ПРЕКАРОТ ГО ДОБИЛ ОД ЗАКАЧКА
Самиот легендарен и најтрофеен Бразилец неколку пати ја раскажал историјата на прекарот Пеле. Му го дале уште во рана младост. Прво во семејството го викале Дико, а мајка му интересно секогаш го викала така. За неговата луцидна брзина го викале Гасолино.
Прекарот Пеле се појавил поради соиграч од екипата на неговиот татко. Легендата раскажала дека има неколку верзии за прекарот, а и тој самиот низ животот раскажал неколку иако за една тврди дека е највистинита.
Татко му на Пеле играл за Васко од Сан Лоренцо, а таму голман бил извесен Хозе Лино кого го викале Биле.
Прекарот Биле се појавил под мистериозни околности. Кога Жозе бил мал долго време не зборувал ништо. Со цел да му помогне, мајка му одела секаде па и кај исцелители кои извеле некој ритуален обред во кој изговарале некои зборови како: „Били-билу-тетеија“. Ова го правеле редовно неколку недели.
Малиот Хозе прозборел а прв збор кој го кажал наводно бил: „Биле!“, веројатно зошто го слушал овој збор непрестано неколку недели во обредот. И така го завикале од тој момент.
После дваесет години кога Биле бранел во тим кај татко му на Пеле, таткото на легендата често го носел малиот Едсон со себе на тренинг. Малиот уживал да шутира на гол и кога голманот му бранел, Пеле викал „Супер Биле!“ или „Одлична одбрана, Биле!“
Од тогаш малиот го засакал многу голманот Биле и викал како сака да биде како него кога ќе порасне. Многу години подоцна Пеле прифатил разни верзии за тоа како прекарот Биле се трансформирал во Пеле или пак самиот тој не го изговарал правилно како треба како мал. Или пак поради акцентот поради кој звучел прекарот во друга верзија.
Едсон поради тоа од мал во школо го закачкале со прекарот Пеле зошто не знаел добро да го изговори.
ЕДНАШ ИМА УДРЕНО ВРСНИК ЗОШТО ГО НАРЕКОЛ ПЕЛЕ
Бразилецот признал многу пати дека тој прекар го нервирал зошто проистекнал од задевање. Се лутел на секој кој така го викал. Во школо еднаш удрил некој соученик кој се дрзнал така да го нарече. Поради тоа два пати го бркале од час.
И тоа како да ги мотивирало другите да го викаат се почесто и почесто Пеле. Бразилецот на крајот се смирил и го прифатил името кое така многу го нервирало.
„Јас сум многу горд што сум крстен Едсон во чест на Томас Едисон. Ми изгледаше дека Пеле звучи ужасно, дека е ѓубре од име. А Едсон дека беше многу посериозно и важно“, раскажал еднаш за Гардијан.
После неколку години Пеле признал дека со тек на време го прифатил прекарот по кој целиот свет го знае како најголема фудбалска легенда на сите времиња. А Едсон не го знаат толку многу како Бразилецот.