Едниот се вика Лео Меси, а другиот Кристијано Роналдо. Имињата им се скроз контра, а презимето исто - Стојановиќ.
Идејата не е нивна, туку на нивните татковци, браќата Стојановиќ кои од што се големи навивачи на Барселона и Реал Мадрид, решиле децата да си ги крстат Лео Меси Стојановиќ и Кристијано Роналдо Стојановиќ.
„Кога сопругата остана трудна одлучив да го крстам син ми Лео Меси, а брат ми за неговиот се реши за Кристијано Роналдо“, вели татко му на Лео Меси, Жељко Стојановиќ.
Нивните деца сега имаа по 9 години и еден ден сакаат да станат Роналдо и Меси, ама во фудбалска смисла. Инаку желба им е да заиграат за Хрватска, а најдраг хрватски репрезентативец им е Лука Модриќ.
Ова значи дека еден ден за селекцијата на Хрватска може да заиграат Кристијано Роналдо и Лео Меси. И тоа заедно.