновски

Руслан Малиновски од Аталанта е еден од оние фудбалски ликови кои работат на помирување, но и спасување на луѓе од хоророт кој му се случува во татковината. Му подаде рака на талент од Шахтјор кој блесна за тимот од Бергамо.

Салах и двосмисленоста во изјавата

Може само да се замисли колку е силен Ливерпул кога меѓу првите петмина најдобри стрелци во лигата, тројца се нивни играчи (Салах 22, Жота 15, Мане 14) и меѓу првите тројца најдобри асистенти сите тројца се нивни (Салах 12 асистенции, Трент Александар-Арнолд 12, Ендрју Робертсон 10). Заслужено се први на табела во Премиер во моментов.

Со Ибра и индивидуалните тренинзи се посебни

„Јас решавам кога ќе сопрам, исто како што решавам дека ќе те удри жолтата топка“, напиша уникатниот Златан.

15 години од голот на Диего од паркинг

Можеби сте го подзаборавиле, бидејќи Бразилецот Диего од 2016-та не е дел од европскиот фудбал и е член на Фламенго, а многу добро го паметиме од Вердер, Јувентус, Волфсбург, Атлетико Мадрид. Бундеслигата денеска му одбележува јубилеј на овој дрзок лоб од 60 метри.

Како тоа два гола од корнер на еден натпревар?

Артим Шаќини цел живот ќе ни биде синоним за гол од корнер. Пољаците за жал имаат појак од нашиов. Се вика Камил Бетковски и успеа да даде два на мечот Спарта Катовице - Горник Волковице, конечни 6:0. Какво мајсториште.

Интер имаше специјален гостин на градското дерби

Иако живее во Бразил и веќе неколку години како е влезен во сомнително друштво со кое прави ѓурултии, Адриано синоќа скроз изненади и се појави на Меаца на полуфиналето меѓу Интер и Милан.

Јак волеј на Лаутаро Мартинез на дербито

Фудбалерите на Интер се првите финалисти во Купот на Италија откако со 3:0 го елиминираа Милан во реваншот. Аргентинецот Мартинез беше двоен стрелец, кој градскиот ривал го отвори по само 4 минути игра на спектакуларен начин.

Цел Енфилд Роуд аплаудираше во 7 минута за Кристијано Роналдо

Навивачите на Ливерпул изрежираа сцена за вечност и покажаа дека големото ривалство против Манчестер Јунајтед оди во втор план кога е во прашање човечки живот во таборот на противникот.