Сите најголеми рекорди на Пеле во кариерата: хет-трикови, асистенции, голови на Светско

Годината заврши со веста за заминување на еден од најголемите на сите времиња, ако не и најголемиот. Бразилецот Пеле во четвртокот вечер на 29-ти декември се збогува од овој свет. Ќе се паметат сите негови рекорди и остварувања.

Едсон Арантес ду Насименто или скратено Пеле, кралот на фудбалот е прав хегемон со освоени Светски првенства. Тој е лидер со 3 светски злата.

Одиме со ред:

- Врвниот Бразилец е рекордер и по бројот на голови за репрезентација на Бразил, со Нејмар имаат по 77. Актуелната ѕвезда на ПСЖ на штотуку завршеното Светско првенство го стигна Пеле.

- О’Реи или Кралот ден-денес е најмлад освојувач на Мундијал со само 17 години и 249 дена. Најмлад стрелец е на гол на Светско со само 17 години и 239 дена.

- Најдобар стрелец во историјата на славниот Сантос: 643 гола на 659 натпревари.

- Најмногу голови има во една календарска година - 127.

- Најмногу хет-трикови во историјата: 92.

- Пеле е најмлад автор на хет-трик во историјата на Светски првенства со три постигнати гола на еден меч на само 17 години и 244 дена.

- Бразилецот е најмлад фудбалер кој некогаш играл во финале на Светско: 17 години и 249 дена. Воедно е и најмлад автор на гол во финале на Светско првенство со 17 години и 249 дена.

- Пеле е најмладиот играч кој постигнал пет гола во плејоф, нокаут фаза на Светски првенства.

- Прв играч кој давал голови на дури три Светски првенства по ред и прв играч кој дал голови на четири Светски првенства во кариерата.

- Лидер е и по бројот на асистенции на Мундијалите: дури 10! Има на едно Светско првенство 6 асистенции за гол и со тоа е прв на листата, а најдобар асистент е и во финалињата на Светските првенства со три асистенции.

- Пеле е најдобар асистент во плејоф, нокаут фаза на Мундијали - 6 асистенции и е единствен играч кој дал 25 гола до свои 18 години за Бразил!

- Пеле и натаму е рекордер по број на голови за една сезона во првенството на Сао Пауло - дури 58 гола на 38 меча! (во ова државно првенство, покрај Сантос играат и другите најсилни клубови во земјата, Сао Пауло, Коринтијанс и Палмеирас. Пеле има 10 шампионски титули во бразилското првенство Паулиста а 12 пати бил најдобар стрелец)

- Легендарниот Бразилец има најмногу голови на Интерконтиненталниот Куп или денес познато како Светско клупско првенство - 7 погодоци. Уште е единствен автор на хет-трик во Интерконтинентален Куп.

- Пеле има најголем број на голови во кариерата вклучувајќи ги тука и пријателските средби - 1.283 погодоци! Пресметките велат дека 520 од нив биле на пријателски дуели.

- До 2020-та Пеле беше рекордер по број на голови (643) за еден клуб но Лео Меси го постигна 644-от во кариерата за Барселона и го надмина Бразилецот.

- На 17 години на Светско првенство 1958-ма во групна фаза не дал гол но од 1/4 финале растурил: постигнал победнички погодок со Велс, па дал три гола во полуфинале против Франција и два гола во големото финале со Шведска кога светот бил во неверица за неверојатниот талент од Бразил.

На 82 години се одјави големиот Пеле

30 декември 2022 - 09:04