Фудбал

Фино што се извини, ама кај ти дојде навивачите да ги рогаш со топка?

Тејлор Гарднер од ВБА има само 20 години, а во сениорска конкуренција игра од лани. Ќе му треба изгледа уште време за да сфати дека Чемпионшип не е маалски собир со другарите.

Е да видиш на времето кога победник одлучувале со потфрлање паричка

На денешен ден во 1967-ма година се играл реваншот меѓу Лидс и Болоња во Куп на Саемски градови. Болоња го добила првиот меч 1-0, Лидс славел дома 1-0 а во продолженијата немало гол. И во тој период немало пенал серија туку се фрлало паричка „петка-глава“ па кој ќе добие тој оди понатаму. Англискиот тим имал среќа да пројде во финале.

Абрахам vs Лоботка во епизодата дојди земи ја ако можеш

Англичанецот висок 190, Лоботка 170, ама висината нека не ве лаже, битка е техниката, а Тами ја игра и го изработи фудбалерот на Наполи како нива во Говрлево.

Детето на бегалци преку цела Сахара, симбол на Билбао кој 6 години не пропуштил ниту еден меч во Ла Лига

Неверојатно достигнување на црномурниот Баскиец, идол на многу генерации во Билбао, дете на бегалци од граѓанска војна во Либерија кои преку цела Сахара стигнале до Мелиља.

Каква трка остај тоа, чекај полека да видам нешто

Словенецот Матеј Мохорич со природна и спонтана реакција го распали Твитер. Тој е велосипедист на Бахреин Викториус и за време на трката Париз - Рубаи каде го пројде финишот како петтопласиран, реши да подзаборави во еден момент на обврските во трката и да се концентрира на нешто поубаво.

Пет врвни потези за кои се зборуваше во Германија викендот

Триесеттото коло во германската Бундеслига донесе неколку маестрални потези. Борусија Дортмунд се врати на победнички патеки и со 6-1 го декласираше Волфсбург. Во топ5 голови на колото се најдоа Сердар, Баку, Ерлинг Халанд.

Како Анчелоти прима топка на 62 години

Севиља - Реал Мадрид, 29 минута, 2:0. На кралевите не им оди и во еден момент Карло ја нагазува топката ала Зидан.

И нему не му е јасно каков нереален еврогол даде

Ај сега заборавете на сите голчишта со волеј кои сте ги виделе викендов и обрнете внимание што чудо изведе Џек Колбак од Нотингем Форест на мечот против ВБА, кој го добија со 4:0. За лице се држеше од неверување.

Селфи на денот

Се качуваш во лифт и кога таму не комшиите со кои едвај правиш или не правиш здраво, туку пола тим на ПСЖ. Е како така? Е така, ќе ви покаже 17-годишната голферка Марта Силченко.

Јак графит за легендарната изјава на Пикси пред Светско

Драган Стојковиќ Пикси во два наврати вети дека ќе ја однесе Србија во Катар. Првиот пат доби хипотетичко прашање, бидејќи не ниту беше селектор, а од изјавата која ја даде вториот пат, во селото Банатски Брестовас му направија мурал на кој го има и Александар Митровиќ.

Во Бразил падна гол сличен на легендарниот на Роберто Карлос

Мечот меѓу бразилските третолигаши Виториа и Флореста кој заврши 0-1 за гостите, ќе се памети по невозможниот гол на Фабио Силва во 42’ минута. Фудбалерот на гостите распали во стилот на Роберто Карлос а топката фати едно ефе кое по многу потсеќа на голот на култниот лев бек на Реал Мадрид и Бразил.

15 години од најубавиот гол на Меси во кариерата

Некој би рекол како вчера да беше. Аргентинецот се изнадава стотици голови против стотици клубови и репрезентации. Просто не се знае кој од кој му е поубав погодок. Со право се смета за еден од најдобрите фудбалери во историјата на оваа игра. На 18 април 2007 на мечот Барселона - Хетафе направи нешто чудесно.

Подобро во аут да исфрлам отколку да му ја дадам на Хари

Покрај сите стопери на светов, Хари Мегваер е првотимец во Манчестер Јунајтед за кој платија грдни пари, па уште е и капитен. Погледнете колку верба во него има Давид Де Хеа.

Срам на колото, седум играчи му влегоа на голманот на Овиедо со ќотек

Дерби дуел е права ствар, ама има ли бре овде полиција? Спортинг Хихон на домашен терен загуби 0:1 од големиот ривал Реал Овиедо, а потоа поразените фудбалери демонстрираа на дело фрустрација и анти фер плеј. Пола тим му се сипа на голманот и тоа дрско со тепање.

Гужва во наполитанското катче на Марадона, се појави Мурињо

Гостувањето на Рома на стадионот Диего Марадона, португалскиот стратег го искористи да и оддаде почит на фудбалската легенда која има посебен статус во овој град.

Лукаку ја презема улогата на Вернер со промашувањата

Од најснажен и најефикасен шпиц на светот лани, до резерва со бледа минутажа во Челси сезонава. Во само неколку месеци Ромелу Лукаку драстично падна во форма така што нема шанса за прв тим со Тимо Вернер и Кај Хаверц. Тухел му даде шанса во полуфинале на ФА Купот со Кристал Палас (2:0 за Челси), ама Лукаку промаши непромашливо.

Има нешто чудно во голманската логика, Донарума е прав доказ

ПСЖ го совлада најлутиот ривал во француската Лига1 Олимпик Марсеј со 2-1 и речиси ја обезбеди титлата уште во април месец. Избегаа Парижаните на +15 бода во однос на главниот ривал кој е втор на табела. Победата ја донесоа Нејмар и Мбапе а најчуден момент на мечот имаше голманот Донарума кој се обиде да задржува време ама не знаеше како.

Нов циркус на Хари Мегваер

Стоперот на Манчестер Јунајтед веќе неколку месеци е главна мета за зафрканција меѓу мајтапџиите на социјалните мрежи. Просто човекот не го оставија на мира, ама поради тоа што редовно им дава причини, изгледа како да му годи таа улога да биде комедијант на теренот.

Втор автогол на Зајков за неколку дена

Повремениот македонски репрезентативец Ѓоко Зајков постигна три гола на три меча но два во своја мрежа откако се врати во бугарскиот фудбал пред пар недели. Зајков е член на Славија Софија која во неделата изгуби 4-1 од Лудогорец кој на тој начин ја освои 11-та шампионска титула.

Аплаузи, овации и урамен дрес за Жути

По две децении ровање на светски и европски првенства, популарниот Филип Миркуловски кој срцето го остави за Македонија, вечерва ја бие последната репрезентативна битка во кариерата. Цела сала стана да му аплаудира. Благодариме мајсторе.

Првиот фудбалер на светот во ХХI век со 50 хет-трика во Топ5 лигите

Португалецот Кристијано Роналдо сам го реши Норвич и со хет трик му донесе злато вредни три бода на Манчестер Јунајтед (3:2) кој остана во трката за место кое води во Лига на шампиони.

Шах-мат од слободен удар

Во полуфиналето на шкотскиот Куп, Хартс со 2-1 го победи Хиберниан. И двата гола на победничкиот тим беа прекрасни евроголови. Прво Елис Симс а после и Стивен Кингсли по мајсторски одигран слободен удар.

И на голман може да не му е денот

Во првото коло од азиската Лига на шампиони малезискиот Џохор Дарул го разбива кинескиот Гвангжу Евергранде кој за некое чудо нема ама баш ниту еден странски фудбалер во составот а има и кинески тренер. После првиот дел Малезијците водат 3-0 а гостинскиот голман Липан Хе си даде и смешен автогол.

Гвардиола брутално искрен за себе и Биелса

Тренер со толкава слава и успеси кои повлекуваат силно его и суета е просто неверојатно да признае вакво нешто за себе и да ја истакне способноста на колега, во случајов Марсело Биелса.